Фудбалерите на Барселона синоќа на гости го совладаа Атлетико Мадрид со 1-0 и се пласираа во финалето на Купот на шпанскиот крал со вкупни 5-4. Tenemos hambre de títulossss. 🦈🏆 pic.twitter.com/KOT7Iidb3R — Ferran Torres (@FerranTorres20) April 2, 2025 Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Феран Торес во 27. минута, а токму тој на социјалните мрежи откри како и каде фудбалерите на Барселона го прославиле влегувањето во финалето. ...

Мадрид, 3 април 2025 (МИА) - Барселона синоќа на гостински терен со 1:0 го победи Атлетико Мадрид во реванш натпреварот од полуфиналето на Купот на Шпанија. Стрелец на единствениот гол беше Феран Торес во 27. минута по асистенцијата на Ламин Јамал. Првиот натпревар заврши нерешено (4:4), па Барселона се пласираше во финалето. За трофејот каталонскиот тим ќе се бори со Реал Мадрид кој во полуфиналето беше поуспешен од Реал Сосиедад. зс/ Фото: ЕПА ...