На 6 ноември 2023 година, Врховниот суд објави сентенца од Пресудата ПСРРУ.бр.76/2020 од 21.12.2020 година од управната област (право на судење во разумен рок – барање за заштита на правото за судење во разумен рок), за лиценца за вештачење. Сентенца Постапката спроведена по барање за стекнување лиценца за вештачење без полагање на стручен испит согласно Законот за вештачење, не е опфатена со член 6 став 1 од Европската конвенција за заштита ...

На 6 ноември 2023 година, Врховниот суд објави сентенца од Пресудата ПСРРУ.бр.38/2020 од 21.09.2020 година од управната област (право на судење во разумен рок – барање за заштита на правото за судење во разумен рок), за разрешување на судија. Сентенца Постапката за разрешување на судија, поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција, не претставува постапка со која се предизвикува „спор“ во кој се одлучува за граѓански права и ...

Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ) денеска организира двочасовен протест на кој ќе го искаже незадоволството од неисполнување на барањата за вработените во судската и јавнообвинителстската служба. Протестот ќе се одржи пред Владата во периодот од 12 до 14 часот. Вработените од судската и јавнообвинителската служба од 27 септември штрајкуваат барајќи исплата на додатоците на плата и ...

Академик, во рамки на својата програма за организирање обуки за заштита на личните податоци, на 23.11.2023 година (четврток), од 10:00 до 14:00 часот, ќе одржи онлајн обука на тема: „Како да бидеме успешни во улогата на офицер за заштита на личните податоци“. Улогата на офицерот за заштита на личните податоци е клучна во обезбедување на усогласеност со Законот за заштита на личните податоци. Контролорите кои утврдиле обврска за назначување ...

Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-43/23, во јавноста познат како „Титаник 2“, по одржана јавна седница на ден 15.09.2023 година, а по извршено советување и гласање на ден 29.09.2023 година, донесе пресуда со која делумно ги уважи жалбите на обвинетите М.Т. од Т., Б.И. од Т., В.С. од К., С.С. од С.и пресудата на Основниот кривичен суд Скопје ја преиначи во делот на ...

Одделот за казниви дела на Врховниот суд на Република Северна Македонија согласно член 68 став 5 од Судскиот деловник и член 31 од Деловникот за работа на Врховниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на РСМ“ бр.14/2022 од 20 јануари 2022 година), постапувајќи по Препораката на Бирото за застапување на РСМ по предметот (Димчевска против Северна Македонија (Dimcevska v. North Macedonia), бр.13919/18, од 4 април 2023 година), за ...

На 1 ноември 2023 година, Врховниот суд објави сентенца од Пресудата КВП2.бр.220/2021 од 05.05.2022 година од кривичната област (Кривичен законик – Кривично дело обид за убиство), за неподобен обид за убиство. Сентенца Не постои неподобен обид за сторување на кривично дело „Убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 19 од Кривичниот законик, кога осудениот го вперува пиштолот и нишани во оштетенот, обидувајќи се повеќе пати да го репетира за ...

Министерството за правда на ЕНЕР го постави текстот на Предлог законот за конфискација на имот во граѓанска постапка. Како што се наведува во известувањето, со овој закон се заштитува јавниот интерес на Република Северна Македонија на начин што се оневозможува било каква корист од имот за кој во постапката за конфискација на имот во граѓанска постапка согласно овој закон било утврдено дека имотот не бил стекнат од законски извори. Целта на овој ...

Министерството за образование и наука преку ЕНЕР известува за почеток на процесот за подготовка на Законот за изменување и дополнување на Законот за основното образование. Измените и дополнувањата во Законот за основното образование се вршат со цел да се обезбеди еднаков пристап до образованието и обезбедат конкретно насочени мерки за спречување и борба против сегрегацијата во образованието, против расизмот и расната дискриминација во и преку ...

Министерството за економија преку ЕНЕР известува за почеток на процесот за подготовка на Предлог закон за обновливи извори на енергија. Целта на предлог законот е усогласување со дел од законодавниот Пакет на Европската Унија за чиста енергија, односно со Директивата ЕУ 2018/2001 за обновливи извори на енергија и Регулативата ЕУ 2018/1999 за управувањето со Енергетската Унија и активностите во областа на климата. Како што се наведува во ...

Членовите на Судскиот совет судијата Лорета Горгиева и м-р Миљазим Мустафа доставија оставки до Министерот за правда Кренар Лога и се повлекоа од членство во Советот на ИКТ, бидејќи сметаат дека нивното натамошно учество во ова тело е нецелисходно. „Советот на ИКТ дејствуваше како тим со неговиот претседател Лазар Нанев и заменичката, Проф.Д-р Гордана Лажетиќ и затоа сметам дека нема простор за мое натамошно учество“ се вели во оставката на ...

