Министерката за одбрана Славјанка Петровска била воздржана за вчерашната одлука на Владата со која се дозволува прелет и слетување на руски државен над и во земјава за време на одржувањето на Министерскиот совет на ОБСЕ, дознава „360 степени“. Блинкен и Лавров ќе седнат на иста маса и тоа – во Скопје По одлуката на Владата, Министерството за обрана, со кое раководи Петровска, заедно со Министерството за надворешни работи се надлежните ...
Не постои „исчезнато петмесечно бебе“, за која мајка пријавила дека ѝ било украдено – вест што вчера предизвика вознемиреност и реакции на соцсоцијалните мрежи. Бебето не постои туку е измислица на жената која пријавила во МВР дека ,,родила бебе на ГАК пред неколку месеци, кое потоа било пренесено на Детска клиника и исчезнало”. Од Клиниката за гинекологија и акушерство, за „Слободен печат“ изјавија дека оваа жена последен пат кај нив се ...
Професорот Митко Панов е нов вршител на должноста директор на Институтот за национална историја, доаѓајќи на местото на Драги Ѓоргиев, копретседател на Мешовитата македонско-бугарсла комисија за историски и образовни прашања, кому му заврши шестмесечниот (продолжен) мандат на чело на ИНИ. Историјата на Византија, историјата на средновековна Македонија и на Балканот, како и историографијата на Балканот, средновековна и модерна, се во фокусот на ...
Со интонирање на државната химна, секој понеделник ќе започнува наставата во сите училишта и на територијата на Општина Македонска Каменица. Одлуката е донесена едногласно на вечерашната 32. седница на општинскиот Совет, а по иницијатива од градоначалникот Димчо Атанасовски. „Станува збор за иницијатива преку која во иднина и на територијата на Општина Македонска Каменица ќе се изразува почит кон татковината, со цел подигање на националното ...
„Големиот успех“ со кој се испофалија Владата и СДСМ – зголемената просечна нето плата за септември – паѓа во вода кога ќе се спореди со тој показател за земјите во регионот. Државниот завод за статистика објави дека пред два месеца вработените во Македонија имале просечен нето личен доход од 37.876 денари или 616 евра, што е помалку од сите републики на поранешна Југославија. На врвот и понатаму неприкосновена е Словенија со 1.432 евра, пред ...
Жалам што секој предлог кој е во насока за подобрување на состојбите во Македонија СДС го третира како театар. Доколку ја променат реториката и размислувањата ќе разберат дека за многу сериозни процеси за кои кажале дека се наводен театар многу подоцна се покажало дека ВМРО-ДПМНЕ размислува стратешки и во насока на подобрување на актуелните состојби кои се покажале како неуспешни, истакна портпаролката и членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева ...
Америка и Германија имаат намера да ја принудат Украина да започне преговори со Русија, пишува германскиот весник „Билд“. Како што се наведува, „германско-американскиот план се состои во доставување до Киев такво оружје и во толкави количини што ќе и овозможи на украинската армија да го брани сегашниот фронт, но да не може да ги врати териториите“, односно да може само се брани, но не и да напаѓа. Самиот украински претседател Володимир Зеленски ...
Петмесечно бебе откако било пренесено на Клиниката за гинекологија и акушерство, исчезнало, тврдат родителите за Сител телевизија. Никој не знае каде се наоѓа бебето, а откако родителите пријавиле, МВР постапува по случајот. Според МВР, како што пренесува Сител, имало контрадикторности во пријавата на родителите и ќе мора да се направат детални проверки, затоа што може да се покаже дека се работи за лажна пријава, а за што може родителите ...
Жалам што секој предлог кој е во насока за подобрување на состојбите во Македонија СДС го третира како театар. Доколку ја променат реториката и размислувањата ќе разберат дека за многу сериозни процеси за кои кажале дека се наводен театар многу подоцна се покажало дека ВМРО-ДПМНЕ размислува стратешки и во насока на подобрување на актуелните состојби кои се покажале како неуспешни, истакна портпаролката и членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија ...
Беким Фазлиу, поранешен пратеник на Демократската партија на Албанците (ДПА), смета дека Албанците немаат корист од функцијата технички премиер во последните сто дена од Владата. „Тоа е техника. Каква корист имаа Албанците од ваквата симболична и техничка функција најдобро говори фактот што кога Груевски требаше да си замине имавме министер за внатрешни работи, поранешниот заменик-министер кој по изборите ја имаше и улогата на министер за ...
