Девет студенти од правниот, економскиот и факултетот за образовани науки при УГД Штип ќе волонтираат во Општина Штип. Во наредните три месеци студентите од четврта година ќе може својата теорија да ја надоградат со пракса, со што ќе се подготват за понатамошно вработување во јавниот или приватен сектор. Проектот е на општината во соработка со УГД Штип и УНДП. „Во првата фаза од проектот имаме партнерска соработка со УГД Штип, при што ...
Во понеделник ќе се спроведе боево гаѓање на стрелиштето Пенуш во Штип, во периодот од 08 до 17 часот. Секторот за внатрешни работи Штип ги известува граѓаните дека во овој термин ќе се изведуваат самите активности и апелираат граѓаните да не се движат кон и околу стрелиштето за време на гаѓањето, со цел да се избегнат опасности и да се обезбеди нивната безбедност. ,,Секторот за внатрешни работи Штип ги известува граѓаните на Штип дека на ...
Македонската машка клупска одбојка ќе има претставник во европските клупски купови и во новата година, со оглед на тоа дека Штип УГД запиша историски триумф од максимални 3:0 (25:18, 25:23, 25:16) против норвешки Кол Ил и преку “златен сет”, кој го доби со убедливи 15:8, обезбеди опстанок во Челинџ купот. Вечерва во салата “25 Мај” во Радовиш, македонскиот претставник одигра натпревар како по ноти, беспрекорно функционираа сите елементи. ...
Штипјани го освоија вториот сет со 25:23 и имаат 2-0 во сетови против Кол Ил, и голем чекор напред кон победата потреба од 3-0 или 3-1 за обезбедување на златен сет. Вториот сет беше сосема поинаку пред се борбен од Норвежаните кои наметнуваа свое темпо за да може да направат посериозна поен разлика. Најмногу борба имаше за поенот со кој Кол Ил поведе со 3:4. Но, Штип УГД направи одлична серија од три поени во низа за водство од 6:4, а веднаш и ...
Штип УГД го прави првиот чекор на вечерашниот реванш во Радовиш против норвешкиот Кол Ил, во сетови 1-0 за штипјани, а истиот заврши со 25:18. Првиот поен од првиот сет го зеде Штип УГД, а тоа предизвика ерупција во полната сала „25 Мај“ во Радовиш. Првата посериозна разлика Штип УГД ја направи при 5:2 кога дојде до плус три поени разлика во првиот сет и имаше контрола над играта и диктираше темпо во самата игра. Норвежаните каскаа во обид да ја ...
Девет студенти од Правниот, Економскиот и Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во наредните три месеци ќе одат на пракса во Општина Штип. Студентите, професорите од УГД-Штип, претставници на Општина Штип и УНДП денеска во кабинетот на градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов ја имаа првата средба. Секретарот на Општина Штип, Вишна Шорова-Ангелова вели дека целта е да се обучи млад кадар за работа во јавен сектор, ...

