Ако сака да се надева на директниот опстанок во ПМФЛ, екипата на АП Брера мора да најде начин да победи на гостувњето во Струга (денеска 16 часот). Доколку тоа не го стори, се поизвесно е дека ќе игра бараж, па дури можеби и директно да испадне ако во последните три кола потоа направи уште некој „кикс“. За разлика од нив, Струга ТЛ е сигурна на третата позиција. Има некои минимални шанси и за второто место, но за такво нешто ќе мора да се ...
Екипата на Брера Струмица направи голем подвиг. Тимот успеа да победи на гостувањето кај Струга Трим Лум (0-1) во меч во кој беше во инфериорна улога и сонува за опстанок во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). До крајот на шампионатот има уште три кола, во кои ќе се решава судбината на екипите, а Брера во моментов е на позициите за бараж, на плус шест од зоната која води директно во ВМФЛ. Почетокот на средбата го одбележа повредата на ...
Со погодокот на Леонардо Петровиќ во 88. минута, Брера стигна до минимална, но исклучително важна победа на гостувањето кај Струга (1-0). Со овој триумф, струмичкиот тим ја прекина серијата од четири натпревари без победа и создаде значајна бодовна залиха во однос на конкурентите во долниот дел од табелата. Брера сега има шест бода повеќе од Пелистер и седум повеќе од Работнички, на три кола пред крајот на сезоната. Дополнително, распоредот ...

