Американската вселенска агенција НАСА објави детали за роботи-лендери, „скокачки“ дронови и возила што планира да ги испрати на Месечината во рамки на изградба на постојана месечева база. Меѓу компаниите кои ќе учествуваат во развојот на опремата е и „Blue Origin“ на основачот на Amazon, Џеф Безос, јавува BBC News. САД имаат цел да ги вратат астронаутите на Месечината пред крајот на мандатот на претседателот Доналд Трамп во 2028 година, но ...
Кина планира да ја изврши својата прва мисија со екипаж на Месечината пред 2030 година, за време на која двајца од тројца астронаути треба да слетаат на нејзината површина, беше објавено на Седмиот кинески симпозиум за вселенски летови со екипаж, што се одржа во Пекинг во саботата. Ванг Сјанг, заменик-главен дизајнер на кинеската програма за вселенски летови со екипаж и главен дизајнер на програмата за истражување на Месечината, изјави дека ...