Во врска со поканата од ден 03.11.2023 година до Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија за одржување на работна средба, би сакала да укажам на некои формално-правни аспекти кои би требало да бидат земени предвид. На почетокот, како Претседател на Врховниот суд на Република Северна Македонија нагласувам дека Врховниот суд како највисок суд во државата дава целосна поддршка на процесите за унапредување на транспарентноста ...

„Уставниот суд на денешната седница донесе одлука да го поништи Упатството за изменување и дополнување на упатството за начинот на водење, заштита и чување на матичните книги и списи, издавање на изводи, уверенија, преписи и копии врз основа на матичните книги, водење постапка и составување на записник за најдено дете, обновување на уништени, оштетени или исчезнати матични книги, како и за обрасците на матичните книги, регистарот на матичните ...

Министерството за правда ја известува јавноста дека во текот на идната недела ќе биде формирана работна група која ќе има за цел да работи на реформа на Судскиот Совет. Во работната група ќе бидат вклучени претставници на Здружението на судии, претставници од невладиниот сектор, како и претставници на академската заедница и експерти од соодветната област. Воедно, во насока на обезбедување на сеопфатност на целиот процес покана за учество во ...

Судскиот совет како тело кое согласно со законот има обврска во смисла на член 2 од Законот за судскиот совет да ја обезбедува и гарантира самостојноста и независноста на судската власт,како и во врска со член 11 од истиот закон, кој го гарантира слободното судиско одлучување без никакви влијанија и притисоци, ја известува јавноста за следното: Во последните неколку дена во медиумите се објавени повеќе написи за политички притисоци врз судиите ...

Судскиот совет на Република Северна Македонија, нема намера со никого да „војува“, а најмалку со ресорниот министер за правда, Кренар Лога. Ваквата реакција на Судскиот совет доаѓа по повод вчерашните настапи на министерот Лога,а особено по синоќешното негово телевизиско интервју, во кое тој изјави дека е во “отворена војна“ со Судскиот совет. Членовите на Судскиот совет потенцираат дека министерот, кој по функција е член на Советот, секогаш е ...

Одделот за граѓански дела на Врховниот суд на Република Северна Македонија, согласно член 31 од Деловникот за работа на Врховниот суд на Република Северна Македонија (Службен весник на РСМ бр.14/2022), постапувајќи по Препорака на Бирото за застапување на Република Северна Македонија пред Европскиот суд за човекови права во однос на пресуда на ЕСЧП од 21 март 2023 година во предметот Радика превози ДОО Љубљана против Северна Македонија, А. ...

Поради интерес на јавноста во врска со Законот за данок за солидарност, Уставниот суд информира дека се оформени два предмета по поднесени иницијативи, во кои е оспорен Законот во целина. Oва значи дека Уставниот суд допрва ја почнува постапка и ќе ги испитува наводите во двете иницијативи, предметите се предадени на тимови од судии и советници. Подносител:Финмак ДОО, Скопје преку адвокатско друштво Дебарлиев, Дамески и Ќелешовска Подносител: ...

Апелациониот суд Скопје известува дека, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ-137/22, во јавноста познат како „Tоплик- Сончев град“, по одржана јавна седница на 08.06.2023 година, по советување и гласање на нејавен дел од седницата на 06.09.2023 година, донесе решение со кое ги уважи жалбите на обвинетите М.Ј од С., Т.Ѓ од С., Д.Д. од С., М.Т. од С., Д.Ѓ. од С. И В.Т. од С., изјавени преку нивните бранители, ја укина првостепената пресуда и ...

Блупринт групата на граѓански организации за реформи во правосудството соопштува дека се повлекува од понатамошно учество и давање придонес во процесот на изработка на новиот Кривичен Законик. Сметаме дека нашето учество е беспредметно во постапка која суштински го озаконува незаконитото, што е дополнително спротивно на нашата мисија за конструктивно, транспарентно и засновано на докази градење на политики. Клучната причина за нашето ...

Одлучувајќи по поднесените приговори, Општата седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија донесе решенија со кои ги уважи приговорите на шестмината судии и ги укина донесените решенија од Судскиот совет на Република Северна Македонија. Во образложението на решенијата за уважените приговори, изготвено и предложено од страна на Претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми и прифатено од Општата седница ...

„Тим од јавни обвинители и истражители од Основното јавно обвинителство Скопје преземаат дејствија за испитување на наводите кои првично упатуваат на основи за сомнение за сторени кривични дела против здравјето на луѓето и проневера во службата на Клиниката за радиотерапија и онкологија. Со цел испитување на ваквите наводи, до овој момент од Клиниката е обезбеден обемен доказен материјал и документација која веќе е предмет на анализа. Се ...

