Околу 140 војници на САД се повредени откако започна војната со Иран. Ова го потврди Пентагон. Седум од повредените се во тешка состојба, а останатите се полесно повредени. Бројот на повредени е објавен откако во текот на викендот, Централната команда на САД објави дека седми американски војник загинал по иранскиот напад врз американските сили во Саудиска Арабија, а шест други војници беа убиени во напад врз оперативен центар во Кувајт. ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека војната со Иран „наскоро ќе заврши“ бидејќи, како што изјави, „практично нема што да се таргетира“. „Кога и да сакам да заврши, ќе заврши“, рече Трамп во петминутно интервју за американскиот „Аксиос“. Американскиот претседател подоцна додаде дека војната „одеше одлично“, објави „Гардијан“. „Војната одеше одлично“, рече Трамп. „Далеку сме пред планираниот распоред. Направивме поголема штета ...

Романија одобри барање од САД за распоредување воен персонал и опрема на нејзината територија, вклучително и во објекти што се релативно блиску до бугарската граница, пренесе „Новините“. Одлуката ја поддржа романскиот парламент по разговори на највисоко политичко ниво во Букурешт. Романскиот претседател Никушор Дан изјави дека распоредувањето се однесува на американски авиони за воздушно полнење гориво, заедно со системи за надзор и опрема ...