Кризната состојба и епидемијата во Гостивар, забрана за употреба на водата за пиење во Крушево, концентрацијата на арсен во водата во Валандово и извештај за небезбедна вода за пиење во Болницата за белодробни заболувања во село Лешок, го отвори прашањето каде затаи системот и дали воопшто постои комуникација меѓу надлежните институции за навремено информирање на граѓаните во интерес на нивното здравје. Во однос на проблемот во Гостивар и во ...

Случајот со небезбедната вода во Лешок повторно го отвори прашањето за координацијата меѓу институциите задолжени за заштита на јавното здравје. Агенцијата за храна и ветеринарство тврди дека сè уште не го добила извештајот од Центарот за јавно здравје Тетово, без кој не може да постапува на терен. Каде настанал застојот и дали системот навреме реагира кога е загрозено здравјето на граѓаните? Интервју со Мартин Јошески од Агенцијата за храна ...

Водата во Општина Гостивар може да се користи како техничка вода, односно може да се користи за бањање и за сите останати потреби во рамки на домаќинството, но не и за пиење. Сè уште ги немаме потврдено согласностите и уверенијата дека водата може да се користи за пиење, ниту пак за подготвување на храна, рече денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тошковски е раководител на Управувачкиот комитет за координација и управување ...

Институциите во Гостивар молчеа пет дена додека граѓаните масовно бараа лекарска помош, а Центарот за јавно здравје во Гостивар само три дена пред да се открие дека водата содржи фекалии доставил извештај дека таа е безбедна за пиење. Илегално поставени пумпи вбризгувале вода со колиформни бактерии во водоводниот систем од 26 јуни до 16 јули. Две недели подоцна, водата сè уште нема статус безбедна за пиење, а прашањето за одговорноста ...