Владата во Варшава соопшти дека ја запрела испораката на (старо советско) оружје за Украина, продлабочувајќи го на тој начин неогласувањето со Киев околу украинското жито. Ваквата одлука доаѓа непосредно по решението на Европската комисија ( иа на целата ЕУ) со исклучок на орбанова Унгарија и Полска- до го продолжи увозот на жито од Украина, до крајот на оваа година. Во владиното соопштение уште било речено дека наместо да и се помага на ...
Средоземно море веќе неколку денови постојано на брегот исфрла тела на загинатите жители на градот Дерна , во североисточна Либија, покажувајќи го на тој начин катастрофалниот обем на големата несреќа што ја погоди оваа северноафриканска земја, во неделата вечерта, по моќното торнадо и уривањето на двете заштитни брани , што требаше да го обезбедуваат градот од вакви непогоди. Според градоначалникот на Дерна, бројот на жртвите би можел да ...
Италијанската премиерка Џорџа Мелони го има известено кинескиот премиер Ли Чијанг дека Италија се повлекува од контоверзната кинеска економско-финансиска развојна иницијатива „Belt and Road” (BRI). Италијанските медиуми откриваат дека владата во Рим, која подолго време најавува дека не сака повеќе да биде дел од оваа иницијатива, сега настојува да ја избегне можната контра-реакција на Пекинг . Мелони и министрите затоа настојуваат , како замена ...
Велика Британија е земја каде нејзиното население има најкус животен век меѓу богатите држави – покажува едно британско истражување, според кое Британците умираат понмлади во споредба со другите Европејци. Истражувањето покажало дека падот на животниот век во Британија е последица на состојбата во дбританското јавно здравство (НХС) за кое се вели дека (за разлика од сега) имало „многу подобри денови“. Истражувачите ја испитувале состојбата во ...
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека советските инвазии во 20 век- врз Унгарија, а потоа и врз тогашна Чехословачка- биле погрешни. Зборувајќи на еден форум посветен на економијата, во Владивосток, на рускиот Далечен Исток, Путин рекол дека е „погрешно да се преземе некаков чекор во надворешната политика што би можело да им наштети на интересите на други луѓе“. Ваквата изјава на шеф на една држава , би била нормална и на место доколу ...
Шведската влада која досега промовираше „свој модел“ за борба со коронавирусот, сепак одлучи да го напушти, откако Шведска се соочува со силен наплив на новозаразени лица. Моделот, всушност, се состоеше од полабави мерки за заштита против ширењето на пандемијата, за разлика од мерките кои ги применуваа, најголемиот број од земјите во ЕУ и во Европа. Владата во Стокхолм, тогаш, не воведе карантин, или полициски час, а кафулињата и рестораните ...
Грчката војска поставува големи шатори пред зградата на воената болница во Солун, откако овој втор по големина град во северна Грција е прогласен за жариште на коронавирусот во земјата. Во секој од големите воени шатори ќе има по 50 болнички кревети. Владата им наложи на две солунски, приватни клиники, да ги отворат вратите, за да и тие примаат заразени и заболени од короната, откако сите капацитети на јавното здравство, во овој втор по големина ...
„Време е ЕУ да се зафати со проширувањето на Унијата“– рече во Блед, во Словенија, претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, на годинешниов Стратешки форум. Според него- „за една моќна Европа, потребно е сите во Европа да бидат и силни и безбедни, а за тоа е потребно Унијата да се зафати со своето проширување“. Тоа според Мишел, не е никаков сон, па затоа инсистира дека е време работите ( околу проширувањето) да се забрзаат. „Верувам дека ...
Франција која во седумдесетите години на 20 век прва во Европа почна со користењето на брзите возови (ТГВ) , сега на ЕУ и предлага целосна ревитализација на железничкиот сообраќај, со враќање на возовите и откажување од патувањето со авион. Владата во Париз, заговара оданочување на авионскиот сообраќај, како и воведување систем на минимална- најниска цена- на авионските карти , со што би се елиминирале т.н. нско буџетски авионски летови. ...
Европската комисија во Брисел изрази загриженост од одлуката на Република Србија да им издава српски пасоши, по забрзана постапка, на руските граѓани, а посебно на оние кои како бегалци се наоѓаат на српска територија. Официјален Белград, притоа, е предупреден дека доколку се продолжи со оваа (нова) практика- ризикува да се најде под санкции, односно да го загуби сегашниот статус за користењето на визната либерализација за државјаните на Србија ...
