СДСМ излезе со нови информации, од каде сметаат дека потекнуваат нападите против раководството на партијата од страна на членовите Јован Деспотовски и Петре Шилегов. „ВМРО најде двајца слаби од нашите редови за ова предавството. Прашањето е зошто? Зошто токму Деспотовски и Шилегов се одбрани за напад врз СДСМ? Кои се причинско последичните факти? Против Јово Деспотовски е поднесена Кривична пријава од Управата за финансиска полиција со ...

Во отсуство на политички резултати, јасна стратегија и кредибилна опозициска алтернатива, СДСМ сè поотворено ја демонстрира својата внатрешна немоќ преку напади кон сопствените редови. Наместо сериозна дебата за причините за изборните порази и драматичниот пад на довербата кај гласачите, раководството избра да удри по сите што јавно се спротивставуваат на политиката што ја води партискиот врв. Реакцијата на СДСМ на критиките од поранешни ...

СДСМ денеска ги обвини поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, и поранешниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски, дека како членови на партијата одработувале за ВМРО-ДПМНЕ, а дури и дека биле координирани со владејачката партија. „ВМРО, Шилегов, Деспотовски, сите користат иста реторика, исти техники од кујните и пораките ги шират преку истите провладини портали“, велат од СДСМ и наведуваат дека јасна била координацијата меѓу нив. ...

По петчасовната дискусија без пауза за извештајот за изборниот резултат и внатре-партиските проблеми, Социјалдемократите задоволни го завршија 31 Конгрес на партијата. Иако се одржа во услови на засилени внатрепартиски тензии и јавни критики кон претседателот Венко Филипче од поранешни партиски функционери, епилогот не донесе никакви турбуленции. Немаше оставки, ниту барања за исклучување од партијата на, како што ги нарече Филипче, ...