Завршија првите полувремиња од трите попладневни мечеви од 31.коло во ПМФЛ. Вардар на Арената во Скопје има водство од 2:0 против Силекс и тоа со головите на Цветковиќ во 3. и Закариќ од пенал во 17.минута. Познато е дека Вардар чека кикс на Шкендија во Тетово за да попладнево и официјално стане шампион. Сепак во Тетово домашните водат по првото полувреме против Струга ТЛ со 2:1. Красничи од пенал донесе водство за Шкендија во 25.минута. ...

Најтрофејниот македонски клуб Вардар го победи Силекс со 2-1 на Националната Арена „Тодор Проески“, но сѐ уште е за бод далеку од освојување на шампионската титула. Ова затоа што и Шкендија ја совлада Струга Трим Лум со 3-1. Во следното коло, Вардар и гостува на Струга ТЛ, и ако не загуби ќе има шампионско славје. Цветковиќ го отвори резултатот во корист на Вардар уште во третата минута, а Закариќ од пенал зголеми на 2-0 во 17-тата минута. ...

31. коло во Првата македонска фудбалска лига донесе нови возбудувања во трката за титулата и битката за опстанок, а најголем добитник е Вардар, кој по победата над Силекс се доближи на само еден бод од шампионскиот пехар. „Црвено-црните“ на домашен терен славеа со 2:1 против кратовци и направија огромен чекор кон враќање на тронот. Вардар експресно поведе преку Стефан Цветковиќ уште во третата минута, а Горан Закариќ од пенал во 15. минута ...