Искусниот дефанзивец Дарко Стојанов е ново име во прволигашот Брегалница, ексклузивно дознава Спортска Мрежа, штипјанецот се враќа во дресот на „сините“ и ќе биде еден од носителите на тимот за следната сезона. Стојанов во минатото во неколку беше дел од Брегалница, а сега повторно го облекува синиот дрес. По завршувањето на сезоната, 36-годишниот стопер и Кожуф се разделија, откако заеднички ја исполнија главната цел – обезбедување опстанок ...

Брегалница се активира на трансфер пазарот со цел склопување на екипа за новата сезона, а најново име во редовите на штипските „сини“ е искусниот дефанзивец Дарко Стојанов, кој повторно се враќа во клубот каде во минатото остави силен белег. Триесет и шестгодишниот стопер пристигнува од Кожуф, каде минатата сезона беше еден од најважните играчи во остварувањето на главната цел – обезбедување опстанок во Втората македонска фудбалска лига. ...