Едвард Џозеф, професор на универзитетот „Џонс Хопкинс“ во Вашингтон и добар познавач на балканските состојби, каде едно време има и работено, ги критикува САД и Западот дека се „премногу попустливи и толерантни кон Александар Вучиќ“. Во разговор за белградската ТВ „Н-1“, Џозеф тврди дека Американците делуваат „заштитнички“ кон српскиот претседател, споменувајќи го притоа пристапот на САД кон ископувањето литиум, што се претвори во длабоко ...
Словенечкиот дипломат Марта Кос е новиот комесар на Европската комисија (ЕК), задолжена за проширување на ЕУ и за источното соседство на Унијата. Таа ќе треба да работи на проширувањето на ЕУ, пред се, со земјите од Западен Балкан кои како да сакаат да се приклучат на Унијата, но самите ( најчесто) не прават ништо за исполнување на условите за влез во елитното европско семејство од 27 земји-членки. Кос исто така ќе дејствува и во подршката на ...
Претседателката на Северна Македонија беше во Софија, во соседна Бугарија, во рамките на гостувањето на ансамблот на Националната опера и балет (НУБ) од Скопје на сцената на софиската опера. И тоа е добро, не само како модел за некаква „културна дипломатија“ туку и како обид ( без разлика од чија страна е покренат) за некакво „топење“ на длабоко замрзнатите македонско-бугарски односи. За што и Софија, а и Скопје- низ делувањето на доскора ...
Официјална Будимпешта испраќа панични апели кон ЕУ и Брисел за да не и се укине „правото“ – добиено од Европската комисија на Унијата- за користење на руската нафта ( и гас) и покрај воведените санкции на Унијата кон Русија, поради бруталната и непровоцирана инвазија врз Украина. Унгарскиот шеф на дипломатијата Петер Сијарто, еден од најлојалните послушници на Виктор Орбан, има изјавено дека доколку се направи тоа- без руската нафта -„Унгарија и ...
Граѓанската парница што се води во судот во Њујорк, во која роднините на жртвите во терористичките напади од 11 септември 2001 година, ја тужат владата на Саудиска Арабија за соучесништво во нападите, одново ги покрена старите сомнежи, присутни во делови од американскат јавност. Прво, за тоа дали воопшто биле инволвирани Саудијците и ако биле- кои делови и колку од режимот во Ријад биле замешани во најголемиот терористички напад извршен досега, ...
Нов Зеланд одамна се третира како некаква „ветена земја“ за подобро и побогато живеење. Иако сместена на „крајот од светот“ оваа островска држава беше ( и се уште е ) магнет за заминување и на луѓето од Балканот, вклучувајќи ги и Македонците. Но, последниве години, жителите на Нов Зеланд, па и оние кои од некаде во светот, се преселиле таму, масовно заминуваат од земјата. Се иселуваат- најчесто трајно- поради високите трошоци за живеење и ...
Вербалниот деликт, како престап, во поранешна СФРЈ беше уреден со закон, но денешна Србија- земја која барем формално претендира за влез во ЕУ и се декларира како демократска- овој остаток од времето на едноумието, останува целосно нејасен. Прашањето на вербалниот деликт се отвори, откако стана јасно дека државата и нејзината тајна служба, имаат направено списоци на – неподобни лица- врз чија основа граничната полиција (може, доколку сака) да ...
Францускиот претседател Емануел Макрон го именува ветеранот во француската политика Мишел Барније за нов премиер на Франција. Неговото именување доаѓа безмалку два месеци после вонредните парламентарни избори на кои ниту една партија од трите блока- на новата француска левица, на макроновите центристи и крајната десница- не успеаја да обезбедат доволно јасно мнозинство во новиот состав на Парламентот, за да може од него претседателот да именува ...
САД воведоа санкции за раководството и уредничкиот врв на кремљовскиот медиум РТ, доскоро познат како Раша Тудеј, пропагандистичка телевизија на рускиот режим, откако беше откриено дека овој медиум се меша во американските претседателски избори. Санкции се воведени за шестмина функционери и уредници на РТ, меѓу кои е и Маргарита Симонијан, еден од водечките пропагандисти на Владимир Путин и на власта во Русија, која е позната и како и силен ...
Х.Р. Макмастер, советник за национална безбедност на Доналд Трамп, тврди дека Владимир Путин лесно манипулирал со поранешниот претседател на САД, користејќи го трамповото его, самобендисаноста и неговата несигурност. Во својата книга- „Во војна со самите себе“- моето време во Белата куќа со Трамп“ Макмастер, пензиониран генерал на американската армија, тврди дека манипулацијата била толку силна што бившиот претседател „одбивал да прифати било ...
