Извршниот директор на „Енвидија“ (Nvidia), Џенсен Хуанг, ја пофали компанијата „Дипсик“ (DeepSeek) и другите кинески учесници во истражувањата за вештачка интелигенција (ВИ) за време на неговата средба со политички и технолошки лидери во Пекинг. Хуанг изјави дека отворено-достапните кинески модели на ВИ му помагаат на остатокот од светот, за време на разговор до камин со Ванг Џијан, поранешен извршен директор на „Алибаба“ (Alibaba Group) кој ...

Републиканските конзервативци ја отфрлија дводневната блокада на криптозаконите поддржани од индустријата, отворајќи го патот за гласање во Претставничкиот дом за серија мерки поддржани од претседателот Доналд Трамп. Тврдокорните на крајот попуштија откако се соочија со притисок од Трамп во вторникот, кој ги прифати дигиталните средства и ги промовираше претстојните гласања како „Недела на криптовалути“. Сепак, лидерите на Претставничкиот ...

Претседателот Доналд Трамп на социјалната мрежа Truth Social објави дека компанијата „Кока-кола“ (Coca-Cola) се согласила да користи шеќер од шеќерна трска во своите пијалаци во САД. „Разговарав со 'Кока-кола' за користење ПРАВ ШЕЌЕР од шеќерна трска во соковите во САД, и тие се согласија на тоа“, напиша Трамп. „Сакам да им се заблагодарам на сите одговорни во 'Кока-кола' .“ Компанијата потоа издаде соопштение во кое вели: „Го цениме ...

„ЏП Морган Чејс“ (JPMorgan Chase & Co.) продолжува да се дистанцира меѓу себе и клучните конкуренти. Во првата половина од годината, пазарната вредност на банката ја надмина онаа на нејзините три најголеми конкуренти – „Банка на Америка“ (BofA), „Ситигруп“ (Citigroup) и „Велс Фарго“ (Wells Fargo) - заедно. Во тој период оствари профит од 30 милијарди долари, повеќе од двојно поголем од најблискиот конкурент, и го прошири своето водство ...

Немилосрдниот притисок на Доналд Трамп врз Џером Пауел повторно ги потресува пазарите и покренува прашања за тоа што ќе се случи следно ако претседателот го отпушти претседателот на Федералните резерви, кој е соочен со низа проблеми. Таквиот потег би бил прв во историјата на САД и речиси сигурно би предизвикал тужба и судски спор што би ги зафатил и Вашингтон и Волстрит, а на крајот би го решил Врховниот суд на САД. Последните превирања ...

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно изненади со две најави – шефот на Фед, Џером Пауел, „веројатно“ нема да биде сменет, а повеќе од 150 држави ќе се соочат со царини од 10 до 15 отсто. Трамп во средата изјави дека е „малку веројатно“ да го смени Пауел, но додаде дека таа можност сè уште постои поради „измама“. Трамп и неговите сојузници последните денови го критикуваа Пауел поради реновирањето на седиштето на Федералните ...

Банките на Волстрит беа оптимисти дека вториот мандат на Доналд Трамп ќе донесе бум во склучувањето договори. Наместо тоа, тој донесе трговски бум. Приходите од тргување во првата половина од годината кај петте најголеми банки скокнаа за 10 милијарди долари во споредба со лани и достигнаа рекордно ниво, при што царините и даночната политика предизвикаа пораст на активноста во пазарите на акции, валути и обврзници. Во меѓувреме, приходите од ...

Комисијата за заштита на конкуренцијата во Македонија (КЗК) го објави известувањето за концентрација за кое има резервирано мислење а се однесува на трансакцијата во која е вклучен и дел од „Џонсон Мети“, компанија која има своја фирма и во земјава. Имено американската компанија „Ханивел“ (Honeywell) неодамна објави дека се ќе го купи деловниот сегмент „Каталист Технолоџис“ (Catalyst Technologies) на „Џонсон Мети“ за 1,8 милијарди фунти во ...

Технолошката трансформација, за која денес сведочиме, во следните пет години ќе избрише 92 милиони работни места, а ќе создаде нови 170 милиони на глобално ниво, покажува извештајот на Светскиот економски форум, што ќе се сложите, воопшто не е наивен потрес на пазарот на труд. За турбуленциите да бидат уште поизразени, се предвидува дека до 2030 година дури 80 проценти од денешните професии ќе исчезнат или радикално ќе се променат. ...

Намалувањето на населението ќе влијае на пад на производството од околу 0,5 проценти до 2030 година, проценува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во својата последна анализа за состојбите во земјава, во која се истакнуваат големите структурни бариери во продуктивноста на работниците, ефикасноста на усогласување помеѓу работниците и фирмите и трошоците за создавање нови слободни работни места во Македонија во споредба со европските земји. ...

Прочитај повеќе Фјучерсите на американските акции скокнаа откако инфлацијата забави во јуни Фјучерс договорите поврзани со индексот S&P 500 пораснаа за 0,4 проценти до 8:46 часот наутро во Њујорк. Индексот Nasdaq 100 напредуваше за 0,6 проценти, додека индексот Cboe wfcVIX се движеше близу 16,6. пред 23 часа Отпорноста на пазарите на испит по најновите царини на Трамп за ЕУ Се очекува реакцијата на пазарите откако Трамп најави ...

Со симболично обележување на почетокот на градежните активности, денеска во близина на штипското село Љуботен, официјално започна изградбата на најголемиот ветерен парк во Македонија, инвестиција вредна над 500 милиони долари, поддржана од компанијата Алказар Енерџи Партнерс (АЕП/AEP) – водечки независен менаџер за одржливи инвестиции. Станува збор за најголемата приватна инвестиција во обновлива енергија во историјата на земјата, која ...

