Шкотска е голем фаворит за победа против Хаити во меч од првото коло во Ц групата кој започнува во 3 часот наутро по македонско време. Шкотските навивачи се меѓу најпопуларните во светски рамки и тие секаде го следат својот национален тим, па така е и сега. Во Бостон се пристигнати илјадници шкотски фанови кои создаваат одлична атмосфера во центарот на Бостон. Иако добар дел од фановите немаат билети за следење на дуелот против Хаити од ...
Шкотските навивачи уште еднаш потврдија дека важат за едни од најверните и најгласните во светот. Неколку илјади фанови пристигнаа во Бостон во пресрет на натпреварот меѓу Шкотска и Хаити на Светското првенство, а нивното присуство предизвика вистинска еуфорија низ градот. Според локалните медиуми, бројни пабови и барови во центарот на Бостон останале без залихи на пиво поради огромната потрошувачка на шкотските навивачи. Сопствениците на ...
Репрезентациите на Јапонија и Холандија одиграа возбудлив натпревар во Далас како дел од Светското првенство во фудбал, кое заврши со поделба на бодовите (2:2), но главната приказна на денот се случи на трибините по последниот свиреж на судијата. Снимките од навивачите како одат меѓу седиштата со големи кеси и собираат шишиња и обвивки од храна брзо го преплавија интернетот. Во видеото што ФИФА го сподели на официјалниот профил на мрежата X, ...
Шкотска триумфално го започна походот на Светското првенство откако минимално со 1:0 го победи Хаити. Еден гол вреден три бода, но и гол вреден за неколкудневно континуирано славење и пеење на навивачите на Шкотска кои се во Бостон. Неколку илјади членови на популарната навивачка група „Татран Арми“ го „окупираа“ Бостон и постојано се веселат и пеат во чест на Шкотска, а победата над Хаити даде дополнителен мотив расположението да биде на ...