Уставниот суд донесе одлука за поништување на Правилникот за изменување и дополнување на правилникот за распределба на авторските надоместоци донесен од собранието на Здружението за заштита на авторски музички права ЗАМП Скопје бр.281/22, оспорен во предметот У.бр.25/2023. Судот утврди дека овој Правилник има ретроактивна примена на новиот систем за поентирање на авторските дела, што е спротивно на член 52 став 4 од Уставот, според кој законите ...

Основните лични податоци на граѓаните на Република Северна Македонија се запишуваат во книгите за матична евиденција. Во матичните книги на родени, венчани или умрени се запишува податокот за раѓање, за склучување на брак и за смрт, како и други промени во граѓанскиот статус на секој поединец. Овие факти служат за понатамошно остварување на здравствени, социјални, општествени права, како и за правни потреби на граѓаните. Во изводот од матичната ...

„Одделот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија на денешната седница ги разгледа измените на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, објавен во Службен весник на Република Северна Македонија бр.188/23 од 07.09.2023 година. На денешната седница беа разгледани и измените во врска со злоупотребата на службената положба и овластување. На денешната седницата беше истакнато дека подготвувањето на законски ...

Годишниот извештај за работата на јавните обвинителства во 2022 година го анализира обемот на работа на обвинителствата, кои и со намалени човечки ресурси, но со добра организација, не само што го совладаа приливот на нови предмети, туку го намалија заостатокот на нерешените. Така, во извештајната година биле примени пријави против 19.934 познати сторители на кривични дела и заедно со пренесените 13.421 незавршени предмети од 2021 година ...

Врховниот суд на Република Северна Македонија на Општата седница одржана на 11.07.2023 година, расправајќи по иницијативата поднесена од адвокат Николчо Атанасовски од Делчево, заведено под Су-03.бр.169/23 од 24.02.2023 година, согласно член 101 од Уставот на Република Северна Македонија и член 37 став 1 точка 1 од Законот за судовите („Службен весник на Република Македонија“ број 58/2006…96/2019), го утврди следното: НАЧЕЛНО ПРАВНО МИСЛЕЊЕ ...

Академик, во рамки на својата програма за обуки за заштита на личните податоци, организира обука за заштита на личните податоци, специјално дизајнирана за хотелите во нашата земја на 20.09.2023 година (среда) од 10:00 – 14:00 часот. Цел на обуката Усогласувањето со Законот за заштита на личните податоци (ЗЗЛП) гради доверба кај вашите гости и клиенти и обезбедува сигурност на обработката на личните податоци. Бидете отчетни во обработката на ...

Во текот на вчерашниот ден, врз основа на судска наредба, по насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, припадници на МВР извршија претреси на Клиниката за онкологија, како и на уште две локации во приватни станови во Скопје. Притоа беа одземени компјутери, компјутерски податоци и друга документација, кои ќе бидат предмет на анализа и вештачење. Основното јавно обвинителство Скопје и Министерството за внатрешни работи ...

Судскиот совет реагира на изјавата на министерот за правда Кренар Лога во врска со кандидатката за претседател на Основниот суд во Куманово Снежана Манева дека „ судија што не положил психолошки тест за личност и тест за интегритет, не може веднаш повторно да полага“. Советот ја информира јавноста дека на 13.07.2023 година доби допис од Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања, со кој се известува ова тело дека споменатата ...

МВР Билтен

18 минути - МИА

Скопје

-1ᴼ/-1ᴼ
1.03
86%
1014

Белград

3ᴼ/2ᴼ
4.63
60%
1006

Софија

-1ᴼ/-3ᴼ
3.09
87%
1015

Сараево

3ᴼ/3ᴼ
3.22
58%
1012

Љубљана

2ᴼ/0ᴼ
2.57
94%
996

Атина

18ᴼ/15ᴼ
3.09
57%
1012

Тирана

6ᴼ/6ᴼ
3.09
81%
1012

Подгорица

5ᴼ/2ᴼ
1.03
75%
1011
Currency

61.525

Currency

58.6819

Currency

73.8197

Currency

38.0152

Currency

41.9161

Currency

65.9923

Currency

8.058

Currency

0.58031

Currency

0.37941

Currency

0.52651

Currency

1.6957

Currency

0.6922

Алуминиум

2 $

Иридиум

147909 $

Кобалт

486 $

Никел

508086 $

Рутениум

15530 $

Калај

29 $

Сребро

992 $

Злато

85170 $

Бакар

8 $

Паладиум

32347 $

Платина

30775 $

Родиум

147909 $

Цинк

95688 $