По 23 натпревари во најдобрата италијанска фудбалска лига, Пиза официјално објави дека Алберто Џилардино ја напушти клупата. Претходниот тренер на Пиза беше едногласно отпуштен од функцијата тренер, последниот натпревар го имаше во саботата кога на домашен терен претрпе пораз од Сасуоло (1:3). Пиза оваа сезона се бори за опстанок во Серија А, моментно има само една победа, и по 11 нерешени и 11 порази, и е на претпоследното место со 14 бода. ...
Само два дена по смената на Алберто Џилардино, новиот член на Серија А, Пиза, има нов шеф на стручниот штаб. Иако се очекуваше да биде назначен Марко Џампаоло, Пиза избра странец за свој нов тренер. Младиот шведски стручњак Оскар Хијемарк ќе се обиде да обезбеди опстанок со клубот од Тоскана. По 23 кола во шампионатот на Италија, Пиза е деветнаесетта со 14 бода и само една победа. Новиот тренер ќе дебитира в петок на дуелот против Верона. ...

