Охрид, 18. декември 2025 (ОХРИДПРЕС) – Добитник на наградата „Григор Прличев“ за најдобра поема за 2025 година е авторот или авторката на поемата „Темна кутија“, пријавена под шифра „Јас, малиот Тој“, информираат од Центарот за култура „Григор Прличев“ од Охрид. Одлуката едногласно ја донесе комисија во состав Славе Ѓорго Димоски – претседател и Зоран Анчевски и Андреј Ал Асади како членови. – Од вкупно 9 пристигнати ракописи, 7 ги исполнуваа ...
Поемата „Темна кутија“ на авторот под шифра „Јас, малиот Тој“ е избрана за најдобра на отворениот конкурс за наградата за најдобра поема што традиционално се доделува во чест на охридскиот и македонски поет и преродбеник Григор Прличев. Жири-комисијата за избор на најдобрата поема во образложението наведува дека поемата „Темна кутија“ е најконзистентна од одспеаните трудови и отскокнува со поетски елементи, ја следи логиката на наративот од ...

