Владата може да ѝ ги одземе ингеренциите на градоначалничката Данела Арсовска за ЈСП, а може и интервентно да реагира од државните нафтени резерви со гориво за ЈСП, вели професорот Борче Давитковски. По денешниот колапс на автобускиот превоз седници закажаа и градот Скопје и Владата. Од 600 автобуси во возниот парк на ЈСП и приватните превозници само 40 денеска превезуваат патници. Симона утрово излегла во 7 часот од приградска населба на ...
Професорот на Правниот факултет Борче Давитковски за РСЕ вели дека Владата во овие услови има неколку опции, со кои согласно законот за локална самоуправа може да ги одземе ингеренциите на Градот за јавниот сообраќај. Втората опција е да прогласи вонредна состојба, имајќи го предвид и загадувањето на воздухот, и со тоа автоматски ќе ги преземе ингеренциите и ќе може интервентно да делува. „Во ваква вонредна состојба, може од државните резерви ...