Американскиот претседател Џо Бајден соопшти дека го помилувал својот најмлад син Хантер (54) кој го очекуваше изрекувањето на казната – за нелегално поседување огнено оружје и за прикривање данок. Во изјавата за американската јавност Бајден има речено дека – „ниту едно разумно лице кое ги гледа фактите во случајот на Хантер, не може да дојде до друг заклучок, освен до оној дека Хантер е издвоен и е создаден само затоа што тој е мој син, а тоа е ...

Федералната влада на БиХ соопшти дека ја зголемува минималната плата на вработениите во земјата – од сегашните 300 на околу 600 евра. Ваквата одлука е дел од фискалната реформа што се спроведува во БиХ, па со новата законска регулатива – работодавачите се ослободуват од плаќање на дел од придонесите. На овој начин творците на реформата најавуваат силно придвижување на економијата, но и „задушување„ на црниот пазар. Спречување на егзодусот Покрај ...

Република Северна Македонија како општество е екстремно поделена. Станува збор за процес на поделби кој започна со осамостојувањето на државата, а го осмисли националистичката партија ВМРО-ДПМНЕ, во своите ери на владеење, доведувајќи до екстремност во времето на апсолутистичкото владеење на бегалецот од правдата – Груевски. Националистите форсираат поделби Почетокот на поделбите кај македонскиот народ беше инициран со тезата за „патриоти и ...

Американските избори и одлуката на гласачите да му дадат мандат на еден поранешен претседател, веќе длабоко возрасниот Доналд Трамп, продолжуваат да ги интересираат светските медиуми. Сега веќе не само поради избраниот републикански десничар, каков, инаку, досега немало во Белата куќа, туку и по шареното, контроверзно друштво на луѓе- што ги поставува за министри и функционери на администрацијата. Антиваксер – министер за здравство Така, на ...

Коннтроверзниот грчки политичар Андонис Самарас (73), поранешен министер за надворешни работи и премиер, е исклучен од партијата Неа демократиа, чиј лидер беше во еден период. Ваквата одлука била донесена затоа што ги критикувал сите одлуки на владата во Атина, за односите со Турција. По втор пат во судир со владата Самарас во една прилика има побарано од премиерот Мицотакис да го смени шефот на дипломатијата , затоа што (наводно) постојано им ...

Пратениците на германската СПД (Социјал-демократска партија) , на еден внатрешен партиски состанок со големо мнозинство се изјасниле – нивни кандидат за канцелар, на предвремените парламентарни избори во Германија, да биде Борис Писториус, сега министер за одбрана, наместо актуелниот лидер и канцелар Олаф Шолц. Според неделникот „Шпигел“ ваквото (неофицијално) решение е донесено врз основа на сегашнот низок рејтинг на партијата и на самиот Шолц. ...

Национализмот во Србија продолжува да се одржува, потхранувајќи ја присутната фрустрациајата во српското општеството. Било да е врзана за исполнувањето на договорот за Косово, со нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, било за да се храни уверувањето дека- „Србија од секогаш е жртва на разните историски неправди“, бидејќи не и се дозволува да биде голема и доминантна во регионот. Таквата атмосфера е создадена уште во времето на ...

Над дваесет илјади луѓе ( велат дека тоа е досега најмасовен протест во Нови Сад) излегоа на улиците на административиот центар на Војводина, за да ја изразат жалоста за смрта на 14 лица, врз кои се урна настрешницата од штотуку обновената железничка станица. Но и гневни на власта во Србија која гради скапи јавни објекти, без или со наместени тендери, без потребната експертиза, без добивање употребна дозвола, или што ќе рече – без потребните ...

Изборите во САД се американски- Американците избираат претседател за себе. Но од почетокот на шеесетите години на 20 век, од времето на Џон Кенеди, изборите во Америка станаа и глобална политичка тема. Меѓу другото и поради големата улога на САД како предводник на слободниот, демократски свет, во тоа време на Студената војна. Затоа и претсдетелските избори оваа година , станаа прашање со кое се занимаваа политичарите од Далечниот Исток, преку ...

Британската конзервативна партија, која 14 години беше на власт, а на изборите во јули годинава доживеа тежок пораз, избра нов лидер. Тоа е Кеми Баденок (44) која на тоа место го замени поразениот Риши Сунак и ја презеде функцијата лидер на опозицијата. Баденок е првата африканка која застанува на челото на најстарата британска партија. Таа е родена во Лондон , но по потекло е од Нигерија, од каде се нејзините родители и во оваа африканска земја ...

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп (78) – најстариот поранешен, жив претседател на САД- постар од него е само стогодишниот Џими Картер- е првиот кој одново се кандидира за да се врати во Белата куќа. Воден од инаетот и своето уверување дека пред четири години, инаку уверливо поразен од Џо Бајден, тој победил на изборите и дека неговата наводна „победа“ му била открадната- од демократите. Во финишот на годинешнава изборна ...

