Стабилизацијата на глобалните финансиски пазари и умерениот нагорен тренд придонесоа за минимално, но позитивно придвижување и на Македонската берза. И покрај одредените знаци на закрепнување, пазарот и понатаму е под влијание на големата неизвесност поврзана со глобалните макроекономски и геополитички случувања. На светско ниво, берзите бележат благо закрепнување, поттикнато од охрабрувачките макроекономски сигнали и очекувањата за понатамошна ...

Халкбанк АД Скопје уште еднаш ја потврди својата водечка позиција во областа на дигиталната комуникација, освојувајќи три престижни признанија на годинашниот Socialize Festival – настан кој го слави креативниот дух и иновациите во дигиталниот маркетинг. Дигитален дизајн на годината за мобилната апликација Halk EZ, во соработка со Effectiva; Најдобро кратко маркетинг видео за кампањата Fidesmo Pay, со креативната поддршка на актерот Сашко Коцев; ...

Европската централна банка (ЕЦБ) разгледува потенцијална промена на својот пристап во спроведувањето на монетарната политика, со цел да овозможи побрза и пофлексибилна реакција на евентуални нарушувања во цените, пренесува „Reuters“, повикувајќи се на неименувани официјални лица вклучени во подготовките. Раководниот одбор на Европската централна банка (ЕЦБ) за првпат формално ќе дискутира за можна ревизија на стратегијата на неформална средба ...

„Народната банка спроведе навремени и соодветни монетарни и макропрудентни мерки, коишто овозможија стабилизирање на инфлацијата, одржување стабилен курс на денарот и зајакнување на финансиската стабилност. Сепак, со оглед на високата геополитичка неизвесност важно е да се продолжи со внимателни макроекономски политики, но и со натамошно јакнење на институциите. Во овој контекст од огромно значење е да се зачува независноста на централната ...

Македонски Политиколошки Форум, објави интернационален повик за доставување на академски трудови од областа на политологијата, правото и економијата. Трудовите кои ќе бидат одобрени ќе бидат објавени во електронскиот зборник на Македонски Политиколошки Форум. Право на учество имаат сите студенти и автори од земјава или странство, а трудовите задолжително мора да бидат на македонски или англиски јазик, во една од наведените области во самиот ...

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицето А.А., сопственик и управител на правниот субјект „АРМАН КОМПАНИ ДООЕЛ Скопје“, поради сериозни злоупотреби во врска со даночни обврски во периодот од 2020 до крајот на 2024 година. Според наодите од истрагата, А.А. свесно и со однапред утврдена намера, со цел да обезбеди противправна имотна корист за себе и компанијата, не ја ...

Состојбите во економијата, политиките што ги презема Владата и посветеноста во остварувањето на тие политики со цел остварување на планираниот економски раст и стабилизирање на инфлацијата се дел од темите на кои министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ќе разговара на состаноците во Вашингтон, каде што учествува на Пролетните средби на Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка. „Во Вашингтон ќе разговараме со меѓународните ...

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, која престојува во Вашинтон и учествува на Пролетните средби на ММФ и Светската банка, очекува дека проектираниот раст на економијата во нашата земја од 3,7% е реален. „Оваа криза, која носи голема неизвесност, ние како држава можеме значително да ја искористиме, во смисла на префрлање на капацитетите од европските во нашата земја. Односно, капцитетите во европските земји ќе се затвораат и ...

Со цел да понуди уште поповолни услови за финансирање на лични потреби, Стопанска банка АД – Скопје ја претставува својата нова промотивна понуда за обезбедени потрошувачки кредити, достапна до крајот на јуни 2025 година. Во рамките на понудата, за сите апликации примени во периодот од 1 март до 30 април 2025 година, клиентите добиваат: Клучни предности на кредитниот производ: Детали за кредитот: Со оваа кампања, Стопанска банка АД – Скопје уште ...

На Саемот на кариера организиран од Универзитетот Американ Колеџ Скопје, Стопанска банка АД – Скопје активно зема учество со претставници од Секторот за човечки ресурси и кадри. Преку директна комуникација со студентите, беше презентирана палетата на можности што Банката ги нуди за младите, со акцент на платената студентска пракса и можностите за вработување по завршување на студиите. Посетителите имаа можност да се информираат од прва рака за ...

Со цел постојано унапредување на платежните услуги и уште подобро корисничко искуство Комерцијална банка реализира значајна инвестиција преку имплементација на современи решенија од Oracle, водени од вештачка интелигенција. Банката ја избра платформата Oracle Banking Payments за да им овозможи на своите клиенти уште побрзи и побезбедни платежни услуги, кои се прилагодуваат на потребите на современите корисници. „Со усвојување на платформата за ...

