Автор: Бобан Илијевски Неодамна Првиот Вицепремиер Артан Груби рече дека измените на Законот за работни односи нема да паднат на Уставен суд. Ја читам неговата изјава и се прашувам: „Како може еден човек кој е на висока функција да си дозволи да даде ваква изјава?“ Но после ми текна дека во Македонија стана „нормално“ функционери да се мешаат во работата на судско – обвинителските органи. Груби не е првиот што дава ваква изјава, а по се изгледа ...

Од Владата соопштија дека „КОСТАЛ Македонија“ ќе реализира трет инвестициски циклус во земјава вреден скоро 50 милиони евра. Се работи за нов инвестициски проект на „КОСТАЛ Македонија“ во Охрид за производство на полначи за електрични и хибридни возила, кој што ќе се реализира во периодот јули 2023 – декември 2026 година во вкупна вредност од речиси 50 милиони евра. Заедно со претходните две фази, вкупните реализирани инвестиции на компанијата ...

Заменикот на претсетседателот на Владата задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, се обрати на панел-дискусијата на билатералниот форум на тинк-тенк организации од Северна Македонија и Шпанија на тема „Размислување и работење заедно“, организиран од Институтот „Преспа“. Вицепремиерот Битиќи истакна дека земјата е влезена во период на постпандемиско економско закрепнување, но ризиците и неизвесностите сè уште тука во однос на синџирите на ...

Пет часа железничкиот сообраќај денеска беше во прекин откако вработените во РЕ Одржување – работилница во подружницата Влеча на возови при ЖРСМ Транспорт од 8 до 13 часот престанаа да ги извршуваат работните задачи, односно не ги поправаа и не ги прегледуваа машините и како такви тие не можае да бидат вклучени во сообраќај. Тие ја прекинаа работата во знак на револт што навреме не им беше исплатена априлската плата. Согласно со договорот со ...

Министерот за здравство Фатмир Меџити во изјава за новинарите ја потврди веста која ексклузивно ја објави МКД.мк – дека го разрешил од директорската позиција во Државна кардиохирургија проф.д-р Сашко Јовев, кој ги предводеше тимовите кои ги извршија првите трансплантации на срце во Македонија. Меџити очекувал од Јовев извештај за сработеното. Според министерот позицијата директор на државната Кардиохирургија била на СДСМ, но и дека ќе има друг ...

Рударите од рудниците за јаглен во Федерацијата Босна и Херцеговина денеска организираа предупредувачки штрајк, незадоволни од доцнењето на исплатата на платите, најавувајќи генерален штрајк и протести доколку не се исполнат нивните барања. Работата во вкупно шест рудници беше прекината еден час, а рударите се одлучија на овој облик на протест за да се солидаризираат со колегите од рудникот „Зеница“ кои штрајкуваат од 25 мај. Тие штрајкуваа ...

Министерот за здравство Фатмир Меџити кажа дека не потпишал вработување во болницата во Штип на сопругата и балдазата на министерот за транспорт и врски Благој Бочварски. Бочварски од Државната комисија за спречување на корупција (ДКСМ) е казнет со 150 евра затоа што не пријавил дека за време на неговиот мандат во болницата во Штип се вработиле неговата сопруга и нејзината сестра. Бочварски веќе ги платил 150-те евра. Претходно опозицијата ...

Триесет и две текстилни работнички добија обештетување во вкупен износ од 42.000 евра од два странски брендови, бидејќи беа избркани од конфекцијата во којашто работеа, не добија отпремнини, К-15, а една бремена жена не го оствари своето право на платено породилно отсуство, истакна на денешната прес-конференција Кристина Ампева од „Гласен Текстилец“. Забележа дека ова е прв ваков случај во земјата, но и на Балканот. – На наше огромно ...

Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) Ејуп Рустеми гарантира изградба на 110-те најавени километри автопат на коридорите 8 и 10д за четири години и седум месеци, со новиот концепт и за проектирање и градба предвиден во Договорот со конзорциумот „Бехтел и Енка“. На новинарско прашање, Рустеми денеска потсети дека е променет моделот за изградба на патиштата поради повеќегодишното траење на изградбата на клучни ...

РКЕ ги објави новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 29.05.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 80,00 ден/лит, додека малопродажната ...

Патничкиот и товарниот железнички сообраќај во државава од изутринава е во прекин откако вработените во РЕ одржување – работилница во подружницата влеча на возови при ЖРСМ Транспорт, прекинаа со извршување на работните задачи за одржување на локомотивите и патничките гарнитури поради неисплатена плата за април. Од РЕ Одржување за МИА информираа дека прекинот на сообраќајот стартувал со возот 7011/0506 предвиден со возниот ред во 09:30 часот на ...

