Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет, зборувајќи пред новинарите во Пентагон, изјави дека операцијата во саботата „бараше голема прецизност и највисоко ниво на оперативна безбедност“, пренесува „Блумберг“. Хегсет исто така рече дека нападите, наречени „Операција полноќен чекан“, ја означуваат првата борбена употреба на т.н. бомба за пробивање бункери („bunker-buster“). „Во тој поглед, ова беше историски момент – напад кој ја вклучи ...
Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаело Гроси за утре свика итен состанок во седиштето на Агенцијата во Виена, откако САД нападнаа три нуклеарни постројки во Иран. „Поради итната ситуација во Иран, свикувам за утре итен состанок на Управниот одбор на МААЕ“, напиша Гроси на Икс. САД изутрината директно се вклучија во конфликтот меѓу Иран и Израел, наведувајќи дека нападнале три нуклеарни објекти во ...
Берзите во Израел и Саудиска Арабија пораснаа во неделата, откако трговците ги игнорираа потенцијалните ризици од нападите на САД врз Иран. Акциите на банките го предводеа растот низ регионот на Блискиот Исток. Референтниот индекс TA-35 на Израел порасна за 1,2 отсто до 11:08 часот по време на Дубаи, предводен од Банка Хапоалим. Индексот Tadawul All Share на Саудиска Арабија се зголеми за 1 отсто, при што пораснаа акциите на Ал Раџхи Банка. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп долго време застапуваше став дека САД не смее да се вмешува во војни на Блискиот Исток. Но, со приклучувањето кон израелскиот судир со Иран направи драматичен геополитички пресврт. По денови на дебати и нејасни пораки, Трамп во саботата започна напад врз три ирански нуклеарни објекти, со што ја поддржа израелската цел за уништување на иранската нуклеарна програма и ги вовлече САД во жежок регионален ...
Со започнувањето на воената офанзива против Иран, израелските власти изјавија дека нивната цел е да ја неутрализираат способноста на земјата да развие нуклеарно оружје. Се смета дека, за навистина да се осакати капацитетот на Иран за производство на гориво за такво оружје, Израел ќе има потреба од помошта на својот главен сојузник – САД. Причината е што САД поседуваат нешто што Израел не го поседува: таканаречена бомба за пробивање бункери, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека САД нападнале три ирански нуклеарни објекти, вклучувајќи го и подземниот Фордо, со што земјата се вклучи во војната на Израел со Иран. Ќе видиме како ќе одговори Техеран, но нападот најверојатно води кон ескалација на конфликтот. За светската економија, проширувањето на судирот го зголемува ризикот од повисоки цени на нафта и дополнителен притисок врз инфлацијата. „Успешно го завршивме ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американски бомбардери ги погодиле трите главни нуклеарни објекти на Иран и се закани со нови напади доколку Техеран не се повлече, со што САД директно се вклучија во конфликтот на земјата со Израел, и покрај долгогодишните ветувања на Трамп дека ќе избегнува нови војни. Во обраќање до нацијата, Трамп рече дека иранските „клучни објекти за збогатување ураниум се целосно и комплетно ...
Бомбардери B-2 кои се невидливи за радарите полетаа од САД и се движат над Пацификот, пренесуваат повеќе медиуми, додека претседателот Доналд Трамп размислува за можно американско вклучување во војната меѓу Израел и Иран. Како што објави „Волстрит џурнал“, летовите, кои беа забележани преку услуги за следење на авионски летови во саботата, укажуваат на тоа дека администрацијата ги подготвува бомбардерите на военото воздухопловство за ...
Чекорите што ги презеде групата ОПЕК+ за зголемување на понудата на нафта се покажаа како мудри, со оглед на развојот на конфликтот на Блискиот Исток, изјави извршниот директор на „Роснефт“, Игор Сечин. „Одлуката на лидерите на ОПЕК+ за забрзано зголемување на производството денес изгледа далековидо и, од пазарна перспектива, оправдано, земајќи ги предвид интересите на потрошувачите во услови на неизвесност за размерите на конфликтот меѓу ...
Бугарската интервенција и блокадата на пристапните преговори со Македонија се груба повреда на европската солидарност и тоа не е оправдано, изјави поранешниот претседател на Социјалдемократската групација (S&D) во Европскиот парламент, Јоханес Свобода, во емисија на „ТВ Вистел“ Тој повика Европската комисија и клучните земји-членки да преземат поактивна улога во медијацијата, како што тоа било направено при конфликтот меѓу Хрватска и ...