Повеќе од 30 години по бурниот и крвав распад на поранешната сојузна држава Југославија, носталгијата кон неа и натаму е силна во сите нејзини поранешни републики, сега независни држави- открива истажувањето на Галуп. Според добиените сознанија за расположението на луѓето, сега, после три децении излегува дека голем дел од нив оценува дека со распадаот на поранешната заедничка, сојузна држава им донел повеќе штета, отколку корист. „Распадот на ...

До крајот на оваа година Црна Гора може да затвори дури четири поглавја од нејзиниот преговарачки процес за влез во ЕУ и затоа треба да биде горда, со своите постигнувања на европскиот пат- има речено претседателката на Европската комисија (ЕК) Урсула фон дер Лајен, за време на посетата на Подгорица. И додека во Северна Македонија, по мајските парламентарни избори – вмровците и нивните сојузници – се горди со своето антиевропејство, со блокадите ...

Поранешниот премиер Бојко Борисов и неговата десно-центристичка партија ГЕРБ освоија најмногу гласови на предвремените- седми по ред парламентарни избори во Бугарија- за нешто повеќе од три години- освојувајќи 25 отсто од гласовите. Нивниот главен противник, партијата ПП/ДБ (Продолжуваме со промените/Демократска Бугарија) доби речиси десет отсто помала подршка, додека како трета партија, овој пат, е ултрадесничарската, тврдо националистичка ...

Владата на Северна Македонија е против зголемувањето на минималната плата во државата, иако таа и натаму е најниска во регионот на Западен Балкан. За вмровско-бранковистичката влада, излегува дека не се важни мислењата и барањата на синдикатот, ниту пак мислењата и препораките на експертите за тоа дека РСМ мора сериозно да се позанимава со корекции кај просечниот минималец. Атрактивно и во регионот Пред се, затоа што токму тоа е важно за ...

Како се приближува гласањето на американските претседателски избори, во добар дел од американската демократска јавност постои верувањето дека доколку Доналд Трамп, навистина, одново стане претседател на САД, овој пат ќе настојува да наметне лична диктатура. Ваквото стравување се поткрепува со неговото однесување во текот на првиот претседателски мандат, а посебно со неговото нескриемо воодушевување со светските деспоти и авторитарни лидери и ...

Контроверзниот американски милијардер Илон Маск, инаку голем пријател и политички подржувач на Доналд Трамп, подарува по еден милион долари, секој ден, на случајно избрани, но регистрирани гласачи, кои се уште се немаат определено за кого ќе гласаат на претседателските избори во САД, следниот месец. Победнкот се определува меѓу оние кои претходно ја имаат потпишано – како што се објаснува- проуставната петиција на проМаск предизборната кампањска ...

Алис Вајдел е лидерка на партијата АфД (Алтернатива за Германија), која не ја сокрива својата блискост со нео-нацизмот, продавајќи им ја својата мрачна идеологија на Германците, како алтернатива и решение за сегашната состојба во германското општество. Истата Вајдел, меѓутоа, во приватниот живот е типчен либерал од повисоката средна класа и го прави сето она што партијата, која ја предводи, им го прикажува на лугето како – зло против кое ...

Британскиот крал Чарлс изјави дека Австралија може да биде република, наместо устава монархија доколку тоа го сакаат и за тоа се определат Австралијанците. Изјавата е дадена пред неговиот сегашен престој во оваа земја-континент и пред посетата на пацифичкиот остров Самоа, каде треба да се оджи Самит на лидерите на британскиот Комонвелт. Уште пред да замине од Лондон, кралската Бакингамска палата соопшти дека има разменето писма со австралиското ...

Република Албанија ги започна преговорите за полноправно членство и за влез во ЕУ, откако на првата меѓувладина конференција во Луксембург го отвори првиот преговарачки кластер- за основните права. На тој начин, оваа балканска земја, која пред 25 годни беше на работ од целосен распад, четврт век подоцна, сега целосно стабилизирана и формално го започна процесот за целосно интегрирање во Европската Унија. Влијание на агресијата врз Украина Првиот ...

„Проширувањто на ЕУ останува приоритет и на унгарското претседателство, но Унијата мора да се насочи само на Србија, пред сите другите“- има речено Виктор Орбан во својата елаборација на активностите на Будимпешта до крајот на оваа година, до кога трае шестмесечното претседавање на Унгарија со ЕУ. Таквата унгарска позиција, за забрзано форсираење на српското членство во Унијата, доаѓа во време на продолжена политичка и општествена криза во ...

Поранешниот прв министер на Шкотска и лидер на сепаратистичката Шкотска национална партија (СНП), Алекс Салмонд, ненадејно почина во Охрид, во Северна Македонија, каде престојуваше на меѓународниот форум за културата на дипломатијата. Салмонд починал за време на ручекот во хотелот каде престојувал. Имаше 69 години. Според лекарските екипи, овој шкотски и британски политичар починал од силен срцев удар. Во овој заклучок верува и британската ...