Најголемата просечна плата исплатена во поранешните земји на СФРЈ во март оваа година била во Словенија, во износ од 1.423,75 евра, а најмала во Македонија – 568 евра. Просечната нето плата во март во Србија изнесувала 729 евра. Во споредба со истиот месец претходната година, просечната нето плата во март 2023 година, номинално пораснала за 14.5 %, но реално е намалена за 1.5 %. Во однос на март 2022 година, најголем реален раст на платата е ...

Во првиот квартал од годинава има 1.832 новоотворени компании, а од нив 277 имаат странски сопственик. Но, бидејќи една компанија може да има и повеќе сопственици, податоците покажуваат дека во овие 277 компании, всушност, имало 346 сопственици кои се странци. Значи, од новоотворените компании, лани 15,1 % се со странски сопственици, покажува анализата на порталот Пари во соработка со БизнисМрежа.мк. Ова е поголем процент од оној во 2022 година, ...

Многу бизнисмени долго време ме прашуваат која е појдовната точка за излез од сегашната состојба. Анкетите кои ги спроведовме во повеќе од 300 компании и разговорите што ги имавме со повеќе од 100тина значајни личности од бизнисот и науката недвосмислено потврдуваат дека почетната точка треба да биде Декларацијата за општествен консензус што Комората минатата година ја усвои на 100 годишнината од своето постоење. Ако таа е потпишана од преку 300 ...

Недостатокот од наставен кадар во основните и средните училишта е резултат на намалениот број студенти на одредени факултети, но и на незаинтересираноста на дипломираните млади луѓе да се занимаваат со оваа професија. Не ретко се случува одреден предмет да го предава наставник со несоодветно образование, што во догледно време ќе продуцира целосно нарушување на образовниот систем. „Прстот на чело“, пред се, треба да си го стави Министерството за ...

Доцни исплатата на породилните отсуства, боледувања и грижата за туѓа нега. Мајките на социјалните мрежи реагираат – 2 месеци државата ги остави без пари за пелени и млеко. Институциите пак си ја префрлаат одговорноста, иако официјален став нема ни од финансии, ни од Фондот за здравство. Едните велат – парите треба да ги пушти Трезорот во министерството, а од финансии враќаат – во трезор не стојат налози. Штом стигнат, почнува исплатата. Каде е ...

Вработените во Македонски Железници Транспорт веќе втор месец немаат земено плата, односно се’ уште не им е исплатена априлската плата, а веќе е доспеана платата за месец мај. Платите подолг временскиот период се исплаќаат со доцнење со што ги ставаат вработените во тешка финансиска положба. Партизацијата на јавното претпријатие доведе тоа постојано да е во долгови, а очигледно и новиот директор од Алијанса за Албанците – Зуљхајрат Демири нема ...

Бобан Илијевски Во Европа, па и во светот, се повеќе земји се одлучуваат да го намалат работното време, од сегашните 40 на 32 часа, односно воведуваат четиридневна работна недела. Дел од нив пак, како на пр. Белгија, им овозможуваат на вработените да работат четири дена по 38 часа. И Евро-комесарот за вработување и социјални права, Николас Шмит посочи дека е за намалување на работното време на целата територија на Европската унија, потенцирајќи ...

Во Македонија има вкупно 9,5 илјади слободни работни места во првото тримесечје од оваа година, објави државна Статистика, а во истиот период лани имало 8700 непополнети работни места. Најмногу работници недостигаат во преработувачката индустрија, трговијата на големо и мало, градежништвото. Пелагонискиот Регион има највисока стапка на слободни работни места, 2,93%, односно таму во првото тримесечје од оваа гоина непополнети останале 1.527 ...

Вработувањето во САД благо забрза во мај и беше во согласност со просекот во претходните 12 месеци, објави во петокот Министерството за труд. Во мај беа отворени 339 илјади нето нови работни места во најголемата светска економија, по ревидираните 294 илјади во април. Новите податоци покажуваат дека во март и април се отворени 93.000 работни места повеќе отколку што покажуваа претходните проценки на министерството. Податоците за мај се во ...

Во секторот трговија на мало во Хрватска, просечната нето плата минатата година изнесуваше 6.269 куни (832 евра), а повеќето од водечките трговски синџири беа над просекот. Лидл го зазеде првото место со просечна плата од 11.557 куни (1.534 евра), туркајќи го долгогодишниот лидер dm. Минатата година просечната плата во Лидл скокна за 20,3 отсто, што значително ја надмина стапката на инфлација, додека просечната за вработените во ДМ се зголеми на ...

Ако работите во Германија правилото е јасно – што поголема саатнина, помалку морате да работите. Истиот принцип важи и за мини работите, односно „mini jobs“. Лицата кои работат мини работи најчесто имаат минимална саатнина. На пример, ако сакате да работите како келнерка или келнер, можете да очекувате саатнина од 12 евра, без бакшиш. Значи, за да заработите 520 евра месечнo, морате да работите 43 часа месечно. Затоа е подобро да се најде работа ...

