Познати се составите на Пелистер и Камјани за вечерашниот меч од првото коло на Втората лига, со кој меч се затвара 1. коло кое беше отворено вчера. Пелистер на голот ќе го има Илоски, а во првиот состав се и Ристевски, Грозданоски, Крстевски, Славков, Спировски кој е капитен, Спиркоски, Наумоски, Мирчевски, Капсаров и Христов. Голот на Камјани ќе го чува Рамадани, во дефанзивната линија ќе бидат Трпески и Љамалари, Реџепи и Шакири, потоа ...
Камјани беше блиску до сензација и деби победа во Втората македонска фудбалска лига, откако одигра 1:1 против Пелистер во Битола во фудбалски амбиент во вечерен термин, меч со кој се затвори првата рунда. Дебитантот во второлигашката конкуренција преку искусниот Љупчо Трпески дојде до водство од 0:1 за отварање на резултатот, Охриѓанецот погоди против својот поранешен клуб. Со минимална предност Камјани замина на полувреме. Во вториот дел ...
Уф, за малку! Имено се играше 85.минута кога беше досуден пенал за Пелистер, при резултат 0:1 за Камјани. Одговорноста ја презеде Мирчевски, погоди за 1:1, и со тоа го спаси битолскиот тим од БРУКА, од БЛАМАЖА, од КАТАСТРОФА. Бадијала беа жестоките протести на гостинските играчи, се знае дека во ВМФЛ нема вар. Пелистер – Камјани 1:1 е конечниот исход од вечерашниот меч од 1.коло во ВМФЛ кој се одигра на стадионот “Петар Милошевски“ во ...