Само неколку денови по јавно декларираното единство на членките на групата БРИКС, на Самитот во Јоханесбург, две од нив- Индија и Кина – се најдоа во уште една, сериозна криза околу границата меѓу двете најнаселени земји во светот. Кризата избувна откако Индија започна голема воена вежба долж спорната граничната линија со НР Кина, во реонот на Хималаите. Најавено е дека вежбата ќе трае 11 денови , а тоа значи и во текот на одржувањето на ...
Европската комисија (ЕК) во Брисел ја одобри за употреба подновената анти-ковид вакцина на „Бионтек/Фајзер“, приспособена против новата подврста на вирусот, познат како „Омикрон HVV.1″. Во соопштението се вели дека вакцината е приспособена за возрасни лица и за деца, како и за бебиња постари од шест месеци. Дозволата се издава порано од вообичаено, за да земјите членки на ЕУ можат да бидат подготвени за кампањата за ваккцинација во текот на оваа ...
Пет земји од четири континенти – Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка- познати по кратенката БРИКС, според првите букви од имињата на државите, на својот последен годишен Самит, се согласија да повикаат шест други земји- за да се приклучат на овој шарен и целосно не кохерентен сојуз. Повик за придружување им е упатен на Саудиска Арабија, Иран, Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), Египет и Етиопија, како и Аргентина, со што разноликото ...
Виктор Орбан ја има предупредено, како што рекол- меѓународната заедница- мислејќи притоа на Западот- дека ќе „уследи интервенција“ за било каква саботажа врз гасоводот „Јужен тек“ (слична на онаа во минатата година врз „Северен тек“). За него тоа е повод за војна, на што Унгарија веднаш би реагирала (возвратила). Во изјавата на десничарскиот, националист и популист- чија власт се повеќе добива облик на режим- унгарскиот премиер се повикува и на ...
Градот Вухан во НР Кина, од каде тргна коронавирусот, за да брзо стане глобална пандемија, одново е во локдаун, откако – како што велат локалните власти – се откриени четири новоинфицирани лица. Станува збор за град со 12 милиони жители, но карантинот се однесува за една од градските населби (и таа голема колку една помала европска држава) чии жители добија наредба да останат дома во следните неколку денови и да не излегуваат, откако, според ...
Здравствените власти на Европска Унија препорачаа вакцината против Омикрон варијантата на коронавирусот да им се дава на т.н. ризична категорија луѓе- постари лица, бремени жени и на здравствените работници во болниците и во амбулантите и домовите за немоќни лица. Ваквата препорака до властите на земјите членки на ЕУ , но и за другите во Европа, доаѓа откако минатата недела Европската агенција за лекови (ЕМА) и Европскиот Центар за превенција и ...
Американската фармацевтска компанија „Мерк“ , заедно со компанијата „Модерна“ ( изработи една од вакцините против коронавирусот) работат на создавање персонализирана mRNK вакцина против карциноми. Медиумите во САД пишуваат дека експерименталната вакцина на „Модерна“ веќе се тестира во содејство со познатата и популарна имунотерапија против карциноми Keytruda на „Мерк“. Според информациите што се пласирани во јавноста, работата на една ваква ...
Српските здравствени власти потврдија дека 600 бебиња од главната гинколошка клиника „Народен Фронт“ во Белград, наместо вакцина БСЖ , против туберкулоза, примиле физолошки раствор. Инцидентот се случувал во период од еден месец- меѓу 16 септември и 10 октомври оваа година – и тоа траело се додека не бил откриен големиот пропуст. Уште две недели, потоа, се чекало пред да се обелодени случајот и да се известат родителите за направената грешка и ...
Брод-крузер , пристана во главното пристаниште во Сиднеј со дури 800 патници заразени со вирусот на корона. Сите се туристи кои се наоѓаат на одмор и летување, пловејќи по делови од јужната хемисфера. На крузерот „Маџестик Принсес“ кој во Сиднеј доплови од Нов Зеланд, има 4600 патници и членови на бродскиот екипаж, што значи дека еден од петмина кои се на бродот се инфицирани со вирусот, за кого во тој дел од светот се вели дека – „целосно е ...
Американските компании „Модерна“ и „Мерк“ соопштија дека првите резултатаи од тестовите за создадената вакцина против рак, се позитивни и силно охрабрувачки. Таа вакцина се прави врз технологијата на информациона РНК , а на пациентите им се дава во комбинација со антиканцероген лек, а првите тестови спроведени врз 150 лица кои имаат меланом се правени откако тие пациенти во исто време го примале и лекот чие комерцијално име во САД е „Кејтруд“. ...
