Скопје, 4 февруари 2026 Имајќи ја предвид тешката економска положба на работниците, намалениот животен стандард и барањата на синдикатите, СДСМ поднесе закон за зголемување на минималната плата на 600 евра. И наместо да ги покачи платите на работниците и да обезбеди пари, ВМРО тргна во медиумски напади врз СДСМ, а потоа и врз синдикатите, рече денеска членката на Извршниот одбор на СДСМ Симона Цветаноски на прес-конференција, што МИА ја ...

Вторпат го поднесуваме законот за минимална плата од 600 евра бидејќи тоа се темели на реалните потреби на работниците и во услови кога цените неконтролирано растат, а синдикалната кошничка надминува 66.000 денари – изјави денеска на прес-конференција претседателот на СДСМ, Венко Филипче. – Барањето што го слушнавме на протестот на Сојузот на синдикатите за минималната плата е сосема на место, соодветно, и се темели на реалните потреби на ...

Не може да се планираат пари само за луксузирање, за патување, а да нема пари за основните потреби на работниците, нагласи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, на која што го презентираше начинот како од Буџетот да се обезбедат средства за повисока минимална плата. Филипче посочи дека пари за 600 евра минимална плата има ако се скрати луксузот на власта. „Не може да има ...