Вечерва од 21 часот на Светското првенство ќе играат Катар и Швајцарија, а една интересна информација се појави поврзана со катарските навивачи. Фановите на Катар кои престојуваат во Сан Франциско биле обврзани да присуствуваат на навивачкиот марш пред натпреварот и тоа затоа што тие се платени да навиваат. Информациите од катарките медиуми велат дека Катарската фудбалска асоцијација и државниот Фонд за општествен и спортски придонес (DAAM) ...
После првото полувреме на стадионот во Санта Клара фудбалската репрезентација на Швајцарија води со 1:0 против селекцијата на Катар на Светското првенство во рамките од првото коло во групата Б. Катарците можеа да постигнат гол веќе после две минути игра, Едмилсон излезе сам пред швајцарскиот голман кој одлично реагираше и не дозволи да биде затресена неговата мрежа. Нешто подоцна дојде и првата шанса на Швајцарија преку Ндоје, но неговиот ...
Прва сензација на Светското првенство! Катар го освои својот прв мундијалски бод во Сан Франциско откако ремизира против Швајцарија (1-1), иако ја имаше улогата на аутсајдер и беше во подредена улога во текот на целиот натпревар. Во натпревар кој долго време изгледаше како сигурна победа за Швајцарците, Катар успеа да приреди големо изненадување и со гол во судиското продолжение да стигне до вреден бод на стартот од турнирот. Катар можеше ...
Репрезентацијата на Катар ја шокираше Швајцарија со гол во 95. минута, обезбедувајќи реми и голем бод на својата премиера на СП 2026. Фаворитот на вечерашниот натпревар рано дојде до предност, односно уште во 17. минута Емболо реализираше пенал, кој Швајцарците го добија по стартот на противничкиот голман над Фројлер. Европската селекција во продолжение не реализираше повеќе шанси, Катар до крајот неколку пати се обиде да се закани, но ...

