Шпанските медиуми снимија два скандалозни моменти по завршувањето на синоќешното Ел Класико од Суперкупот на Шпанија, па многу се пишува и за тие снимки кои предизвикаа внимание. Фудбалерот на Барселона, Фермин Лопес, додека славеше прегрнат со Јамал и Касадо, на навивачите на Реал Мадрид им се обрати со зборови „Пушете го, ајде марш дома!“. Неговиот тимски колега ги „почести“ фановите со покажување на среден прст. Од друга страна, ...

Фудбалерите на Барселона синоќа со 3:2 го совладаа Реал Мадрид и го освоија Суперкупот на Шпанија, а свечената церемонија на доделување на медалите беше обележана со неспортско однесување на Килијан Мбапе. По завршувањето на натпреварот, фудбалерите на Барселона им направија шпалир на играчите на Реал кои заминаа да ги земат своите медали за второто место, а потоа според протоколот требаше да се вратат и да направат шпалир за фудбалерите на ...