Алексеј Навални е во затвор, осуден на вкупно 19 години затвор- за наводен „екстремизам“, откако врз него беше извршен обид за атентат (со агенсот Новичок), затоа што ја провали раширената корупција во врвот на руската власт. Но, иако сега казната ја издржува во затвор, во далечниот, суров и студен Арктик, неговиот истражувачки тим продолжува да работи, на разобличувањето на системот на клептократијата, врз која се потпира власта во Русија. Во ...
Зетот на Виктор Орбан има купено дури 11 големи деловни згради во Белград. Според локалните медиуми не може да се открие за која цена и колку пари Иштван Гиборц морало да оддели за една ваква зделка, но тврдат дека станува збор за најголемата зделка во ваквиот бизнис, не само во Србија, туку и во регионот. Ова веднаш покрена цела низа прашања во Белград и во Будимпешта, за обемот на големата српско-унгарска дружба која не е само политичка, туку ...
Брисел нема -формално- да и ја затвори вратата Србија за влез во ЕУ, но можно е тој процес да биде одложен, или дополнително забавен-пишуваат белградски медиуми повикувајќи се на европски дипломатски извори. Станува збор за реакција на изјавата на европратеникот од Словенија Клемен Грошељ за тоа дека „постои реална можност, вратата на ЕУ за проширување со земјите од Западен Балкан, да се затвори за Србија- и тоа мошне брзо“. Грошељ беше шеф на ...
Премиерот во Франција ја нема моќта и значењето што го имаат претседателите на владите во најголемиот број земји во светот. Во француската политичка пракса, премиеррот е повеќе како „техничко лице“ во системот на власта во државата, отколку политичко, иако станува збор за втората по важност позиција во француската политика. Тоа е така, затоа што претседателот на државата ја води владата и управува со земјата, во домашната и во надворешната ...
Полската полиција , во вторникот, упадна во претседателската палата во Варшава , за да уапси двајца пратеници од партијата Права и Праведност, која доскоро беше на власт,инаку обајцата обвинети за злоупотреба на службената должност. Полицијата тргна во потрага по нив, за да бидат уапсени, откако не ги најде на нивните домашни адреси, затоа што во тој момент биле во претседателската палата, каде се покажа дека се криеле од властите. Станува збор ...
Доналд Трамп како претседател на САД има примано пари од странци, преку својата компанија- пред се од Кинезите и од Саудијците- иако американскиот Устав тоа го забранува- открива извештај на демократите во Конгресот , заглавен како – „Белата куќа се продава“. Во извештајот на 160 страници се вели дека во текот на својот четиригодишен мандат Трамп има примено пари од 20 различни странски тела, во износ од осум милиони долари. Спорно е тоа што ...
Врховниот суд на Словенија ја отфрли како неоснована жалбата на Јанез Јанша, лидер на словенечата партија СДС и поранешен совенечки премиер , на првостепената пресуда , според која беше прогласен за виновен за навредување на две словенечки новинарки. Првостепениот суд го осуди Јанша на три месеци затвор, што веднаш беше заменето со условна казна, како и со 500 евра и плаќање на сите трошоци , што ги имале на двете тужителки, за овој случај. ...
На преминот од старата во новата година, Западен Балкан- за прв пат досега- е соочен со една нова ситуација, кога станува збор за долгогодишните амбиции да биде дел од ЕУ. И политички и економски да биде дел од Европа, каде и единствено може да припаѓа- бидејќи и географски и историски и културолошки му припаѓа на Стариот континент. За прв пат овој (инаку) турбулентен регион не е повеќе во чекалницата на Европската унија, туку е на нејзината ...
Авионот Ербас А340 со околу 300 патници и членови на екипажот, што во четвртокот беше присилно задржан во Франција, под сомнение дека се користи за шверц на луѓе , во вторникот слета во Индија, на аеродромот во Мумбај. Во авионот, сопственост на малата романска чартер компанија „Легенд Ервејс“, сите патници биле индиски државјани кои како гастарбајтери работеле и престојувале во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Леталото било изнајмено за лет ...
Десетина денови по вонредните парламентарни и локални избори, Србија и Белград продожуваат да живеатв во услови на политичка криза, која секојдневно изгледа дека се продлабочува, после гневната реакција на опозицијата, но и на гражаните непартиски врзани, за нефер и недемократски организираните и нерегуларни избори. Тоа посебно се однесува на Белград каде опозициниерите имаат силни докази за- како што велат- бројни нерегуларности и манипулации, ...