Откако Владата ги задолжи министерството за надворешни работи и министерството за одбрана да дадат зелено светло за прелет на руски авиони, се поизвесно е дека американскиот државен секретар Блинкен и министерот за надворешни работи на Русија Лавров ќе седнат на иста маса. “Рестриктивната нема да се применува за воздухопловот на Руската Федерација, којшто ќе слета на територијата на Македонија за време на одржувањето на Триесеттиот министерски ...
„Еден судија, апелациски, не судија на меѓуселски фудбалски натпревар, кој шест месеци криел (доцнел) судски предмет за тежок криминален престап, со намера предметот да застари, за да му го спаси задникот на обвинетиот, добил ‘драконска’ казна: намалена плата за дваесет проценти за шест месеци, играјќи ја детската игра со судскиот предмет, позната како криенка.“ – вели новинарот Бошко Нацевски во реакцијата на својот фејсбук-профил со наслов ...
Во организација на МАНУ – Истражувачки центар за генетско инженерство, Медицинскиот факултет и Фармацевтскиот факултет при УКИМ и Фармацевтската компанија Рош се одржа форумот за Персонализирана медицина и геномско профилирање. Се дискутираше како да се унапреди персонализираната медицина во пракса. Поврзаноста на генетиката на канцерот со персонализираната медицина, интегрирање на националната инфраструктура со цел подобрување на патот на ...
Владата на Република Македонија ја разгледа и ја усвои Информацијата од Министерството за здравство за давање согласност за преземање обврски, за чие плаќање е потребно користење буџетски средства за набавка на комбинирана терапија со лекот Kaftrio и лекот Kalydeco, за пациентите со цистична фиброза во државата. Владата даде согласност за преземање обврски во програмите опфатени со развојниот дел од буџетот, за чие плаќање е потребно користење ...
„Европскиот сојуз за промени го обвинува Артан Груби дека со пари на граѓаните финансира десетици портали, преку кои врши притисок врз судиите, обвинителите и неговите политички противници. Албанската опозиција бара негово разрешување од функцијата прв вицепремиер и министер за политички систем.“ – објави ТВ Алсат. ТВ Алсат пишува: Од Европскиот сојуз за промени нагласуваат дека порталите се регистрирани на име на лица блиски до ДУИ и Груби, ...
По повеќе од десет дена застој, од вчера попладне во 14:30 часот повторно сообраќа единствениот воз на релација Скопје – Битола преку Велес и Прилеп и обратно. Возот, кој, како што велат од ЈП „Македонски железници“, не сообраќаше поради расипана локомотива, утрово во 5:46 часот, од Битола пристигна на Железничката станица во Велес на радост на голем број патници и тргна повторно на релацијата за Скопје. Попладнево во 14:30 часот, возот тргна ...
Израелската војска ги активираше сирените за воздушен напад во две села во близина на Појасот Газа, само неколку минути по стапувањето во сила на четиридневното примирје меѓу Израел и Хамас. Засега нема непосредна потврда дека се случиле ракетни напади од палестински милитанти на израелска територија или дека е причинета некаква штета. Утрово во 7 часот по локално време стапи во сила четиридневното примирје меѓу Израел и Хамас, со посредство на ...
Бобан Илиоски е светски кик бокс првак! Во големото финале на Светското кик бокс првенство на ВАКО во Албуфеира, Португалија, Илиоски го совлада Нурбек Уришбоев од Узбекистан со убедливи 3-0. Ова е голем успех на нашиот најдобар кикибоксер во моментов. Се оствари прогнозата на селекторот Дејан Митровски – Урко дека на СП одиме на златен медал. Со тројца натпреварувачи Македонија освои еден медал и тоа златен. На ова првенство учествуваат 1429 ...
За непосакуваните во странство, нема државна функција дома. Црните листи на САД и на ЕУ ќе станат пречка да се седне во институционална фотелја. Владата со најава дека законски ќе забрани политичарите со санкции да може да бидат поставувани на важни државни функции.. Доколку таквиот закон стане реалност, прв ќе мора да го примени струшкиот градоначалник, Рамиз Мерко, бидејќи според тврдењата на вицепремиерката Славица Грковска, новото законско ...
Судиите-поротници, кои се рамноправни со професионалните судии во судечките совети, работат за мизерен надоместок од 300, 500 или 600 денари дневно, утврден од Министерството за правда, заради што веќе воопшто не постои интерес на граѓаните да се пријавуваат за вршење на оваа функција, а судовите се соочуваат со сериозен недостаток на поротници и во прашање е доведено нивното нормално функционирање! Според познавачите, целосно е неприфатливо ...
