Белград
6ᴼ /
5ᴼ
Бријана Кит ѝ приреди едноставно, но значајно изненадување на мајка си за време на својата свадба. Среќната невеста ѝ го подари својот букет на мајка ѝ Трејси, во знак на благодарност за сè што има направено за неа во животот. „Сакав да направам нешто за мајка ми на денот на мојата свадба, за да ѝ се заблагодарам што ме израсна, што ми е мајка и што секогаш е покрај мене за сè’ – рекла таа. Имено, кога дошло време за фрлање на бидермаерот, ...
Винсент Касел повторно се вљуби во убавица. Славниот актер, кој претходно беше во брак со Моника Белучи и Тина Кунаки, веќе има нова девојка. 56-годишниот Французин беше фотографиран со 27-годишната Нара Баптиста на плажа во Рио де Жанеиро. Филмската ѕвезда и атрактивниот модел уживаа на СУП даска. Новиот пар и претходно беше фотографиран заедно. По откривањето на врската на Винсент и Нара, на интернет се редат сè повеќе и повеќе коментари за ...
Мадона имаше специјални гости на сцената на нејзиниот концерт во Лондон. 65-годишната пејачка беше придружувана од пет од нејзините шест деца на музичкото шоу во рамките на турнејата „Celebration“. Најголемо внимание кај фановите на музичката дива привлече 11-годишната Естер која енергично танцуваше на сцената покрај мајка ѝ и сестра ѝ Лурдес. Естер носеше високи потпетици и беше облечена во припиен комбинезон, за што Мадона доби бројни критики. ...
Во мемоарите „The Woman in Me“, Бритни Спирс искрено говори на болни теми од своето минато. 41-годишната поп-ѕвезда за првпат признава дека абортирала во тинејџерските години додека била во врска со Џастин Тимберлејк. Наводно, Бритни останала бремена на 19-годишна возраст, но Џастин бил категоричен дека биле премлади за да имаат дете. Во извадок од мемоарите кој го објави People, Бритни раскажува: „Беше изненадување, но за мене, не беше ...
Компанијата „Макпетрол“ АД Скопје ги известува своите потрошувачи и пошироката јавност дека од 16 октомври, почнува со прием на уплата и испорака на екстра лесно масло за домаќинство EL-1, секој работен ден од 08:30 до 15:30 часот. Продажбата годинава ќе се врши преку складовите на „Макпетрол“ АД. Детални информации околу уплатата и испораката на екстра лесното масло за домаќинство граѓаните можат да ги добијат на телефонските броеви според ...
Кортни Кокс повторно искрено зборуваше за инјекциите и козметичките процедури кои си ги направи на лицето во обид да се подмлади. 59-годишната ѕвезда од „Пријатели“ рече дека жали што попушти пред притисокот да си стави филери на лицето и дека тоа било само загуба на време. Кокс долг период не сфаќала колку многу се променила, бидејќи ги правела процедурите една по една. Таа вели дека кога еднаш ќе се започне со промени, има домино ефект кој не ...
Вчера навршија 16 години од трагичната смрт на Тоше Проески, која остави длабока рана кај многу Балканци. Како и секоја година, така и оваа, неговиот колега и соработник Тони Цетински не пропушти да ги излее своите емоции во пост на социјалните мрежи. Хрватскиот пејач ја искажа огромната тага која ја носи во себе од денот кога почина неговиот добар пријател и допре до илјадници лица. Бројни се коментарите на неговиот пост кои доволно зборуваат ...
Зухаир Мурад нè носи во светот на волшепствата. Либанскиот дизајнер создаде невестинска колекција која маѓепсува на прв поглед. Славниот креатор ги освојува вечните романтичарки со новите венчаници кои имаат моќ да ги претворат во модерни принцези на нивниот специјален ден. Разновидните силуети надополнети со прекрасни детали и украси се трансформираат во сосем нови модели со интересни додатоци. „Црпејќи инспирација од една енигматична ера, ...
Како што цените на електричната енергија продолжуваат да растат, станува поважно од кога било да се најдат начини за намалување на потрошувачката на електрична енергија во нашите домови. Иако главни апарати за домаќинство како фрижидер, машина за миење садови и машина за перење се очигледни цели за подобрување на енергетската ефикасност, честопати и малите апарати за домаќинство што ги користиме секој ден можат да направат голема разлика. Од ...
Данијела Мартиновиќ и Марко Шкугор го објавија спотот за заедничката песна, насловена „Ono nešto“. Хрватските пејачи се прегрнуваат на „полна месечина“ во видеозаписот за песната која буди емоции. Музиката ја напиша Марко, а текстот е нивно заедничко дело. „Кога Марко ми ја испрати песната, веднаш сфатив дека таа навистина го има она нешто. Многу сум среќна што во своето музичко портфолио ја имам оваа музичка соработка. Верувам дека луѓето ќе го ...
