Јавното обвинителство на Република Севера Македонија, постапувајќи по претставка од Управата за финансиска полиција, во согласност со членот 28 од Законот на јавното обвинителство, изврши надзор и увид во предмет оформен во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Надзорот е извршен од двајца јавни обвинители определени со годишниот распоред за надзор над работата на Обвинителството. Јавните обвинители ...

Правата на пациентите во користењето на здравствената заштита се уредуваат со Законот за заштитата на правата на пациентите. Во овој Закон се пропишува дека заштитата на правата на пациентите се заснова на начелата на хуманост и достапност. Овие начела подразбираат почитување на личноста на пациентот и добивање на здравствени услуги што постојано се достапни на сите пациенти подеднакво без дискриминација. Пациентот има право на грижа, лекување ...

Тихоокеанските острови загрозени од климатските промени денеска го повикаа Меѓународниот суд на правдата да донесе арбитражна одлука за правните обврски на државите за борба против климатските промени. Во изјавата објавена по минатонеделниот самит во Сува, лидерите на Пацификот упатија заеднички повик до Хашкиот суд да ги разјасни обврските на државите „да ги заштитат правата на сегашните и идните генерации од негативните ефекти на климатските ...

Во глобални рамки, централните банки забрзано работат на истражување за воведување сопствени дигитални валути. Во следниот период, централните банки веројатно ќе му се посветат на развојот на целокупниот екосистем потребен за поддршка на националните дигитални валути. Народната банка им се приклучува на овие трендови преку веќе најавените првични активности за истражување на потребата и можностите за воведување дигитален денар, пишува ...

Советот за Отворено судство денеска во Врховниот суд на Република Северна Македонија ја одржа својата втора седница на која беше усвоен Деловникот за работа на Советот за Отворено судство. На денешната седница за ко-претседатели на Советот за Отворено судство беа избрани Беса Адеми, претседател на Врховниот суд на Република Северна Македонија и Жарко Хаџи – Зафиров од Центарот за правни истражувања и анализи. Во своето обраќање претседателката ...

По се зачестените напади и континуирано деградирање на позицијата на новинарите и медиумските екипи за време на протестите Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) смета дека е неопходно уште еднаш да ја нагласи потребата тие да бидат почитувани и заштитени. Тоа го очекуваме и од припадниците на МВР, од институциите, од партиите, но и од самите учесници на протестите. Почитувани, новинарите, фото и видео – репортерите се ...

Државниот завод за ревизија ја финализираше Годишната програма за работа за 2021 година, доставувајќи го Годишниот извештај за извршените ревизии и за работата на Државниот завод за ревизија за 2021 година до Собранието на Република Северна Македонија. Годишниот извештај за 2021 година содржи важни информации за работата и успешноста на Државниот завод за ревизија во исполнувањето на своите уставни и законски обврски, во согласност со ...

Министерството за труд и социјална политика во Собранието на РСМ поднесе измени на Законот за работните односи. Измените се поднесени по скратена постапка и со европско знаменце. „Измените на Законот за работни односи се предлагаат во делот на престанок на договорот за вработување, со предвидување на исклучок за судиите и јавните обвинители и предвидување одредби за продолжување на нивниот мандат. Временската важност на овие одредби ќе трае ...

Основниот Кривичен Суд Скопје на 30.05.2022 година донесе пресуда со која го прогласи обвинетиот Г.П., униформиран полициски службеник вработен во СВР Битола за виновен и го осуди на казна затвор во траење од една година. Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и Хелсиншкиот Комитет за човекови права информираат дека Основниот Кривичен Суд Скопје, по пресуда на Апелациониот суд со која беше укината првостепена пресуда, во повторно ...

Во Собранието строго се забранува употреба на сила и насилничко однесување од страна на пратеникот. Пратеникот не смее да учествува во настани со кои се загрозува безбедноста на Собранието, се пропишува во Кодексот за етичко однесување на пратениците, чија цел е зачувување и афирмирање на достоинството и угледот на Собранието и пратениците. Пратеникот во вршењето на својата функција треба да се придржува кон основните етички начела, да ја ...

На 14 јуни 2022 година се одржа редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите движења на меѓународните и на домашните финансиски пазари, како и показателите за домашната економија, во смисла на поставеноста на монетарната политика. Имајќи ги предвид најновите информации и показатели беше одлучено да се продолжи со процесот на постепено нормализирање на монетарната политика со ...

