Изборната комисија на Општина Брвеница денеска му го предаде Уверението за избор на градоначалник на Јовица Илиевски од ВМРО-ДПМНЕ. На Илиевски ова му е втор мандат како градоначалник на Општината. „Продолжуваме со работа со заеднички сили без поделби, без предрасуди и со исто темпо како во првиот така и во вториот мандат. Започнатите проекти во првиот мандат мислам дека сите ќе ги завршиме во вториот за да докажеме дека Општина Брвеница е ...

Претседателот на Општинската изборна комисија на Карпош (ОИК), Александар Мусалевски, денеска му го врачи Уверението за мандатот на градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и му посака успешна работа во управувањето со локалната самоуправа. Градоначалникот Лукровски им се заблагодари на сите членови на Општинската изборна комисија за добрата работа, а на советниците им го честиташе нивниот избор, при што им посака добро здравје и ...