ФИФА планира финалето на Светското првенство да го претвори во голем телевизиски спектакл по примерот на американскиот „Супер Боул“. Поради богатиот музички настап, паузата меѓу двете полувремиња би можела да трае од 25 до 30 минути, иако фудбалските правила предвидуваат одмор од најмногу 15 минути. Според информациите објавени од британски „Тајмс“, дополнителното време ќе биде потребно за поставување и отстранување на сцената на теренот. ...
Третпат по ред, Атлетико Мадрид продолжува да го потврдува своето силно присуство на меѓународната сцена, станувајќи клуб со најголема застапеност во финалето на едно светско првенство, овојпат турнирот во 2026 година. Атлети ќе бидат претставени со девет играчи во финалниот натпревар помеѓу Шпанија и Аргентина. Црвено-белите имаат четири играчи во шпанската репрезентација. Тоа се Алекс Баена, Алехандро Грималдо, Маркос Љоренте и Марк Пубил. ...
Дресот што бразилската фудбалска легенда Пеле го носеше во финалето на Светското првенство во 1958 година е официјално продаден за 4,88 милиони долари на онлајн аукција организирана од куќата „Сотебис“. Пеле го носеше овој син дрес со кратки ракави во финалето против Шведска во 1958 година, кога на само 17 години постигна два гола и му ја донесе првата светска титула на Бразил. Наддавањето се одвиваше во периодот од 29 јуни до 16 јули 2026 ...
Големото финале на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина ќе донесе преседан во историјата на мундијалите. За првпат на натпревар за светската титула ќе биде организирано музичко шоу за време на полувремето, поради што паузата меѓу двете полувремиња ќе трае подолго од вообичаените 15 минути. Според информациите на повеќе телевизиски куќи кои ќе го пренесуваат финалето, за поставување на сцената ќе бидат потребни околу седум минути, ...

