Поради обилните врнежи од дожд, повторно е активирано свлечиште на патниот правец кон Бањиче, и покрај претходно преземените интервентни мерки. Општина Тетово апелира до граѓаните да не патуваат кон Бањиче сè додека не се подобрат временските услови и не се стабилизира состојбата на терен. Општинските служби се на лице место, активно интервенираат и континуирано ја следат ситуацијата, со цел навремено преземање на дополнителни мерки за ...
Обилните врнежи од дожд и снегот што од синоќа паѓаше во Тетово предизвикаа неколку одрони и свлечишта од земја и камења, кои го блокираа локалниот пат што води од Тетово кон месноста Бањиче и до неколку села во повисокиот дел на Шар Планина. Освен што е затрупан патот и е прекинат сообраќајот на овој патен правец, одроните предизвикаа и штети на инфраструктурата поставена на патот. Најголемото свлечиште од земја и камења настана веднаш над ...
Општина Тетово соопшти дека патот кон месноста Бањиче е расчистен, но потенцира дека како последица на обилните врнежи од дожд, сè уште постои опасност од одрони на земја и камења на одредени места. -Апелираме до граѓаните да се движат со зголемена претпазливост, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да избегнуваат непотребно движење во ризичните зони“, соопшти Општина Тетово. До свлечиште на земја и одронување на делови од карпи и ...