На Денот на планетата Земја, децата на вработените во MINT Fintech Group засадија 9 нови магнолии во парк-просторот кај Офицерски дом, во соработка со надлежното општинско претпријатие во Општина Битола. Ова е третата година по ред како финтек компанијата со седиште во Битола ја реализира оваа еколошка и симболична акција, каде бројот на садници расте заедно со годините на компанијата. Првите магнолии беа засадени во срцето на градот – кај ...

Како што финансискиот свет постојано се менува, сè повеќе финансиски советници ја препознаваат вредноста од вклучување на криптовалутите во клиентските портфолија. Она што некогаш се сметаше за шпекулативнo средствo, денес дигиталните валути како Bitcoin и Ethereum стануваат неопходен дел од диверзифицираните инвестициски стратегии. Диверзификација и потенцијал за високи приноси Криптовалутите нудат уникатни придобивки од диверзификација. ...

Атлантик Група во првото тромесечие од 2025 година забележа приход од продажба во износ од 259,9 милиони евра, што во однос на истиот период лани претставува раст од 9,8%. И покрај исклучителните продажни резултати, профитабилноста е и понатаму под притисок поради рекордните цени на сировото кафе и какао, како и на дополнителните вложувања во вработените, па затоа добивката пред камата, даноци и амортизација (EBITDA) е помала за 8,7% и изнесува ...

Асоцијацијата за е-трговија на Северна Македонија (АЕТСМ), со поддршка од компанијата Visa, објавува јавен повик во рамки на иницијативата „Е-трговија: Супермоќ за локалните бизниси vol.3“. Оваа иницијатива веќе трета година по ред ги поддржува микро и малите претпријатија кои сѐ уште немаат започнато со онлајн продажба, овозможувајќи им бесплатно да отворат своја е-продавница и да ги унапредат своите дигитални вештини за е-трговија. Преку овој ...

НЛБ Банка ги информира своите клиенти дека експозитурата Куманово 1, лоцирана на Плоштад Маршал Тито бб, ќе биде привремено затворена од 2 мај до 9 јуни 2025 година, поради реновирање. За време на овој период, клиентите можат да ги користат услугите на експозитурата Куманово 2, која се наоѓа на Улица Октомвриска револуција бр. 24. На располагање на клиентите се и следните банкомати: За брз и сигурен пристап до банкарските услуги, клиентите можат ...

Групацијата БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка) активно работи на развој на нова меѓународна платформа за плаќања која ќе функционира без употреба на американскиот долар. Според најавите, овој потег може да предизвика темелна промена во глобалната финансиска архитектура и да го редефинира начинот на кој државите вршат прекугранични трансакции. Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, потврди дека новиот платен ...

Управата за јавни приходи (УЈП), во насока на обезбедување навремена и ефикасна поддршка за даночните обврзници и сметководителите, најави дека ИТ тимовите ќе работат и во попладневните часови за да овозможат непречено користење на системот за е-Даночни услуги при поднесувањето на ДДВ-04 пријавите за тековниот даночен период. Од УЈП информираат дека процесот на поднесување на ДДВ-04 се одвива без поголеми потешкотии. Заклучно со вчерашниот ден, ...

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во својот најнов извештај објавен во рамки на Пролетните средби во Вашингтон, предвидува економски раст на Северна Македонија од 3,2% за тековната 2025 година, како и за 2026 година. Позитивната проекција е придружена со проценка дека инфлацијата ќе достигне 3,4% годинава, а веќе во 2026 година ќе се намали на 2,2%, што укажува на стабилизирање на ценовниот притисок во економијата. Во регионален контекст, ММФ ...

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја ревидираше надолу својата прогноза за економскиот раст во 2025 година, предупредувајќи дека глобалната економија се соочува со „значително забавување“, главно поради зголемените фискални трошоци и политичката и трговската несигурност што преовладува на светската сцена. Во својот најнов Глобален економски изглед, ММФ предвидува раст на светската економија од 2,8%, што е за 0,5 процентни поени пониско од ...

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, ја предводат делегацијата којашто ќе ја претставува нашата земја на Пролетните средби на групацијата на Светската банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), коишто се одржуваат во Вашингтон, САД. Во состав на делегацијата учествуваат и вицегувернерите Фадил Бајрами и Ана Митреска. Гувернерката и вицегувернерите веќе остварија ...

Цените на нафтата на светските берзи повторно бележат раст, откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема намера да го разреши претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел. Оваа порака се толкува како поддршка на независноста и легитимитетот на американската централна банка, што позитивно се одрази врз довербата на инвеститорите и пазарната стабилност. Како резултат на тоа, цената на барелот на лондонскиот пазар се зголеми ...