Претседателот Доналд Трамп изјави дека неговата администрација води разговори со Универзитетот Харвард и дека можна е најава на договор во текот на следната недела, што потенцијално би ставило крај на застојот кој ги доведе во прашање милијарди долари за финансирање и предизвика бурна правна битка. „Тие се однесуваа исклучително соодветно за време на овие преговори и изгледа дека се посветени на тоа да постапат правилно“, напиша Трамп на ...
Пакистан соопшти дека ќе го номинира претседателот на САД, Доналд Трамп, за Нобелова награда за мир – потег што можеби исто толку има за цел да ја испровоцира ривалска Индија, колку што е обид за зацврстување на односите со Вашингтон. Номинацијата се прави поради „решителната интервенција и клучното лидерство на Трамп за време на неодамнешната криза меѓу Индија и Пакистан“, според објава на социјалните мрежи од страна на пакистанската влада ...
„Тојота“ ќе ги зголеми цените на некои од возилата што ги продава во САД за повеќе од 200 долари, почнувајќи од следниот месец. Некои модели со брендовите Тојота и Лексус ќе добијат зголемување на цената во просек за 270, односно 208 долари, соопшти Нобу Сунага, портпарол на јапонскиот производител на автомобили, во е-порака во саботата. Овој потег е дел од редовна ревизија, а новите цени се утврдуваат врз основа на фактори како што се ...
Израел и Иран извршија нови напади во втората недела од судирите, додека Доналд Трамп ја продлабочи неизвесноста околу неговата подготвеност да се вклучи во конфликтот и ги отфрли европските обиди за дипломатско решение. Израел во саботата нападна неколку цели во централниот дел на Иран, вклучувајќи ја и нуклеарната локација во Исфахан, јави полуофицијалната новинска агенција Фарс. Според извештајот, нема загинати ниту истекување на опасни ...
Конфликтот на Блискиот Исток и евентуалната ескалација веќе го вклучија црвениот аларм кај македонските бизнисмени. Првиот удар од новиот воен конфликт стигна на бензинските пумпи. Дизелот во земјава минатата недела поскапе трипати, еднаш редовно и двапати вонредно. Цената од понеделникот до петокот се зголеми за шест денари. Поскапувањето на дизелот се должи на растот на цената на нафтата на светските берзи. Евентуалното вклучување на САД во ...
Откриваме дека куповната моќ на македонските граѓани тапка во место три години по ред во однос на европскиот просек иако во земјава има континуиран раст на просечната плата. Анализираме каква директна трговска соработка има Македонија со Израел и Иран, а каква имаат земјите од регионот и какви можат да бидат влијанијата од војната на Блискиот Исток. Презентираме какви новини носат измените на Законот за стоковни резерви и прашуваме каква е ...
Доколку не се искористат целосно во тековната година, капиталните расходи да не се пренаменуваат во тековни расходи со ребаланс на буџетот туку да се заштедат и да се пренесат во буџетите за наредните години за јавни инвестиции, препорачаа членовите Фискалниот совет во нивното мислење за македонската Фискалната стратегија 2026-2030 година, што неодамна беше усвоена од пратениците во Собранието. „Особено треба да се нагласи дека при ...
Заклучно со мај годинава македонските граѓани и компании во банките имале вкупни депозити од 609,1 милијарди денари (околу 9,9 милијарди евра), што е месечен раст од 1,4 проценти, којшто се должи на повисоките депозити на двата сектора, со поизразен придонес на депозитите на корпоративниот сектор, покажуваат податоците на Народната банка. Годишниот раст изнесува 12,2 проценти и во поголем дел произлегува од зголемувањето на депозитите на ...
Од ноќеска на полноќ дизелот ќе се продава за 72 денари за литар. Регулаторната комисија за енергетика по вчерашното вонредно поскапување од 2,5 денари за литар, денеска повторно одлучуваше за цената на нафтените деривати и донесе одлука за поскапување од два денари. Цената на бензините останува иста. РКЕ соопшти дека со оваа одлука се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,57 отсто во однос на ...
Златото се насочува кон својот прв неделен пад по три седмици, бидејќи благото намалување на геополитичките тензии на Блискиот Исток ја намали побарувачката за безбедни средства, а предупредувањето од Федералните резерви (Фед) за инфлацијата ја зголеми веројатноста за помало намалувања на каматните стапки. Цената на златото падна за 0,5 отсто и денеска се тргува околу 3.353 долари за унца, со што е намалена за повеќе од два отсто во текот ...