Ќе ги кратиме, нема да ги кратиме, не можеме да ги кратиме, треба да се менуваат повеќе закони – еден куп изговори, и менувања на ставовите, за на крај да се премислат. 78% покачената плата на функционерите, се поизвесно е дека нема да се намали. Расте револтот кај граѓаните откако вчера премиерот Димитар Ковачевски повторно ретерираше од своите изјави, а во врска со ново законско решение со кое ќе се скратат енормно високите плати на ...
„Црн петок“ или само мачкање очи? Попустите кај нас иако секоја година се погласно се најавуваат, не се ни малку слични на оние од Америка, каде граѓаните буквално се тепаат да купат поевтино. Кај нас на продавниците само пишува „Сè на половина цена“, „Намалување од 20%, 30, до 70%“, „Шопинг лудило“, ама од тоа нема ништо, реагираат потрошувачите. Во трговските центри попусти има на сите модни брендови кои се движат од 20 до 50, а некаде и до 70 ...
„Ковачевски и Пендаровски со месеци тонат во очите на народот. Тоа е резултат на нивните погубни политики, но и на нивните политички ставови спротивни на интересите на државата и граѓаните. Нивната измеќарска позиција во домашната и надворешната политика ги доведе во ситуација на секое испитување на јавното мислење да одат подолу и подолу. Ја губат довербата од граѓаните и нивниот рејтинг наликува на „црн петок“- со секоја нивна нова изјава тој ...
Дел од албанските политичари во земјава му порачаа на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, дека ќе го поддржат предлогот за бришење на техничката влада и назначувањето 100 дена премиер Албанец, но само под услов да се донесе одлука за изгласување на уставните измени. Тие предлагаат да се организира заедничка средба на сите парламентарни политички партии за тоа. Политичарите од албанскиот блок во земјава за Плусинфо признаваат ...
Случајот „Талир“ на најдобар начин ја покажува судско обвинтелската поврзаност и е доказ зошто судството е оценето со најниски оценки во Извештајот на Европската комисија. Во овој случај се предлагаше конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ. Вишиот јавен обвинител вчера на јавна седница пред Апелациониот суд Скопје за случајот „Талир 2“ предложи првостепената пресуда да биде укината и предметот да се врати на повторно одлучување, како и ...
Незадоволството и револтот се истурија по улиците на македонската престолнина. Во Скопје протестира администрацијата и неколку синдикати, бараат повисоки плати за достоинствен живот. Сето ова доаѓа откако функционерите си ги покачија платите за речиси 80%. Врие и меѓу здравствените работници, коишто преку синдикатот побараа менување на Колективниот договор, покачување на ефективниот додаток, како и воведување на бенифициран стаж за вработените. ...
Поранешниот параолимписки шампион Оскар Писториус ќе излезе од затвор во јануари, речиси 11 години откако ја уби својата девојка. Тој ќе биде на условен отпуст од 5 јануари 2024 година до 5 декември 2029 година и ќе мора да исполни одредени услови, соопшти Управата за затвори во Јужна Африка. Нема да му биде дозволено да ја напушти својата област во Преторија без дозвола, мора да присуствува на програми за управување со гневот и ќе работи ...
Од секогаш сум сакала нешто повеќе, а тоа ми го понуди Словенија. Не само во образованието, туку и во сегашната работа и животот тука, во Копер, во еден систем кој нуди можности за добар живот, сигурност и напредок. Вака 30-годишната радовишанка Сандра Атанасов ја почнува својата приказна за сонот за кој мечтаела, а денес на јаве го има. По диплома е физиотерапевтка, а по занимање осигурителен агент. Таа е сопруга и мајка на три деца. РАДОВИШ – ...
„Во современиот геополитички амбиент амбициите за развивање на државноста, кон кои тежнее Македонија, се насочени кон демократските модели за самостојност, самоопределување и сувереност, според принципите на меѓународното право. Кога во така проектираната визија за градење на државата се подметнуваат модели за протекторат се поставуваат прашања за целта, идеите, но и за интелектуално-политичките капацитети на предлагачите.“ – вели новинарката ...
Судијката Оља Ристова од Основниот кривичен суд бара Здружението на судии во земјава да излезе со јавна реакција во врска со тоа што Судскиот совет не ја испочитувал ранг-листата при изборот на судии во скопскиот Апелациски суд – пренесе Плусинфо. Ристова, која беше треторангирана на конечната ранг-листа за избор на апелациски судии од кривичната област, не го доби потребното мнозинство од членовите на Судскиот совет и не беше избрана за ...