Неколку американски и британски медиуми објавија дека е во тек масовна размена на затвореници меѓу Русија, САД и други земји. Меѓу ослободените е и новинарката на Радио Слободна Европа Алсу Курмашева. „Ги поздравуваме вестите за неизбежното ослободување на Алсу и сме благодарни на американската влада и на сите кои неуморно работеа за да го прекинат нејзиниот неправеден третман од страна на Русија“, изјави претседателот на РСЕ Стивен Капус. Тој ...

По размената, Кремљ прогласи победа, Белата куќа исто така. Не се случува често шефот на руската држава лично да го пречека воздухопловот со руските шпиони, прикриените агенти и атентаторот на федералната служба за безбедност кој во Германија усмрти дисидент од Чеченија. Путин им се заблагодари за лојалноста кон Русија. „Добредојдовте во татковината. За сите кои се во воената служба. Ви се заблагодарувам за лојалноста кон заклетвата, должноста ...

Размена на затвореници на Руската федерација со повеќе земји во светот. На аеродромот Есен Бога во Анкара слета руски авион со странски осуденици, турските безбедносни власти соопштија дека 26 затвореници од Соединетите Американски Држави, Полска, Словенија, Норвешка, Русија, Белорусија и Германија се предмет на размената. Меѓу затворениците се двајца американски новинари, поранешен маринец, но и Иља Јашин, опозицискиот лидер во Русија, ...