Компанијата „Булмак 2016“ одржа прес-конференција на која беа презентирани лабораториските наоди од анализата на водата земена по дефектот на водоводната цевка на 14 март 2025 година. Според добиените резултати, истекувањето на јамска вода во Тораничка Река не предизвикало загадување ниту еколошка катастрофа, како што беше сугерирано во јавноста. На конференцијата зборуваа директорот на „Булмак 2016“ Тони Тоневски, директорот на рудникот ...

Едни велат од лошо-полошо, други се „потенки“ во извештаите и анализите, трети негираат. Под кренатата прашина по загадувањето на Крива Река и Тораничка река „со цијанид, олово, цинк...“, се појавија многу прашања: Колкава е штетата? Има ли екоцид? Кој е виновен? Кој ќе одговара? Њузлетер 4.4.2025 Изминативе денови се крена, и се уште се крева, многу прашина по загадувањето на Крива Река и Тораничка Река со тешки метали. Од манган и цинк до ...

Нови анализи за загадување на Крива река покажа градоначалникот Сашко Митовски. Тврди дека на барање на риболовното здружение „Мрена“ ,Институтот за јавно здравје Куманово направил испитувања кои даваат сличен резулат како и оние на општината. Водата во Крива Река е сериозно загадена и спаѓа во најлошата категорија на загадени води, неупотреблива за било која намена, вели Митовски. „Врз основа на стручното мислење површинската вода спаѓа во V ...

Градоначалникот на Крива Паланка објави и анализа на ИЈЗ дека во водите на Крива Река има тешки метали, откако претходно објави независна анализа која покажа дека високи концентрации на олово и цијанид се излеале во Тораничка и Крива Река. Обвинителството води предистрага, додека од рудникот Тораница тврдат дека загадувањето не потекнува од нив, но почнале спогодбена постапка со Министерството за животна средина. Водата во Крива Река е сериозно ...

Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, истакна дека присутното загадување е далеку над дозволените вредности, повикувајќи на итна реакција од надлежните институции. „Анализите покажуваат дека водата во Крива Река спаѓа во највисоката класа на загаденост, V класа, што значи дека е токсична и не може да се користи за ниту една намена. Загрижува присуството на тешки метали како олово, кадмиум и цинк, чии концентрации значително ги ...