По револтот на родителите во двете основни училишта во општините Лозово и Конче, Министерството за образование и наука најавува вонредна контрола во понеделник, по обвинувањата дека ученици неправедно повторувале година, наводно по етничка основа. Од училиштата ги отфрлаат наводите и тврдат дека оценувањето е спроведено согласно пропишаните критериуми и процедури. Министерката Весна Јаневска вели дека институциите нема да се потпираат на ...
Државниот просветен инспекторат ќе изврши вонредна контрола во училиштата во Лозово и Конче, каде што минатата недела, по завршувањето на учебната година, имаше реакциии од родители чии деца, според нив, неоправдано ќе мора да го повторуваат одделението, поради етнички и политички причини. Во Лозово се работи за петмина ученици, од кои еден е од македонска националност, а останатите од турска и албанска националност. Родителот кој јавно ...