Понекогаш, најмалите меѓу нас ги водат најголемите битки. Видео од девојче болно од рак, кое прима хемотерапии, разнежни многу срца. Во него, бабата и таткото на малата хероина први си ги бричат главите во знак на солидарност со неа, а на крајот таткото ја отстранува и нејзината коса од главата. „Никој не се бори сам“ – стои во описот. @goodnewscorrespondent NO ONE FIGHTS ALONE. Grandmother and father shave the head in solidarity with this young ...
Децата многу често ги копираат своите родители, бидејќи се огледуваат на нив уште од најмали нозе. Синчето на Дрејк тргна по стапките на својот славен татко и ја сними својата прва песна. Песната „My Man Freestyle“ на 6-годишниот Адонис беше објавена заедно со спотот за истата. Дрејк ја сподели песната на роденденот на малото момче, кое е потпишано и како заслужно за дел од текстот. Дрејк го доби Адонис со поранешната порно ѕвезда Софи Брусо. ...
Викторија и Дејвид Бекам организираа вечера за да прослават за лансирањето на нејзината нова колекција парфеми. Парот изгледаше модерно пред ресторанот „Fasano“ во Њујорк. 49-годишната дизајнерка носеше впечатлива црвена креација со „V“ деколте и цветови од сопствениот бренд, додека 48-годишниот поранешен фудбалер искомбинира костум со патики. Секој парфем од линијата на Викторија е именуван според моменти од приватниот живот на парот. Хелена ...
Ви најавуваме Денови за донирање во кои сите ќе ја искусат радоста и моќта на донирањето. Оваа иницијатива се спроведува во рамки на проектот на УСАИД „Партнерства за донирање“ кој работи на инфраструктура за домашна поддршка на проекти кои на транспарентен и инклузивен начин ќе се спроведуваат од граѓаните и граѓанските организации и ќе имаат континуирано позитивно влијание во заедницата. Ја користиме оваа прилика да ги поканиме сите граѓански ...
Светот се менува со огромна брзина, а модата не е имуна на промените кои се случуваат во дигиталната ера. Креативна научничка од Adobe создаде фустан кој може да се преобрази за секунда. Кристин Дирк самата го презентираше своето дело и наиде на воздишки и аплаузи од присутните. Нејзината креација може да го промени дизајнот со само едно притискање на копче. Погледнете: „Модата отсекогаш била место на кое потрошувачите и дизајнерите можат да ја ...
Денешниот датум секогаш буди емоции кај сите кои го сакаа и почитуваа Тоше Проески. Токму на 16 октомври пред 16 години го изгубивме нашиот славеј со огромно срце, кој никогаш нема да го заборавиме. Каролина Гочева, Весна Петрушевска, Калиопи, Игор Џамбазов, Ламбе Алабаковски, Викторија Лоба, Антониа Гиговска... Македонските славни личности и оваа година не пропуштија да споделат фотографии и да опишат моменти со прерано починатиот пејач. ...
Џенифер Лопез беше дел од бројните гости на свеченоста организирана за отворањето на новиот бутик на Schiaparelli во Лос Анџелес. 54-годишната пејачка изгледаше како гламурозна дива во фустан во шампањ нијанса. Својот изглед, музичката ѕвезда го збогати со златни модни додатоци и впечатлив накит. @jlosgolden Timeless Beauty!#jlo #jenniferlopez #schiaparelli ♬ original sound - JLOSGOLDEN @jlosgolden Always The Main Character! #jlo #jenniferlopez ...
Тејлор Свифт со недели ги разгоруваше гласините дека е во врска со Тревис Келси, а сега потврди дека тие гласини се точни. Новиот пар викендов беше фотографиран од папараците додека се упатуваше на љубовен состанок во Њујорк, пред ненадејно да се појави на снимањето на „Saturday Night Live“. Ова беше првпат 33-годишната пејачка да биде видена рака за рака со 34-годишниот играч на американски фудбал. Следната вечер, Тејлор и Тревис повторно ...
Период на преконцепција или пред зачнување Преконцепциското здравје претставува и репродуктивното и севкупното здравје на жената пред да забремени. Имено, означува како одредени здравствени состојби може да влијаат на забременувањето, а понатаму и на самата бременост и како преземање на одредени чекори водат кон подобрување на истото, а сè со цел за здраво потомство. Зошто преконцепциското здравје е важно? Секоја жена треба да се грижи за своето ...
Јасмин Фурми на 52 години стана вистинска модна инспирација. Таа докажува дека не треба да дозволиме годините да нè ограничуваат и спречуваат да ги правиме нештата кои ги сакаме. 60-годишната блогерка и дизајнерка порано била социјален работник во болница, но не била среќна со својата професија. Откако ја откри скриената љубов кон модата, таа признава дека се чувствува поисполнето и посреќно. Јасмин верува дека секоја личност треба да ја следи ...
