Министерот за здравство Азир Алиу денеска истакна дека креираат матрица на човечки ресурси во здравството, според која, ќе се креираат сите политики од денеска па натаму, што ќе значи дека нема веќе да има отворање конкурс за специјализанти по градови, по желба на институцијата ако тоа не се вклопува со таа матрица на податоци за човечки капацитети. – Нашите податоци ќе бидат дел од анализите заедно со Министерството за образование и наука. ...

Веќе нема да може да се повика министерот на телефон во кое било време, да се нарача специјализација, министерот дециден, таквата практика заврши. Министерот за здравство ги преброја вработените во здравствените установи, направи табели за да има увид каков кадар недостига. Вели, веќе нема да има специјализации по желба, туку за онаа за што има потреба, специјалисти без ангажман нема да седат туку ќе бидат распределени во здравствените ...