Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ е првиот градоначалник на Штип кој добива втор мандат на локални избори, потврдувајќи го уште во првиот круг. Јорданов е осми штипски градоначалник во независна Македонија. Иако резултатите не се официјално соопштени, Јорданов врз основа на големата разлика во гласови ја прослави победата на Градскиот плоштад во Штип заедно со своите соработници, членови на неговата партија и голем број граѓани. „Разликата во гласови ...

Со освоен втор мандат, Иван Јорданов останува на чело на Општина Штип, а граѓаните, според анкетите, со големи очекувања и поддршка ја дочекуваат неговата следна фаза од работењето. Тие велат, ако досега се гледаше разлика, сега очекуваат уште поголем напредок, особено во делот на инвестициите, инфраструктурата и грижата за секојдневниот живот. Со поддршка и позитивни реакции, тие му дадоа втор мандат на Иван Јорданов, за уште поголеми промени ...

Штип, 19 октомври 2025 (МИА) - Иван Јорданов е старо-новиот градоначалник на Општина Штип. Вечерва само по час и половина од затварањето на 80.Избирачките места прогласи победа и со членовите, симпатизерите на ВМРО ДПМНЕ и граѓаните на Штип славеше на Градскиот плоштад „Слобода“. Јорданов се заблагодари на граѓаните на Штип, кои мирно, достоинствено и на демократски начин го дадоа својот глас на осмите по ред Локални избори. -Морам да истакнам ...

„Морам да истакнам дека огромната поддршка која ја добивме со некаде од околу 80% од гласачите кои излегоа на овие избори е една огромна одговорност, но исто така и легитимитет за сите проекти, коишто ги работиме во овој момент и за продолжување на развојот на нашиот град. Согласно добиените резултати од избирачките места, верувајте поддршката е огромна и верувам дека тој сооднос ќе се движи некаде 5:1 или 6:1 до крајот на броењето на овие ...