Побарувачката за работници во Германија во мај падна дванаесетти месец по ред. Индексот BA-X, кој ја следи побарувачката на работна сила, се намали за два поени на 122, објави државната агенција за вработување. Вредноста на индексот е за 17 поени пониска во однос на истиот месец претходната година, кога достигна рекордно ниво. Индексот BA-X се базира на податоци за слободни работни места регистрирани во институтот. Референтната вредност е просек ...

Производителот на гуми „Goodyear“ планира големо намалување на работните места во фабриката Фулда, потврди компанијата. Приближно 550 од 1.150 работни места треба да бидат отстранети, пренесува магазинот „Феникс“. Сепак, намалувањето на бројот на работни места не значи дека ќе престане да се произведува марката гуми „Фулда“. Како точно ќе се укинат 550-те вработувања, допрва треба да се разјасни со синдикатите. Повеќе од 1.000 работни места веќе ...

Потрагата по сезонска работна сила е повеќе од значајна во Црна Гора и Хрватска, а целиот Медитеран оваа година, како што се проценува, може да биде во неволја, како поради односот помеѓу понудата и побарувачката, така и поради високите плати кои се проблем за работодавците. Според проценките на туристичкиот сектор, само во Хрватска ќе има недостиг од околу 60.000 сезонски туристи. А според Вечерњи лист платите никогаш не биле повисоки. На ...

Ако човек сака да биде саркастичен ќе каже дека се што е убаво кратко трае, па така веќе и замрзнатите макарони на Ковачевски кои ги прикажуваше како голем економски и социјален успех на владата ќе имаат одмрзнати цени. Со други зборови оваа “купи ден- помини влада“ на ДУИ и СДС, носи краткорочни мерки за справувањето со ценовниот шок. Но што да се очекува од владини функционери со 78 % повисоки плати, кои немаат абер да ги намалат во оваа ...

Шпанскиот закон за сексуално и репродуктивно здравје, кој го вклучува правото на жените на менструално отсуство, денеска стапи на сила. Предлог-законот беше одобрен во парламентот во февруари. Министерката за еднаквост Ирене Монтеро тогаш рече дека тоа е „историски ден за унапредување на правата на жените“. Оттогаш, усвоени се некои амандмани за да се олесни пристапот до абортус и промена на полот. Менструалното отсуство не е вообичаена ...

Услугите на даночните советници во Германија ги користат речиси сите, било да се работи за пресметка на данок или советување за започнување бизнис. Но, она што многумина ги фасцинира е нивото на заработка од оваа работа во првата економија на Европа. Во сложениот свет на даноци, улогата на овие експерти е клучна, а нивната работа е многу покомплексна отколку што делува на прв поглед. Даночните советници не се само експерти за даночни прашања – ...

Подготвил: Бобан Илијевски Европската унија треба да „турка“ кон воведување четиридневна работна недела, особено во секторите каде има недостиг на работна сила. Ова, во интервју за португалската новинска агенција Lusa, го изјавил Европскиот Комесар за вработување и социјални права, Николас Шмит. „Мислам дека тоа е нешто кое прогресивно се движи напред, бидејќи новите генерации имаат одредена визија за балансот помеѓу работата и приватниот ...

Со оглед на тоа што повеќето земји ги укинаа ограничувањата наметнати од пандемијата далечинското работење сè уште е во пораст, преселувањето во странство, во друг град или од земја до земја, секако изгледа како одлична идеја за оние кои сакаат да патуваат низ светот додека сè уште ги задржуваат своите работни места. Концептот, кој неодамна се здоби со голема популарност, е концептот на дигитална номадска култура, што е токму онака како што ...

Скопје

4ᴼ/4ᴼ
2.06
93%
1022

Белград

3ᴼ/3ᴼ
2.06
89%
1025

Софија

5ᴼ/4ᴼ
6.17
85%
1023

Сараево

5ᴼ/5ᴼ
2.44
82%
1025

Љубљана

3ᴼ/2ᴼ
0.51
90%
1026

Атина

13ᴼ/11ᴼ
2.24
79%
1019

Тирана

8ᴼ/8ᴼ
1.03
81%
1015

Подгорица

7ᴼ/7ᴼ
0.0
81%
1017
Currency

61.535

Currency

58.6718

Currency

74.219

Currency

37.6145

Currency

41.5516

Currency

66.1598

Currency

8.05243

Currency

0.55699

Currency

0.3888

Currency

0.52617

Currency

1.68282

Currency

0.6904

Алуминиум

2 $

Иридиум

147106 $

Кобалт

486 $

Никел

507727 $

Рутениум

15048 $

Калај

28 $

Сребро

997 $

Злато

85135 $

Бакар

8 $

Паладиум

30675 $

Платина

30508 $

Родиум

147106 $

Цинк

99249 $