Вечерва се одиграа првите полуфинални дуели во Лига Европа и Конференциската лига, а најголема предност пред реваншот оствари Кристал Палас кој со 3-1 славеше на гости во Краков (Полска) кај украински Шахтар. Англискиот тим поведе после само 21 секунди игра со погодок на Исмаила Сар и тоа е најбрз гол во историјата на Конференциската лига, a втор најбрз во историјата во полуфиналињата или финалињата во еврокуповите. Палас е пред пласман во ...
Нотингем Форест славеше минимално со 1:0 во големото англиско дерби во полуфиналето на Лигата на Европа. Вечерва во еден навистина цврст натпревар, популарните „шумари“ дојдоа до минимална победа благодарение на досудениот пенал во 71. минута од мечот, кој искусниот Крис Вуд успеа да го претвори во гол. Нотингем со минимална предност заминува на иднонеделното гостување на „Вила Парк“ каде ќе се одлучува прашањето за патникот во финалето. Во ...