На 06.07.2022 година (среда), од 10:00 до 13:00 часот, Академик ќе одржи обука со физичко присуство на тема: „Отворени прашања во примената на Законот за општата управна постапка“. Во оваа обука ќе се даде осврт на дилемите кои најчесто се појавуваат при спроведувањето на управните постапки и начините за нивно решавање, преку практични примери. Целта на обуката е да се дадат насоки за правилно спроведување на управната постапка и донесување на ...

На 07.07.2022 година (четврток), со почеток во 10:00 часот, Академик ќе одржи онлајн советување на тема: „Обезбедување на правата на субјектите на личните податоци и нивно спроведување“. Еден од основните столбови на Законот за заштита на личните податоци е обезбедувањето транспарентност на обработката на личните податоци и обезбедување на правата на субјектите на личните податоци, односно на физичките лица, чии лични податоци се цел на ...

Адвокатската комора на Република Северна Македонија го одржа 67-то годишно Собрание на Комората. Во рамки на Собранието беа избрани членови на новиот Управен одбор на Комората, а за претседател беше избран адвокатот Љубомир Михајловски. Михајловски, кој по втор пат ја добива довербата на адвокатите за прв човек на Комората, во својот говор на отворањето на Собранието порача дека силата на адвокатурата, која во моментов брои две илјади и ...

Никола Додевски, Вие бевте 5 и пол години Претседател на Комората во кој период неподелено мислење во фелата е дека се направија многу позитивни чекори и законски измени за враќање на предметот на работата на адвокатите и соодветно наградување на адвокатската работа која што после цели 25 години доби соодветен Тарифник. Каква е положбата на адвокатите? -Адвокатурата е исклучително важен чинител за вистинско владеење на правото и за заштита на ...

,,Младите се тие кои подобро го знаат сајбер просторот, го чувствуваат како нивен, и затоа врсничката едукација и солидарност се клучни за справување со онлајн насилството’’- ова е еден од главните заклучоци од дискусијата на тема: ,,Сајбер насилство – безбедност и самоцензура”, која се одржа во социјалниот клуб Комитет, во организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права. Вовед во оваа недоволно истражена тема направи модераторката на ...

Министерот за правда Никола Тупанчески се обрати на панел дискусијата на тема,, Владеење на правото за економски раст”. Осврнувајќи се на развојот и соработката на Македонско-Германското стопанско здружение, Тупанчески рече дека на бизнисот му се потребни стабилно и предвидливо деловно опкружување, ефикасни институции, независно и транспарентно судство. Бизнисот секогаш бара правна сигурност, стабилност и континуитет, а еден од основните ...

Соопштение за медиуми од Иницијативниот одбор на Здружение на оштетени штедачи од ЕСБ После речиси две години, стечајната постапка на Еуростандард банка дојде до првата авансна распределба кон доверителите физички и правни лица. Во стечајната маса се собраа вкупно 50 милиони евра, кои се во постапка на исплата. Судскиот процес, почнувајќи од одлуката на Уставниот суд за укинување на приоритетното место за наплата на Фондот за осигурување на ...

Министерот за правда Никола Тупанчески денеска оствари средба со сите директори на затворите. Средбата се одржа во Министерството за правда а на неа присуствуваше и директорот на Управата за извршување на санкции Марјан Спасовски. На состанокот, министерот Тупанчески поединечно беше информиран од секој директор за актуелната состојба во казнено поправните установи. Констатирано е дека најголеми проблеми во затворите се преоптовареност, немање ...

На 30.06.2022 година (четврток), од 10:00 до 16:00 часот, Академик ќе одржи обука со физичко присуство на тема: „Ефективна комуникација и преговарачки вештини“. Брзиот ритам на живеење, стресот, различните очекувања и емоционалната слика за себе и за луѓето околу нас директно влијаат на нашата секојдневна интеракција со другите и начинот на кој воспоставуваме релации и комуницираме. Комуникацијата и преговарањето се вештини кои ги развиваме ...

Заради одредени објави и медиумски анализи поврзани со јавно објавената првостепената пресуда за предметот со К.бр. 2048/20 против обвинетиот Ј. В., со кои пресудата и досудената казна се споредува со други предмети кои се за сосема различно кривично дело, па така погрешно се информира јавноста, како суд сакаме да известиме дека: -Против обвинетото лице, поведена е постапка по поднесен обвинителен предлог од надлежното Јавно обвинитеслтво ...

Одделот за граѓански дела на Врховниот суд на Република Северна Македонија, постапувајќи по заклучокот на граѓанските оддели на четирите Апелациони судови во Република Северна Македонија, за расправање по правното прашање кој е активно легитимиран да поднесе тужба за регресен долг од неосигурано возило, на седницата одржана на ден 30.05.2022 година, согласно член 33 од Деловникот за работа на Врховниот суд на Република Северна Македонија, усвои ...

