Италијанскиот калчолигаш Јувентус испратил понуда до Кристал палас за евентуално ангажирање на Жан-Филип Матета овој месец, пренесува „Скај Италија“. Понудата изнесува 35 милиони евра, но според информациите, таа не ги задоволува Англичаните, кои бараат меѓу 55 и 60 милиони. Лучано Спалети лично дал зелено светло за трансферот на напаѓачот, чии квалитети многу ги цени. Јувентус бара долгорочна замена за Душан Влаховиќ, кој сигурно ќе го ...

Јувентус одржа состанок со претставниците на напаѓачот на Кристал палас, Жан-Филип Матета, објави Фабрицио Романо. Разговорите меѓу италијанскиот фудбалски клуб и францускиот репрезентативецц беа позитивни, се додава во извештајот. Матета не сака да го продолжи договорот со „орлите“, кој важи до летото 2027 година, и сака да се пресели во друг клуб. „Старата дама“ би можела да му понуди на Кристал палас позајмица со опција за откуп. Дали ќе ...

Премиерлигашот Кристал Палас ја отфрли понудата на Јувентус за трансфер на францускиот напаѓач Жан-Филип Матета (28), јавија денеска италијанските медиуми. Јувентус понуди два милиони евра за шестмесечна позајмица и 28 милиони за откуп на договорот на крајот од сезоната, при што откупот е задолжителен доколку италијанскиот клуб обезбеди најмалку пласман во Лига Европа. Медиумите наведуваат дека Кристал Палас е повеќе заинтересиран за продажба ...