Вториот светски тенисер Јаник Синер го победи Австралиецот Алекс де Минаур во полуфиналето на Завршниот АТП турнир во Торино. Мечот траеше 1 час и 53 минути и заврши со резултат 2-0, по сетови 7:5 и 6:2. Синер сервираше седум аса, не направи двојни грешки и реализираше три од 13 брејк топки. Де Минаур сервираше осум аса, направи две двојни грешки и не материјализираше ниту една од четирите шанси за брејк. Во финалето, 24-годишниот Италијанец ќе ...
Нов спектакл во светот на тенисот. Утре во финалето на Завршниот Мастерс во Торино се среќаваат Карлос Алкараз и Јаник Синер. Фановите на тенисот тоа го очекуваа, тоа и го добија. Најдобриот тенисер во светот во моментов, Карлос Алкараз, се пласираше во финалето на Завршниот Мастерс во Торино. Во полуфиналето, тој го победи Канаѓанецот Феликс Оже-Алијасим со 2:0 во сетови. А во гемови беше 6:2 и 6:4, мечот траеше еден час и 24 минути. На овој ...
Карлос Алкараз го совлада Феликс Оже-Алијасим со 6:2, 6:4 и ќе игра за својот прв трофеј на Завршниот мастерс во Торино. Во финалето негов противник ќе биде Јаник Синер. Канаѓанецот речиси и да немаше начин да му наштети на Алкараз, кој во текот на целиот меч му дозволи само една брејк-шанса. Феликс не ја искористи, додека првиот рекет на светот најголемиот дел од своите прилики ги претвораше во поени. Првиот сет го доби убедливо со 6:2, а ...

