Италијанскиот гигант Јувентус утревечер има многу важно гостување во Франција, на Монако, во рамките од последното осмо коло во лигашкиот дел од Лигата на шампионите. Старата дама со евентуална победа може да си обезбеди место меѓу најдобрите осум, што би значело и директен пласман во осминафиналето на елитното натпреварување. Во Јувентус всушност се надеваат на нешто многу повеќе од играње во осминафиналето. Има една интересна традиција која ...
Дојде време за средување сметки, за одвојување на житото од плевата. Осмото коло ќе ни даде дефинитивни одговори на прашањата кој ќе оди директно во осминафиналето на Лигата на шампионите, а кој ќе мора тоа да го обезбеди преку плејофот. Ривалите од последното коло, Монако и Јувентус, сигурно ќе завршат во втората група. Торинскиот клуб беше во огромни проблеми, имаше само една победа до ноември, но потоа успеа да собере уште три. Тој го доби ...
Лигашкиот дел од Лигата на шампионите и официјално заврши, па познати се 24-те екипи кои продолжуваат во борбата за трофејот. Марсеј е екипата кој извиси со голот на голманот на Бенфика и заврши на 25-тата позиција, а тоа најверојатно ќе значи и отказ за тренерот Роберто де Зерби. Француските медиуми пренесуваат дека тој воопшто не отпатувал со екипата на подготовките пред првенствениот меч против Париз и во моментов во тек се преговорите ...
Со ждрепка денеска напладне во седиштето на Европската фудбалска унија (УЕФА) во Нион се дознаа плејоф двојките за осминафиналето во Лигата на шампионите. Актуелниот европски шампион ПСЖ кој го заврши лигашкиот дел на 11. место, во плејофот ќе игра против Монако, па така Франција сигурно ќе има свој претставник во осминафиналето, а таму ќе се соочи со Барселона или со Челси. Првите натпревари од плејофот за осминафиналето ќе се играат на 17 ...