Финансиските пазари во Азија забележаа значителен раст во средата, поттикнати од променетиот наратив на американскиот претседател Доналд Трамп во однос на Федералните резерви (ФЕД) и трговските односи со Кина. Инвеститорите позитивно реагираа на најавата дека Трамп нема намера да го отпушти гувернерот на ФЕД, Џером Пауел, потег што претходно создаде голема неизвесност и нестабилност на пазарите. Американскиот долар нагло се зајакна по оваа ...

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС), просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во февруари 2025 година изнесува 43.053 денари, што претставува зголемување од 9,6 проценти во однос на истиот месец минатата година. Овој пораст, како што објаснуваат од Државниот завод за статистика (ДЗС), се должи главно на зголемувањето на платите во неколку клучни економски сектори. Најголем раст е забележан во: Во однос на ...

Според информациите од Сојузот на синдикати на Македонија, вредноста на синдикалната минимална кошница за април 2025 година изнесува 62.691 денари, што претставува пораст од 836 денари во однос на март. Најголем дел од буџетот, односно 21.480 денари (34,3%), се однесува на трошоците за храна и пијалоци. За облека и обувки се издвоени 5.634 денари (9,0%), додека за станарина, вода, електрична енергија и греење се наменети 6.096 денари (9,7%). За ...

Советот на Народната банка на својата последна седница го усвои Годишниот извештај за 2024 година. Во Извештајот се истакна успешното остварување на целите на централната банка, што е потврдено и од најрелевантните меѓународни финансиски институции, а се согледува преку натамошното забавување на инфлацијата, одржувањето на стабилноста на девизниот курс и натамошното јакнење на финансиската стабилност. Иако условите сѐ уште се неизвесни, добрите ...

Денот на планетата Земја, кој секоја година се одбележува на 22 април, е глобален повик за заштита на животната средина и потсетник дека грижата за планетата е заедничка, неотповиклива одговорност. Токму на ова поле, Халкбанк АД Скопје се истакнува како лидер во еколошката трансформација преку својата зелена платформа – ХалкЕко. ХалкЕко не е само мобилна апликација, туку симбол на одговорно, одржливо живеење. Со едноставна, но моќна порака – ...

Цената на златото бележи силен раст и денеска, со нов скок од 2,2%, откако вчера порасна за 2,9%. Унцата злато сега се тргува по 3.500,09 американски долари, што претставува историски највисоко ниво досега. Овој раст се смета за реакција на се поголемата загриженост на инвеститорите поради зголемената економска и геополитичка нестабилност. Пазарите беа особено погодени од неодамнешниот повик на американскиот претседател Доналд Трамп до ...

Комерцијална банка со гордост ја пушти во употреба новата Интернет банка – модерен и иновативен портал за беспрекорно искуство во управувањето со личните и деловните финансии. Новата Интернет банка е создадена за да одговори на потребите на модерниот клиент, овозможувајќи му во секое време брз, едноставен и безбеден пристап до неговите финансии – каде и да се наоѓа. Со целосно нов и интуитивен изглед и со напредни функционалности, Интернет ...

Компанијата Circle, позната како креатор на стабилната криптовалута USDC (чија вредност е поврзана со американскиот долар), најави голем чекор напред во светот на дигиталните финансии со лансирање на глобална мрежа за исплати и меѓународни трансакции, со голем потенцијал и амбиција да стане сериозен конкурент на гигантите како Visa и Mastercard. Официјалното лансирање на мрежата е закажано за 22 април во Њујорк, во седиштето на компанијата. ...

weather icon

Скопје

-4ᴼ / -4ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
2.57
88%
1029
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
92%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / -2ᴼ
0.0
65%
1028
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
1.34
89%
1029
weather icon

Љубљана

0ᴼ / -3ᴼ
1.03
100%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.09
68%
1026
weather icon

Тирана

0ᴼ / 0ᴼ
3.09
86%
1026
weather icon

Подгорица

0ᴼ / 0ᴼ
2.06
86%
1028
weather icon

Букурешт

1ᴼ / 0ᴼ
3.6
92%
1028
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / 0ᴼ
3.6
97%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
5.14
71%
1027
Currency

61.55

Currency

52.4436

Currency

70.1759

Currency

34.8585

Currency

38.0297

Currency

65.7832

Currency

7.42832

Currency

0.65772

Currency

0.33645

Currency

0.52442

Currency

1.2307

Currency

0.5785

Алуминиум

2.89

Бакар

10.77

Родиум

256402.20

Злато

138244.13

Иридиум

145787.60

Паладиум

4758.31

Цинк

3.24

Сребро

1991.62

Кобалт

58.42

Платина

56365.91

Калај

42.10

Рутениум

29192.88