Се спрема нова измена на Правилникот за урбанистичко планирање, каде се додава уште една категорија на „објекти од државно значење“. Минатиот месец беа хотели, сега се супермаркети, реагираат од организацијата „О2 Иницијатива“. „Најдобро нека го укинат Правилникот за урбанистичко планирање и нека си гради кој што сака каде сака“, иронично коментираат од „О2 Иницијатива“, повикувајќи утре на стручна расправа која ќе се одржи во Министерството ...

Супермаркети, хипермаркети и други големи маркети ќе станат објекти од државно значење, според нова измена на Правилникот за урбанистичко планирање што ја прави Министерството за транспорт и врски, само еден месец по измената со која хотелите станаа објекти од државно значење. Со измените во Правилникот се предвидува постапките за урбанизација за изградба на супермаркети и хипермаркети со површини над 5.000 метри квадратни да се одвиваат ...

По хотелите и супермаркетите ќе делат ист урбанистички статус како болниците и државните хидроцентрали – на хартија тие ќе станат „објекти од државно значење“. Поминаа пет недели од последната измена на правилникот за урбанистичко планирање со која градби за чување и складирање енергија како и хотелите поголеми од илјада метри квадратни се третираат како објекти од државно значење. Со новите измени на правилникот за урбанистичко планирање е ...