На 23.06.2022 година (четврток), од 10:00 до 11:30 часот, Академик ќе одржи обука со физичко присуство на тема: „Последни измени во Законот за трговските друштва – предности и можности за инвеститорите и компаниите од воведувањето конвертибилен заем“. Со најновата измена на Законот за трговските друштва се воведува можност за инвестиција во трговските друштва преку заем даден од страна на трето лице, односно инвеститор, кој подоцна се ...

Со дозвола на Фондацијата Метаморфозис, текстот го пренесуваме во целост: При секоја посета на веб-страница, првото нешто кое го воочувате е прозорчето за прифаќање на колачиња кои веб-страницата ги користи. Честопати ги прифаќате, без да им обрнете повеќе внимание, затоа што едноставно сакате да ја користите веб-страницата и да не губите време на дополнително читање. Но, што точно прифаќате и како може тоа да влијае на вашето искуство на ...

Соопштение за јавност Бизнисите се наоѓаат под голем притисок кој мора да се намали со мерки за поддршка кои ќе овозможат задржување на деловната активност и на работните места. Факт е дека на зголемување на цените е глобален тренд на кој тешко може да влијаеме, но она што може да се направи е да ја намалиме зависноста од увоз на храна и на енергенси, истакнува Трајан Ангелоски, претседател на Сојузот на стопански комори. Во однос на намалување ...

Стечајната постапка за Еуростандард банка, по многу правни лавиринти, непознаници, дилеми, вклучително и воспоставување на судска пракса по прашање кое за прв пат се појави во досегашното спроведување на стечајни постапки (Одлука на Уставниот суд со која се укина законска одредба што имаше директна примена во постапката), влегува во фаза на утврдени правила од аспект на доверителите и нивниот редослед на исплата. Имено, конечно е утврдено дека ...

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на пријавените полнолетни лица – познати сторители, во 2021 година, во споредба со 2020 година, е намален за 10.7 %. Во 2021 година, во споредба со 2020 година, бројот на осудените полнолетни лица е зголемен за 20.2 %, а бројот на обвинетите лица е зголемен за 23.2 %. Бројот на пријавените деца во судир со законот – сторители на кривични дела, во 2021 година, во споредба со 2020 година, ...

Соопштение Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против седум лица, од кои за двајца постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело – Измама во службата од член 355 став 4 во врска со став 3 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик, додека останатите се осомничени за помагање при извршување на кривичното дело. Во текот на 2021 година, првоосомничениот и ...

Претседателот Стево Пендаровски денеска го посети Уставниот суд на Република Северна Македонија на покана на претседателката на судот, Добрила Кацарска. За време на посетата, на која присуствуваа претседателот на Собранието, Талат Џафери и претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, претседателот Пендаровски беше запознаен со тековните активности на Уставниот суд и предизвиците во неговата работа. Претседателката на судот посочи на проблемите ...

Министерството за правда го објави денес Годишниот извештај за примената на Законот за бесплатна правна помош на својата веб-страница. Како што се наведува во Извештајот, активностите кои се однесуваат на бесплатната правна помош се извршуваат преку Одделението за БПП и подрачните одделенија во рамки на Секторот за бесплатна правна помош и политички систем на Министерството за правда. Одделението за бесплатна правна помош брои 5 вработени, а во ...

Скопје

5ᴼ/5ᴼ
1.03
49%
1037

Белград

4ᴼ/2ᴼ
2.06
60%
1034

Софија

4ᴼ/1ᴼ
1.54
60%
1036

Сараево

6ᴼ/6ᴼ
0.7
43%
1036

Љубљана

8ᴼ/4ᴼ
1.94
74%
1032

Атина

13ᴼ/11ᴼ
5.81
43%
1034

Тирана

9ᴼ/9ᴼ
1.03
46%
1035

Подгорица

13ᴼ/11ᴼ
0.72
37%
1036
Currency

61.525

Currency

59.0448

Currency

73.9055

Currency

38.3791

Currency

42.2337

Currency

66.0767

Currency

8.15198

Currency

0.56606

Currency

0.3815

Currency

0.5258

Currency

1.70884

Currency

0.69928

Алуминиум

2 $

Иридиум

147909 $

Кобалт

486 $

Никел

501848 $

Рутениум

15369 $

Калај

28 $

Сребро

1007 $

Злато

87324 $

Бакар

8 $

Паладиум

31961 $

Платина

30996 $

Родиум

147909 $

Цинк

95337 $