Неочекувано изненадување трогна маж до солзи. Во видео објавено на социјалните мрежи, вработен во една компанија доби велосипед како подарок од колегите, бидејќи неговиот бил украден. Добродушните соработници собрале пари за да го изненадат нивниот драг колега и успеаја во тоа. „Кога колегите ти стануваат семејство“ – стои на еден од коментарите. This man is moved to tears by the kindness and generosity of his co-workers His bicycle was stolen ...
Талентиран дечко ги користи своите слаткарски вештини за да создава импресивни торти кои наликуваат на реални предмети. Џони Манганело прави „слатки задоволства“ кои се толку вешто креирани, што не можете да препознаете дали станува збор за торти или за предмети. Тој започнал да ги развива и подобрува своите способности за време на пандемијата, кога бил заробен во неговата куќа со многу слободно време на располагање. @thejonnycakes What’s ya ...
Нејмар и Бруна Бјанкарди пред неколку дена го добија првото заедничко дете. Парот сподели фотографии на кои позира со новородената ќеркичка која го доби името Мави и напиша дека сега нивните животи се комплетни. „Нашата Мави пристигна за да ни ги комплетира животите. Добредојде, ќерко! Ти веќе си многу сакана од нас... ти благодариме што нè избра нас“ – напишаа тие. Бруна сподели и фотографии од породувањето. Мави е второ дете на славниот ...
Шпаркасе Банка АД Скопје ги повикува сите квалификувани студенти за субвенциониран студентски оброк, кои се пријавиле на првиот повик од МОН во периодот од 1 до 10 август или на вториот повик во периодот од 1 до 5 септември, а досега не се контактирани од Банката, да се обратат во која било експозитура на Шпаркасе Банка за да обезбедат точни лични податоци. До овој момент, поради невалидна е-пошта или телефон за контакт, тие не се контактирани. ...
Меган Маркл и принцот Хари беа домаќини на самит во Њујорк посветен на менталното здравје. 42-годишната војвотка на Сасекс изгледаше модерно и елегантно во бела модна комбинација од Altuzarra и кожни салонки од Aquazzura. Меган и Хари им се заблагодарија на родителите кои во изминатиот период ги споделија нивните приказни со нив и рекоа дека биле трогнати од истите. Поранешната актерка сподели дека ја плаши моментот кога нејзините деца ќе бидат ...
Франческа Чезарини победи на „Italia’s Got Talent“. 16-годишната девојка не дозволи нејзиниот хендикеп да ја спречи да застане на првото место на натпреварот за таленти во нејзината земја. Инспиративната Италијанка, која е родена со нецелосно развиени горни екстремитети и без една нога, ја освои публиката танцувајќи на шипка и одушеви со својата упорност и верба во себе. „За мене, оваа победа не значи само победа на ‘Italia's Got Talent’, туку ...
Тејлор Свифт шармираше на премиерата на нејзиниот филм за концертната турнеја „Eras“. 33-годишната пејачка избра 2.200 свои фанови први да го проследат филмот на големото платно. Во шопинг центарот „The Grove“ во Лос Анџелес, таа позираше во сина бајковита креација од Оскар де ла Рента која чини 12 илјади долари, а потоа се појави во една од 14-те распродадени сали за проекција. Бијонсе ја поддржа успешната музичарка и позираше заедно со неа на ...
Принцезата Кетрин измами комплименти во стајлинг кој е вистинско модно освежување. За посетата на универзитетот Нотингем Трент, сопругата на принцот Вилијам избра бежова комбинација од брендот Sezane и доби бројни пофалби од модните критичари. Во својот стајлинг, таа додаде обувки од Russell and Bromley. Во својот говор пред студентите, 41-годишната принцеза на Велс се присети на своите факултетски денови и изјави дека посакува да може повторно ...
Општина Прилеп ја возобнови прекрасната традиција на формирање на македонско знаме во центарот на градот. Во чест на празникот 11 Октомври, Денот на востанието на Македонија, 1.200 ученици од основни и средни училишта од градот под Марковите Кули направија „златно сонце“ на црвена површина. „Овој чин нас нè прави горди и говори за љубовта кон татковината и почитта кон нејзините историски вредности, кои се втемелени во сите сегменти од нашиот ...
Казухиро Котецу ја освои македонската публика од далечната Јапонија со изведби на наши песни. Неговите видеа наидуваа на бурни аплаузи, а вчера имавме можност да ги чуеме во живо забавните интерпретации. Јапонскиот оперски солист запеа во рамките на Интернационалниот фестивал на класична музика „Интерфест“ во Битола. Неговиот глас одекна во преполната сала во Центарот за култура и присутните со полни срца го наградуваа за ентузијазамот и ...