Инвеститорите во кинеската технолошка индустрија, уморни од постојаната ценовна конкуренција, можат да се свртат кон еден сектор што напредува со спротивна стратегија: онлајн музиката. Акциите на „Тенсент мјузик“ (Tencent Music Entertainment Group) и нејзиниот помал ривал „Нетис“ (NetEase Cloud Music Inc.), котирани во Хонгконг, се повеќе од удвоени од крајот на 2023 година, надминувајќи ги повеќето кинески интернет-компании. Овој раст доаѓа ...
Златото се насочува кон својот прв неделен пад по три седмици, бидејќи благото намалување на геополитичките тензии на Блискиот Исток ја намали побарувачката за безбедни средства, а предупредувањето од Федералните резерви (Фед) за инфлацијата ја зголеми веројатноста за помалку намалувања на каматните стапки. Цената на златото падна за 0,5 отсто и се тргува околу 3.353 долари за унца во петокот, со што е намалена за повеќе од два отсто во ...
Владата го усвои предлог-ребалансот на буџетот за 2025 година со кој се врши зголемување на проектираните средства на приходната и на расходната страна за околу еден процент. Имено, вкупните приходи се проектирани на ниво од 362,4 милијарди денари (5,8 милијарди евра), а вкупните расходи се планира да изнесуваат 403,7 милијарди денари (6,5 милијарди евра). Проекцијата за растот на БДП останува 3,7 проценти, а инфлацијата се очекува понатаму ...
Советот на Народната банка ја намали проекцијата за растот на македонската економија. Наместо претходните 3,3 отсто, сега НБРМ проектира дека БДП до крајот на годината ќе порасне за три проценти. Неповолното надворешно опкружување, според Советот на НБРМ, е причина за надолната ревизија за растот. За разлика од НБРМ, Владата која вчера го усвои ребалансот на буџетот за 2025 година ќе ја смени проекцијата за раст на економијата од 3,7 отсто ...
Европа се соочува со ризик од стагнација доколку итно не се преземат мерки за забавениот раст, слабиот инвестициски циклус и зголемените геополитички закани, предупреди Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Трговските тензии и слабата побарувачка го задушуваат економскиот замав, при што ризиците се значително наклонети кон надолна насока, соопшти институцијата со седиште во Вашингтон, во четвртокот. Еврозоната се очекува да порасне за само ...
Три намалувања на каматните стапки за нешто повеќе од 24 часа од страна на централните банки во Европа го истакнаа пресвртот кај монетарните власти кои се обидуваат да се справат со последиците од непредвидливите трговски политики на Доналд Трамп. Централните банкари во Швајцарија и Шведска уште во март сугерираа дека најверојатно завршиле со олабавувањето, но Швајцарската национална банка наместо тоа ги намали трошоците за задолжување за ...
Владата го усвои предлог-ребалансот на буџетот за 2025 година со кој се врши зголемување на проектираните средства на приходната и на расходната страна за околу еден процент. Имено, вкупните приходи се проектирани на ниво од 362,4 милијарди денари (5,8 милијарди евра), а вкупните расходи се планира да изнесуваат 403,7 милијарди денари (6,5 милијарди евра). Проекцијата за растот на БДП останува 3,7 проценти, а инфлацијата се очекува понатаму ...
Минатиот месец е прогласен за втор најтопол мај на глобално ниво досега, а пролетта оваа година била исклучително сува, покажуваат податоците на Службата за климатски промени „Коперник“. Мерењата покажуваат дека просечната температура на површинскиот воздух во мај 2025 година изнесувала 15,79°C, што е 0,53°C над просекот за овој месец од 1991 – 2020 година и 1,4°C повисока од проценетото просечно ниво за прединдустрискиот период (1850 – ...
Владата денеска го усвои предлог-ребалансот на буџетот за 2025 година со кој се врши зголемување на проектираните средства на приходната и на расходната страна за околу еден процент. Имено, вкупните приходи се проектирани на ниво од 362,4 милијарди денари (5,8 милијарди евра), а вкупните расходи се планира да изнесуваат 403,7 милијарди денари (6,5 милијарди евра). Проекцијата за растот на БДП останува 3,7 проценти, а инфлацијата се очекува ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) денеска донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,06 проценти во однос на одлуката од 16.06.2025 година. Оттаму информира дека од полноќ малопродажните цени на еуродизелот (Д-Е V) и на екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се зголемуваат за 2,50 ...