Рудолф ( Руди) Џулијани, американски адвокат, поранешен градоначалник на Њујорк и советник и адвокат на Доналд Трамп, за Американците банкротира како правник и човек кога ги подржа неосновните и не докажани тврдење дека претседателските избори во САД, во 2020 година, биле наместени. Сега, три години од тогаш, банкротиртира и финансиски. Самиот го објави своето финансиско пропаѓање откривајќи дека за тоа има поднесено барање до судот за ...
Само еден ден по последните предвремени парламентарни избори во Србија, што се одржаа само неполни две години по претходните, земјата влезе во уште поголема политичка криза, не чекајќи ги конечните резултати од гласањето. Секоја вечер, белграѓани се на улците , собрани пред зградата на Републичката изборна комисија (РИК) нездоволни што комисијата ги има соопштено резултатите од изборите, онака како што претходно ги објави претседателот на ...
Една британска парламентарка, член на Горниот дом на Парламентот, призна дека во повеќе наврати ја излажала домашната јавност, негирајќи дека е директно поврзама со компанијата која добила вносен бизнис од британската влада за набавка на заштитни маски и на специјална заштитна облека, во време на борбата против пандемијата со корона вирусот. Пратеничката Мишел Моан сега тврди дека „погрешила многу“ што негирала дека нема никаква врски со ...
Вкупно 27 лица се обвинети за припадност и за подршка на терористичката , ултрадесничарска организација „Рајхсбургер“ ( Граѓани на Рајхот) – за велепредавство и за подготвување насилен државен удар во Германија. Според германските власти, станува збор за апсење и подигнување обвинувања за припадници на една крајно десничарска, милитантна организација, блиска на неонацизмот, која планирала пуч, за уривање на власта и на сегашниот уставен поредок ...
Владата на Велика Британија одлучи – практично- да им забрани на најголемиот број британски државјани да се мажат, или да се женат со државјани на странски земји. Ваквата крајно контроверзна одлука , означена како дел од пакетот антимиграциски мерки, веднаш предизвика бранување меѓу активистите од разните агенции и групи за човекови права, кои ја означуваат како -„жртвување на основното право кое им припаѓа на луѓето- да си одберат во кого ќе се ...
Германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок изјави дека во Европа, во членство на ЕУ, не може да се влезе , седејќи на две столчиња. Пораката е пред се упатена до Србија и до српскиот државен врв, но таа може да се однесува и до сите земји од Западен Балкан, затоа што е дадена во текот на анализата околу можностите на земјите од регионот да се најдат во Унијата. Проширувањето е геостратешки неопходно Според Бербок, Германија и ...
Владимир Путин соопшти дека ќе се кандидира за претседател на Русија и таа вест, инаку, соопштена патем- како одговор на прашање на еден од поранешните сепаратистички воени команданти во украинската област Донецк – никого не изненадува. Ниту во неговата земја, а уште помалку во странство. На средба во Москва , со воени ветерани од војната против Украина, Путин во одговорот на прашањето, има речено дека – „немал друг избор освен да се кандидира“, ...
Децата на рускиот олигарх Роман Абрамович имаат пасоши на Литванија- соопшти министерството за внатрешни работи на оваа балтичка држава, потврдувајќи ги на тој начин откритијата на една локална новинска, истражувачка агенција. Според сознанијата на оваа агенција , најмалку две од децата на олигархот – мошне близок човек на Владимир Путин- се литвански државјани. Станува збор за земја која е еден од најострите критичари на власта во Москва и на ...
Подршката на војната во руската јавност забрзано се намалува и сега веќе е на рекордно ниско ниво , во изминатите 20 месеци од почетокот на инвазијата врз Украина- покажува истражувањето на една независна руска агенција. Бројот на Русите кои кои целосно ја подржуваат војната е преполовен, спореден со феруари оваа година. Анкетата открива дека оние кои сакаат мир, сега се далеку побројни од оние кои заговараат продолжување со агресијата врз ...
Сергеј Лавров престојуваше во Скопје, во Северна Македонија- првата земја членка на НАТО што рускиот министер за надворешни работи ја посетува, по инвазијата врз Украина од пред 20 месеци. Не престојуваше во гости, туку за да учествува на конференцијата на Министерскиот совет на ОБСЕ. Самиот престој на територијта на Алијансата, предизвика коментари , најмногу околу тоа дали овој „дипломат на војната“ требаше да се поканува , за да учествува во ...
