Обилните дождови што го погодија италијанскиот регион Фриули во текот на ноќта предизвикаа сериозни последици и доведоа до вонредна состојба на неколку локации. Во градот Брачан, во општина Крмин, недалеку од словенечката граница, масовно свлечиште затрупа и сруши трикатна зграда. Спасувачките екипи успеаја да извлечат едно лице од урнатините, додека потрагата по уште двајца жители сè уште е во тек, објавува порталот 24ur.com. Бројни возила ...
Одамна се вели дека нафтата е ресурс што го напојува светот. Меѓутоа, како што глобалните резерви на нафта се намалуваат, климатските промени се забрзуваат, а сушите стануваат почести, на хоризонтот се појавува нов стратешки ресурс – водата. Земјата е „сина“ планета, но само мал дел од вкупната количина вода е всушност достапна за луѓето да ја пијат. Самиот овој факт сè повеќе го поставува прашањето дали водата ќе стане стока, привилегија или ...
Денеска во Тирана во присуство на голем број Македонци од Албанија, на покана на Македонско здружение “ВМРО-ДПМНЕ Албанија” присуствувавме на отворање на новата канцеларија на ова здружение. Пред присутните ја нагласив и можноста на Македонците во Албанија да имаат свој клуб, можност за здружување, можност слободно да работат на зачувување на својата култура, идентитет, јазик и традиција, можност што ја немаат Македонците во Пиринскиот дел ...

