По повод 18 Април, Светскиот ден на спомениците и археолошките локалитети, денеска во Гостивар се одржа настан посветен на богатото културно-историско наследство на гостиварскиот регион. Настанот по петти пат го организираше Конзерваторскиот центар од Гостивар, кој преку изложба на фотографии ја доближи својата долгогодишна работа до јавноста. Во автентичниот амбиент пред Беговата куќа, еден од најпрепознатливите симболи на градот и објект ...

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска оствари работна посета на Преспанскиот Регион, при што изврши увид во реализацијата на значајни капитални проекти во областа на културното наследство. Посетата започна во селото Љубојно, каде што е во напредна фаза проектот за реконструкција и адаптација на старото училиште во мултимедијален центар за промоција на македонскиот јазик, инвестиција вредна 20 милиони денари, обезбедени од ...

Ресен, 20 април 2026 (МИА) - Со увид во работите за конзервација, реконструкција и адаптација на објектот на старото училиште во Љубојно во мултимедијален образовен центар за промоција на македонскиот јазик, министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска ја почна посетата на Преспанскиот Регион. - Реализацијата е во напредна фаза и очекувам објектот да биде целосно завршен до крајот на годинава. Со овој проект вреден 20 милиони денари ...

Управата за заштита на културното наследство, орган во состав на Министерството за култура и туризам организира јавна расправа поврзана со предлог – стратегија за заштита и користење на културното наследство. Документот можете да го најдете на следниот линк https://ener.gov.mk/Default.aspx?item=newdocumentdetails&detalisId=137. Расправата ќе се одржи во петок, 24.04.2026 година, во 10:00 часот во просториите на Археолошкиот музеј на ...