Осум години веќе, неамерикански фабрики – со содржина наменета за Американците- на Фејсбук – создаваат ЛАЖНИ американски страници, полнејќи ги со лажни вести- пишува угледното списание „Форбс“, потсетувајќи дека во денешно време , при креирањето на лагите, им помага вештачката интелигенција (АИ). Ова списание има откриено 67 вакви лажни страници, кои се прикажуваат како да се американски, иако тие се создаваат и се полнат со лажни вести надвор ...
Основачот и директор на „Телеграм“ – шифрирана апликација за размена на пораки- Павел Дуров , кој беше уапсен од француските власти врз основа на цела низа серозни кривични дела, за кои се водела претходна истрага, не е повеќе во притвор. Парискиотр суд, меѓутоа, не го ослободи, иако за него се уште нема обвинување. Тој не смее да ја напушти Франција, мора два пати во неделата да се јавува во полицијата, да плати пет милиони евра (како ...
Павел Дуров (39) основач на „Телеграм“- апликација за размена на шифрирани пораки- беше уапсен во Франција , веднаш по слетувањето на неговиот приватен авион на аеродромот Бурже, во околината на Париз. Француските власти објавија дека апсењето и задржувањето во притвор , било извршено врз основа на уште на почетокот од јули покренатата истрага, во која се наведени цела низа сериозни кривични дела. Станува збор за тоа дека оваа платформа се ...
Независниот претседателски кандидат Роберт Ф. Кенеди- Јуниор соопшти дека ја суспендирал својата кампања за американските претседателски избори, закажани за почетокот од ноември, како и тоа дека ќе ја подржи кандидтурата на републиканскиот кандидат Доналд Трамп. Кенеди (70) кој најголемиот дел од својот (политички) живот го има поминато како цврсто определен демократ кој уште потекнува и од моќната политичка династија Кенеди, сите силно ...
Вилијам Барнс, директорот на американската ЦИА, неколку денови, во неделата што изминува, сосема неочекувано, престојуваше на Балканот. Среде лето, во време на годишните одмори во земјите во регионот, првиот човек на најмоќната разузнавачка агенција, имаше средби и разговори во Сараево и во Белград, како и во Приштина. Но, се тврди дека бил и во Скопје и во Софија, иако за тоа нема никаква потврда, како што нема ниту демант- било од македонска, ...
Канарските острови и Барселона ја покренаа своевидната антитуристички „грозница“, п0 што се приклучија и другите градови во Шпанија, а и во Португалија- за спротивставување на преголемиот број странски туристи. Посебно гневни на порталите на интернет кои нудат посредување при изнаоѓањето (поевтино) сместување од она во хотелите. Тие толку се развија што станаа силна конкуренција на хотелите и на туристичките агенции, нудејќи им заработувачка и ...
Една студија на ЕУ предвидува дека во наредните години Европејците на летување и одмор, наместо на југот од Европа, би можеле да одат на северот- во Скандинавија. Ваквото префрлање на туристите се смета дека би можело да се случи како последица на климатските промени, па од таму и навестувањето дека летен одмор во скандинавските земји, би можело да стане нов туристички тренд. На глечер наместо на плажа Германско Дојче Веле пишува на оваа тема, ...
Климатските промени имаат своја најнова жртва, а тоа е Панамски канал, еден од најзначајните поморски патишта во светот. Долготрајната суша и отсуството на врнежи, предизвика овој 110 години стар канал , низ кои минуваат танкерите кои го пренесуваат американскиот течен гас (ЛНГ), како и бродовите со латиноамериканските земјоделски производи, да западне во сериозна криза со водата, што ги натера властите на Панама да ја ограничат пловидбата. ...
Извесен Блерим Рамадани , кого српските власти го имаат ставено на меѓународна потерница за тоа дека бил припадник на поранешната ОВК (Ослободителна војска на Косово) пред 25 години и дека тогаш има извршено „злосторства“ , беше искористен за патриотските игри на Србија , Косово и Северна Македонија- потребни за домашни политичко-пропагандни потреби. Пограничните власти го притворија Рамадани, на граничниот премин Јажинце (меѓу Косово и РСМ), по ...
Европските медиуми им посветуваат внимание на најновите случувања во Србија, поврзани со ископувањето литиум, прикажувајќи ги како ново српско востание. Властите и српскиот претседател вадењето литиум, го нудат како да е безмалку покренувач на идниот развој на земјата. За противниците на ископувањето, пак, овој проект на компанијата „Рио Тинто“ во западна Србија, претставува голема еколошка закана која може да го загади тој дел од земјата. ...
