Катастрофа на чекор од трагедија. Свлечиштето во строгиот центра на Скопје на улицата “ Христо Смирненски ” е нем сведок на градежниот хаос. Слика на целосна неодговорност. Таблата со ветување за модерна зграда е затрупана со кабли и земја. Потсетува на споменик на загрозена безбедност. Од општини Центар ќе побараат одземање на лиценците на одговорните лица вклучени во изградбата на локацијата на која настана свлечиште во центарот на Скопје. ...
Изречени се најстроги казни и санкции во согласност со Законот за комуналните дејности по појавата свлечиште на булеварот Теодосиј Гологанов, во близина на Католичката црква, откако инспекциските служби вчера и денеска извршиле увид на состојбите и утврдиле непочитување на законските обврски и предизвикување штета врз јавната инфраструктура. – Инспекциските служби на Општина Центар, во координација со Министерството за внатрешни работи, ...