Студениот и арогантен Сергеј Лавров кој во Скопје, на годишната министерска конференција на ОБСЕ, настојуваше да им покаже на сите другите дека нему и на негивата земја никој ништо не им може , односно дека Русија ќе продолжи да дејствува против мирот и безбедноиста во Европа, само во еден момент ја загуби контролата врз нервите- кога грубо реагираше кон другите министри- барајќи да го остават на мир. Во моментот кога во своето излагање ...
Американскиот дипломат, факултетски професор, политички консултант и автор на повеќе публицистички дела, Хенри Кисинџер почина во својот дом во сојузната држава Конектикат. Имаше 100 години. Кисинџер беше и политичар, како државен секретар на САД и политиколог, но и советник за национална безбедност во Белата куќа, работејќи во администрациите на претседателите Ричард Никсон и потоа и на Џералд Форд. За својот придонес во завршувањето на ...
Новата влада на Нов Зеланд , веднаш по преземањето на власта, објави дека нема да воведе (целосна) забрана за пушењето, како што тоа го најави претходниот владин кабинет на Јасинда Аренд. Ваквиот изненадувачки потег се објаснува со потребите на сегашната влада од дополнителни пари за да може да го финансира планираното намалување на даноците, што таа го најави уште во текот на предизборната кампања како своја главна мерка за покренување на ...
Британскиот премиер Риши Сунак не се сретна со грчкиот премиер Киријакос Мицотакис , кој престојува во Лондон, иако средбата беше најавена за вторникот (28 ноември) напладне, во Даунинг стрит 10. Немаше средба затоа што беше откажана во последен момент-во „пет минути до 12“- од британската страна. Станува збор за гест крајно невообичаен за обично дипломатски одмерените Британци и за случај каков одамна не е регистриран, посебно во ...
Главниот град на Република Ирска, полека ги лечи „раните“ од нападот со нож во центарот на Даблин, во кој беа повредени пет лица, од кои три се деца. Едно од нив велат се уште се наоѓа во критична состојба. Но, и од ултра-десничарските немири што толпа расисти, хулигани и насилници, потикнати од крајно десничарската идеологија, ги предизвикаа обвинувајќи ги за нападот со нож- имигрантите и странците во оваа островска држава. Полицијата објави ...
Михаил Касјанов, првиот премиер на Владимир Путин откако во 2000 година беше избран за претседател на Русија, a кој подоцна стана опозиционер и критичар на рускиот режим, е ставен на листата на министерството за правда како – „странски агент“. Во соопштението од Москва се вели дека Касјанов (наводно) се вклучил во ширењето на пораки и материјали на (други) странски агенти во руската јавнист. Односно, дека на тој начин- „ширел лажни информации за ...
Новоизбраниот претседател на Аргентина Хавиер Милеј најавува дека Аргентина „одново ќе биде голема“ – копирајќи ги популистичките пораки на Доналд Трамп и на екс претседателот на Бразил Жаир Болсонаро- ветувајќи притоа дека ќе воспостави ред во земјата. Во кампањата за изборите тврдеше дека Аргентина била прва сила во светот (што никогаш не била), а дека сега е рангирана дури на 120 место (што не е точно), покажувајќи дека кога треба да се ...
Со наредба од Кремљ, на окупираните територии во Украина, руските власти спроведуваат насилна русифизација на Украинците- присилувајќи ги да земат руски пасош и да прифатат дека се руски државјани. Украинците кои одбиваат да го сторат тоа, или одолговлекуваат да прифатат дека не се украински државјани , остануваат без здравствена заштита, а им се забранува и патувањето од едно место во друго. Казнена мерка која, инаку, се применуваше во времето ...
Контроверзниот план на британските конзервативци- мигрантите кои илегално се влезени во Велика Британија (главно преку каналот Ламанш), да се дислоцираат во далечната Руанда и таму да чекаат разврска за нивната апликација за азил- продолжува да ја бранува домашната, но и европската јавност, откако британскиот Врховен суд ја отфрли жалбата на владата во Лондон. Според едногласната пресуда на највисокиот британски суд, билатералниот договор меѓу ...
Поранешниот британски премиер Дејвид Камерон направи неочекувано враќање во политиката на Обединетото кралство, откако прифати и експресно беше именуван за нов шеф на британскиот Форин Офис. Не се памети, во изминатите децении, еден бивш премиер на земјата, да станал министер во владата во Лондон и тоа после една широка реконструкција на владата, каква што сега направи актуелниот премиер Риши Сунак. Особено откако Камерон, после неколку месеци ...