Претседателот на Украина Викидимир Зеленски потврди дека војската на неговата држава војува и на руска територија, во реонот на пограничната област Курск, како и дека веќе има под своја контрола има 74 локалитети. Станува збор за сосема нова ситуација во војната, откако во февруари 2022 година , Русија изврши инвазија врз Украина, а потоа окупира 20 отсто од источните делови на земјата, кои илегално ги анектира, прогласувајќи ги како „руска ...
Политичката криза во која подолго време се наоѓа Србија, посебно по експлозијата на народниот гнев, како реакција на грубиот изборен грабеж на последните парламентарни и локални избори, сега добива нови димензии. Особено откако стана јасно дека власта на Александар Вучиќ е цврсто решена да опстои на контроверзниот проект „Јадар“- ископување на литиумот кој се претвори во стратешки метал, неопхпдена за батериите за автомобилите на струја. ...
Бангладеш е првата земја во светот која за (привремен) премиер постави еден добитник на Нобеловата награда. Станува збор за Мухамад Јунус кој во четвртокот беше именуван за премиер на преодната влада, до новите, предвремемни парламентарни избори. На функцијата беше поставен три дена, после бурните случувања во оваа азиска, муслиманска земја , предизвикани од крвавата пресметка на специјалните полициски сили со демонстрантите- студенти, во кои ...
Една цела недела, Британија, а пред се, Англија беа зафатени од насилнички протести на крајната десница и на англиските националисти и расисти. Четириесетина полицајци беа потешко и полесно повредени, а над 300 насилници беа уапсени. Во текот на дивеењето во Сандерленд, Бристол, Хал, Стоук, Болтон и Блекпул, но и во Ливерпул, Манчестер и Лондон, беа напаѓани џамии, беа запалени продавници на муслимани, како и автомобили по улиците. Снимки од ...
Некогаш тоа беше контролниот пункт „Чарли“ во поделениот Берлин. Подоцна, во годините на Студената војна и на поделена Европа, раземата на затвореници-дисиденти, или двојни шпиони, меѓу Истокот и Западот, се извршуваше во Виена, или во Хелсинки. Во денешно време, после руската инвазија на Украина, ваквите размени- кога воопшто ги има – се извршуваат во Турција, единствената дестинација каде руските авиони може да слетаат, покрај Обединетите ...
Првите проценки на состојбите во британските јавни финансии покажуваат дека државата е без пари, што ќе рече дека нема доволно пари за покривање на јавните финансии. Вака тврдат британски медиуми повикувјќи се на новата влада на лабуристите која, се проценува дека ја користи актуелната состојба за да се обвини доскорешната влада на конзервативците дека има оставено „црна дупка“ во буџетот. Односно, дека таа успеала да создаден кусок од 20 ...
Масуд Пазекшијан е именуван за нов претседател на Иран, откако победи после двата круга од изборите. Потврда и благослов прими од врховниот лидер на земјата, ајатолахот Хаменеи, по што што Пазекшијан и официјално стана деветиот ирански претседател од победата на исламската револуција пред повеќе од 40 години. Церемонијата на прогласувањето беше извршена во главната џамија во Техеран. Кардиохирург и политичар Новиот претседател се смета за умерен ...
„Постои таен плн на Русија (за Западен Балкан) според кој треба да се подели независна Црна Гора, при што најголемиот дел би и припаднал на Србија, а пет општини би биле префрлени во Албанија – открива црногорскиот угледен писател и претседател на Друштвото на независни писатели Милорад Поповиќ, во разговор што го објавува загрепскиот весник „Јутарњи лист“. Поповиќ кој по обидот за атентат врз него, речиси една деценија има жвеено во Хрватска, ...
Актуелниот американски претседател Џозеф (Џо) Бајден одлучи да се повлече од изборната трка за Белата куќа, за изборите во САД, во ноември оваа година. Тоа го објави во соопштение преку Инстаграм, од својта приватна куќа во сојузната држава Делавер, каде се наоѓа во карантин, заразен со корона вирусот. А, тоа знчи дека нема да има повторување на двобојот со Доналд Трамп, како во 2020 година, што демократот Бајден уверливо го доби, освојувајќи ...
Во својот ознат арогантен и фалбаџиски манир на остарен мачо-мен, Доналд Трамп не чекаше многу за да ја омаловажи Камала Харис, како негов директен конкурент во трката за Белата куќа. Набргу по соопштението на американскиот преседател Џо Бајден дека се откажува од борбата за втор мандат, како шеф на државата и по објавата дека тој ја подржва потпретседателката Камала Харис, за кандидат на демократите за изборите, Трамп изјавил дека сега му е ...