Само еден ден пред почетокот на воената инвазија на Русија врз Украина, на 23 февруари 2022 година, Фондацијата Бертелсман го објави Индексот на трансформацијата на општествата и констатираше дека за прв пат од 2004 година, од кога се спроведува ова истражување, на листата има повеќе автократски управувани држави отколку демократии. Помеѓу 137-те земји што беа вклучени во формирањето на индексот, 67 беа означени како демократии, додека бројот на ...
Американскиот претседател Доналд Трамп (74) кој е болен од Ковид и се лекува во воената болница „Волтер Рид“ во сојузната држава Мериленд, во неделата направил „неочекувана прошетка“ во поширокиот болнички круг. Прошетката била куса, а тој бил сместен во службен блиндиран автомобил, опкружен од силно и бројно обезбедување. На себе (овој пат) имал маска на лицето, облечен во костум, но без вратоврска, им отпоздравувал на своите политичко-партиски ...
Тројца полицајци од обезбедувањето на зградата на хрватската влада, рано утрината, во понеделникот, се нападнати со огнено оружје. Во тешкиот инцидент на Марковиот плоштад во Загреб, било употребено автоматско оружје (пушка). При нападот, тешко е повреден еден од полицајците кој, сепак, не се наоѓа во животна опасност. Напаѓачот, според хрватските медиуми, е извесен Даниел Безук (22) кој доаѓајќи на плоштадот, веднаш почнал да пука кон зградата ...
Владата на британскиот премиер Борис Џонсон е подготвена да започне кампања, во стилот – времето истекува, подготвувајте се за Брегзит без договор со ЕУ – открива лондонската телевизија Скај. Според министерот Мајкл Гоув, кој е задолжен за една ваква ситуација, за Брегзит без договор, изјави во Лондон дека премиерот и тој, во текот на оваа недела ќе ги предупредат домашните бизнисмени и посебно оние фирми кои работат со ЕУ, да бидат целосно ...
Во контејнер со минерално ѓубриво, увезено од Србија, полицијата во Парагвај, открила седум мртви тела, во распаѓање. Парагвајските власти веруваат дека станува збор за илегални мигранти кои се вовлекле во контејнерот, во настојувањето да се префрлат во Европа, не знаејќи дека неговата крајна дестинација е на другата страна од светот, во Јужна Америка. Претпоставка е дека сакале да се префрлат во Хрватска, а од таму во некоја од богатите ...
Велика Британија ја одобри за употреба вакцината против коронавирусот, на американската компанија „Фајзер“, па сега би можело веднаш да се почне со вакцинација на населението. Според шемата што претходно беше објавена, предност во вакцинирањето имаат здравствените работници и старите и хронично болни и изнемоштени лица. Одлуката на британските здравствени власти за вакцинирање со „Фајзер“ вакцината доаѓа само после 23 денови од објавувањето на ...
Толпа од стотина демонстранти се судрија со специјалните полициски сили во Тирана и при тоа ја запалија и новогодишната елка, поставена на плоштадот во главниот албански град. Демонстрантите во два дена протестираа против, како што велат, бруталноста на полицијата, откако еден полицаец има застрелано 25 годишно момче, кое подоцна им починало на повредите. Демонстрантите тврдат дека момчето е убиено во услови на прекумерна употреба на сила, ...
Францускиот претседател Емануел Макрон кој е позитивен на коронавирусот и во следните седум денови ќе остане во изолација е сместен подалеку од службената резиденција во париската Елисејска палата – во една од резиденциите во Версај. Неговата здравствена состојба првично беше означена како добра, но сега се открива дека Макрон има температура, дека кашла и чувствува голем замор. Во соопштението на неговиот кабинет се вели дека тој и од изолација ...
Од оваа сабота, во текот на овој и наредниот викенд, во Солун и во реонот на полуостровот Халкидики, како и на Атика, јужно од Атина, владата на Грција воведе полициски час, откако одново значително се зголеми бројот на новозаразените во овие три региони, иако се спроведе вакцинацијата, од првата пратка што ја раздели ЕУ, за земјите-членки. Според епидемиолошките власти, во изминатите денови, бројот на новозаразените, во овие делови од северот ...