Комеморација посветена на проф. Д-р Тодор Делиперов денеска се одржа на факултетот за природни и технички науки при УГД во Штип. На истаа присуствуваа претставниците на универзитетот, професори, блиски роднини, пријатели и семејството на Делипеторв, кои со едноминутен молк и длабоки сеќавања одадоа длабока почит на него. Делипетров останува во нивните срца како човек кој оставил големи и значајни дела и во универзитеотот и надвор од него. ...
Факултетот за природни и технички науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)- Штип денеска со комеморативна седница му оддаде почит на проф. д-р Тодор Делипетров, кој почина во почетокот на годината на 75-годишна возраст. Својот работен век професорот Делипетров го помина на Рударско-геолошкиот факултет, чиј наследник е сегашниот Факултет за природни и технички науки. За редовен професор во наставно-научната област применета геофизика бил ...