Семејството на прославениот холивудски актер Брус Вилис (67) потврди дека боледува од специфичен облик на деменција – позната во медицината како фронтотемпорална деменција ( болест која го напаѓа предниот дел од мозокот) – за која, засега, не постои ниту лек , ниту терапија. Во соопштението на семејството се вели дека претходната дијагноза, за тоа дека станува збор за афазија, сега е изменета, затоа што болеста продолжила да напредува, па сега ...
Хрватското министерство за здравство потврди дека Хрватска се соочува со недостиг на лекот против дијабетис („Оземпик“), затоа што е мошне популарен во јавноста како препарат за слабеење. Лекот е создаден и се препишува на лица болни од шеќерна болест, но благодарејќи на разните совети на интернет и на лекарски препораки, лекот е сега прифатен и како препарат за намалување на дебелината. Само поради тоа Хрватска наеднаш се соочи со криза која ги ...
Американската агенција за лекови и храна (ФДА) соопшти дека го одобрила за опште уптреба првиот спреј за нос на компанијата „Фајзер“ за елиминирање на болките предизвикани од мигрена. Главната карактеристика на лекот, освен што е создаден како спреј е и во тоа што делува мошне брзо. Претставник на оваа американска компанија има изјавено дека лекот, под комерцијалното име Завзпрет, ќе се најде во аптеките во САД, како и низ светот, веќе во јули ...
Вкупно 14 лица досега се починати во Полска , а други над 150 се заболени , откако во југоисточните делови на оваа земја, во граничниот реон со Украина, избувна епидемија на легионарската болест. Според полските и европските медиуми , епидемијата забрзано се шири, па само во еден ден, во понеделникот , се регистрирани десет нови случаи. Најголемиот број од заболените се сместени по болниците. Во меѓувреме, локалните власти настојуваат да ...
Јапонскиот милијардер Јасуку Маезава повика осум лица од меѓународната заедница, за да му се приклучат на патувањето во вселената – до и околу Месечината – во лет со вселенското летало на Елон Маск – Спејс Икс. „Повикувам луѓе, за да ми бидат сопатници, со бил какво потекло и од било кој дел од општеството“ – вели богатиот Јапонец кој уште порачува дека сите трошоци за патувањето ќе ги сноси само тој, па оној што ќе ја прифати оваа понуда, ќе ...
Компанијата My Heritage која се занимава со тестирање примероци од ДНК за да, преку нив, се открие потеклото на луѓето, сега има откриено начин – како, со помош на вештачката интелигенција – „се оживуваат“ стари фотографии. Претпоставка е дека во секое семејство – насекаде по светот – се чуваат слики од минатото, најчесто од најблиските роднини, или од драги пријатели кои сегашните генерации не ги запознале поради многуте поминати години. Не ни ...
Веќе подолго време, тројца милијардери – Илон Маск, Џеф Безос и Ричард Брансон – се наоѓаат во една необична трка – кој прв ќе полета во вселената. Како сега стојат работите, меѓутоа, изгледа дека победник ќе биде Британецот Брансон – кој најави дека на 11 јули ќе лета во вселената во космичкото летало на неговата компанија Вирџин Галактик. За разлика од основачот и сопственик на Амазон – најбогатиот човек во светот – кој најави дека неговиот ...
Британскиот милијардер Ричард Брансон ја постигна својата животна желба – да полета кон Вселената, да се искачи до нејзиниот раб, а потоа да се врти на Земјата. Сето тоа го постигна за 90 минути лет во височината, па сега може да се каже за него дека е првиот кому тоа му успеа и дека е вистинскиот „пионер на вселенскиот туризам“. Околу 600 лица со купена карта Со ракетниот авион на неговата компанија „Вирџин Галактик“ Брансон се искачи до ...
Вселенската асоцијација на Југоисточна Европа, во која е вклучена и Северна Македонија, во соработка со Индија и нејзината вселенска програма, праќа свој, заеднички, сателит во вселената. Членките на асоцијацијата, се имаат договорено, засега, да ја одржуваат целата мисија во тајност, па за неа во медиумите да не се изнесуваат никакви детали, освен што се согласиле – целта на мисијата и нејзината основна порака – да останат како изненадување и ...
Американската вселенска агенција НАСА соопшти дека успешно е изведен и завршен експериментот во вселената, кога за прв пат во историјата, беше измената орбитата на едно небеско тело- астероид- со директен удар во него на летало испратено од Земјата. Леталото Дарт , што го лансираше НАСА , успеа во својата мисија – да ја измена природната патека на астероидот Диморфос и на тој начин, со овој историски вреден експеримент, да направи еден вистински ...