Осумдесет и шестгодишната Љубица Петкоска од Охрид, повеќе од 15 години редовно се вакцинира против сезонски грип. Не памети од кога не била болна, со години немала симптоми на грип и настинки. Вели вакцината и помага и ја штити, но за здрав и долг живот е важна и рекреација, редовни вежби и движење. „Секоја година се вакцинирам. Кај мене има ефект, кај други не знам. Грипот некако слабо, не доаѓа. 86 години имам, секоја година ја примам“, вели ...

Охрид, 10. ноември 2025 (ОХРИДПРЕС) – За една недела, во периодот од 27-ми октомври до 2-ри ноември во Република Македонија се пријавени 94 случаи на групни пријави за заболени од грип – заболувања слични на грип, 67,9% повеќе во споредба со минатата недела се наведува во најновиот извештај на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Од нив 70 лица се на возраст од 15-64 години, 17 лица на возраст над 65 години, 6 деца на возраст од 5-14 години и еден ...