Годишнината од колеж0т што го извршија палестинските терористи на Хамас, на 7 октомври минатата година, во еден не предизвикан напад врз југот на Израел, помина во израелската јавност со тагување и болка за околу 15оо-те убиени цивили- млади жени, мајки и деца , како и стари луѓе врз кои терористите се изживувале. Но, помина и во атмосфера на се уште неугасената надеж за ослободување на преостанатите грабнати заложници- за кои се верува дека се ...

Една година по бруталниот терористички напад на палестинските терористи врз југот на Израел, од 7 октомври минатата година, што тогаш со ништо не беше предизвикан, државата се најде во војна со Хамас. Таа се уште не е завршена, иако отпорот на палестинските терористи во и околу Газа сега е прилично пригушен. Во време додека израелската војска ги привршуваше операциите во појасот, иако (засега) не успеа да ги ослободи преостанатите живи израелски ...

На последните парламентарни избори во Австрија, најмногу гласови освои Слободарската партија (ФПО) на Херберт Кикл, партијата која ја имаат формирано австриските неонацисти. Оваа антимигрантска, расистичка и тврдо антиисламска партија освои 29,2 отсто од гласовите, пред досега владеачката Народна партија (ОВП) која доби 26,5 отсто и австриските социјалдемократи со освоени 21 отсто од гласовите. Покрај поразената десно-центристичка ОВП, на ...

Шефот на делегацијата на ЕУ во Тирана изјави дека коридорот 8 е „врвен приоритет на Унијата во регионот на Западен Балкан“. Евроамбасадорот во Албанија Силвио Гонзато, на средба со новинари од неколку угледни европски медиуми има зборувано за забрзаното вклучување на регионот и земјите кандидати за влез во ЕУ. Во тие рамки ја споменал и инвестиционата активност на Унијата, со зајмови и грантови за овие држави- за позабрзан развој и за спремноста ...

Додека новата власт во Северна Македонија го гоштева Виктор Орбан, кого инаку го примаат само во Русија и Кина, и во Србија, во Охрид, каде престојува, унгарскиот премиер им ја донесе на домаќините веста дека – ја предложил само Албанија од земјите кандидати- за отворање на преговарачкиот процес , за влез во ЕУ. Орбан и Унгарија претседаваат со Европскиот совет на ЕУ во кој се лидерите на сите 27 земји членки, до крајот на оваа година, според ...

Една „срешта“ , врзана за гостувањето на операта на НОБ од Скопје во Софија, заврши во парам-парчиња, поради злоупотребата што ја направија вмровските политичари од новата власт, што (сега е сосема видливо) им беше потребна за нивните популистички цели. Прво, инсистирајќи за – „скандал на бугарските домаќини“- обвинувајќи ја Софија дека сето тоа било намерно направено. А, потоа, дејствувајќи спротивно од најавената „културна дипломатија“ – ...

Десетина денови по „филмската операција“ во Бејрут- кога експлодираа стотина пејџери во ист момент, а следниот ден и уште толку воки-токи апарати, сите врзани за припадници на либанскиот „Хезболах“, никој се уште се нема огласено за тоа кој стои зад една ваква саботажа. Милитантната, шиитска и проиранска организација, стационирана на либанска територија, потоа Иран како нејзин создавач и подржувач (политички и воено), како и Либан, од почетокот ...

Во време кога милитантната, исламистичка и шиитска организација Хезболах ги брои жртвите од серијата експлозии на (некогаш) популарните апарати за комуникација- пејџери- што го погодија Бејрут- заканувајќи се со одмазда кон Израел -паралелно, трае и потрагата за тоа кој и како му ги има продадено и доставено овие направи на Хезболах. Истрагата тргна од снимката на еден експлодиран пејџер, на која се гледа ознаката на тајванската електронска ...

Ин мемориам

23 минути - Тера

Скопје

6ᴼ/6ᴼ
1.03
81%
1018

Белград

5ᴼ/4ᴼ
1.54
80%
1020

Софија

4ᴼ/3ᴼ
3.6
86%
1019

Сараево

5ᴼ/5ᴼ
1.81
76%
1021

Љубљана

2ᴼ/2ᴼ
2.57
87%
1021

Атина

13ᴼ/11ᴼ
3.09
82%
1018

Тирана

7ᴼ/7ᴼ
2.57
76%
1016

Подгорица

8ᴼ/8ᴼ
1.03
76%
1017
Currency

61.525

Currency

58.5228

Currency

74.044

Currency

37.8808

Currency

41.6155

Currency

66.1096

Currency

8.02089

Currency

0.54808

Currency

0.39279

Currency

0.5254

Currency

1.68161

Currency

0.68986

Алуминиум

2 $

Иридиум

147106 $

Кобалт

486 $

Никел

499807 $

Рутениум

15048 $

Калај

28 $

Сребро

989 $

Злато

84946 $

Бакар

8 $

Паладиум

31093 $

Платина

30358 $

Родиум

147106 $

Цинк

99207 $