Македонија ЃП – Шкендија 0:1 е исходот од овој меч од 24.коло, на кој шампионот иако не блескаше, сепак успеа да освои големи, три златни бода во битката за титулата. Стрелец на победничкиот гол беше Красниќи во 53.минута. И Шкендија и Македонија ЃП имаа свои шанси за уште некој гол на овој меч, но сепак на крајот може да се каже дека тетовци заслужено победија. Првата шанса на мечот ја имаа гостите, и тоа каква. Се играше 12.минута кога по ...
Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров одиграа рамноправно прво полувреме со фаворитот Шкендија, но не успеаја да постигнат гол во сериозните шанси што успеаја да ги создадат во средината на првиот дел. По почетното испитување на силите, првата шанса за „лавовите“ дојде во 18 минута, кога по десната страна Ајдоган Огузхан успеа да бие, но беше непрецизен. Во следниот напад одбиената топка млако ја зафати Софијаноски, па Шкендија имаше ...