Биткоинот не е погоден за долгорочни инвеститори. Дигиталните средства се повеќе шпекулации отколку инвестиции. Тоа е незрела класа на средства со мала историја и без суштинска економска вредност што може да предизвика хаос во портфолијата. Тоа е мислењето на лидерите на „Вангард“(Vanguard Group), инвестициска групација која ја следи филозофијата на легендарниот Џек Богл. Оваа филозофија се заснова на верувањето дека инвеститорите треба да ...

Сè поголем број земји-членки на Европската Унија сакаат блокот да го активира својот најмоќен трговски инструмент против САД доколку двете страни не успеат да постигнат прифатлив договор до 1 август, а Доналд Трамп ја спроведе својата закана за царини од 30 проценти врз најголемиот трговски партнер на САД. Настојувањето предводено од Франција за распоредување на таканаречениот инструмент против принуда на ЕУ е поддржано од повеќе од ...

Нов модел за тарифирање на банките за извршување и порамнување на плаќањата во Македонскиот интербанкарски платен систем, донел Советот на Народната банка на вчерашната седница, соопштија оттаму. Објаснуваат дека моделот се заснова на принципите и практиките на централните банки во евросистемот за фиксни и предвидливи надоместоци според обемот на трансакциите, со што се создава простор за поедноставување и намалување на надоместоците што ...

Комисијата за заштита на конкуренцијата во Македонија (КЗК) го објави известувањето за концентрација за кое има резервирано мислење а се однесува на трансакцијата во која е вклучен и дел од „Џонсон Мети“, компанија која има своја фирма и во земјава. Имено американската компанија „Ханивел“ (Honeywell) која котира на NASDAQ неодамна објави дека се ќе го купи деловниот сегмент „Каталист Технолоџис“ (Catalyst Technologies) на „Џонсон Мети“ за 1,8 ...

„Ситигруп“ (Citigroup Inc.) размислува за издавање на сопствена стабилна монета (stablecoin), позиционирајќи ја компанијата како можен ран двигател во напорите на традиционалните банки да се прошират во криптовалути. „Разгледуваме издавање на стабилна монета на ‘Сити’, изјави извршната директорка Џејн Фрејзер на брифинг со аналитичарите околу приходите на групацијата во вторникот, додавајќи дека банката е фокусирана и на токенизирани ...

Двете водечки американски компании во областа на вештачката интелигенција, „Енвидија“ (Nvidia) и АМД (Advanced Micro Devices / AMD), добија поддршка од американската влада да ги обноват своите продажби на специјално дизајнирани чипови за вештачка интелигенција (ВИ) во Кина. Оваа одлука претставува значаен пресврт во досегашната американска политика на технолошки ограничувања кон Пекинг, воведена со цел да се контролира развојот на кинеските ...

Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека царини на фармацевтските производи најверојатно ќе бидат воведени веќе до крајот на овој месец, а дека наскоро би можеле да следат и царини на чиповите. Споменатите царини би можеле да се совпаднат со пошироките „реципрочни“ царински стапки, чие спроведување треба да започне на 1 август. Трамп навести и дека би можел да склучи трговски договори со одделни земји пред да ги воведе ...

Рударскиот гигант „Рио Тинто“ соопшти дека американските царини за неговиот алуминиум произведен во Канада генерирале бруто трошоци од над 300 милиони долари во првата половина од годината, што е уште еден знак за тоа како трговската агенда на претседателот Доналд Трамп ги потресува синџирите на снабдување со метали. Вториот најголем рудар во светот е и најголемиот производител на алуминиум во Канада и продава огромен дел од металот во САД. ...

Трговската војна на американскиот претседател Доналд Трамп со остатокот од светот е погрешен пристап за справување со нерамнотежите во глобалната економија и ќе им наштети на домаќинствата, изјави гувернерот на Банката на Англија (БОА), Ендру Бејли. Во својот годишен говор во „Меншн хаус“ (Mansion House), Бејли повика на поголема соработка меѓу земјите - особено САД и Кина - за решавање на „неодржливите“ трговски и финансиски нерамнотежи ...

Додека царинските политики на Доналд Трамп ги потресуваа пазарите речиси насекаде, на Волстрит тие им помогнаа на најголемите банки да постават рекорди. Брокерите на „ЏП Морган Чејс“ (JPMorgan Chase & Co.) го постигнаа својот најдобар втор квартал досега, додека одделот за тргување на „Ситигруп“ (Citigroup Inc.) го забележа својот најдобар резултат за истиот период во изминативе пет години. Предвидувањата на аналитичарите лесно беа ...

Пазарот на нафта во 2025 година најдобро може да се сумира со еден збор: нестабилност. Цената на суровата нафта падна за 17 проценти во изминатите 12 месеци. Аналитичарите предупредуваат дека прогнозите од Меѓународната агенција за енергија укажуваат на забавување на побарувачката за нафта во 2025 година. Главниот фактор за намалувањето на побарувачката на долг рок ќе биде забрзаната замена на нафтата во транспортот и производството на ...

Додека Европејците имаат на располагање повеќе алтернативи за превоз, за Македонците сė уште тоа не е ниту луксуз, туку едноставно невозможно, особено ако зборуваме за превоз со возови. Додека железницата во некои земји е висококонкурентна и многу користена во споредба со другите можности за превоз на патници, во Македонија нема меѓународни возови, а допрва ќе се гради брза пруга, проект за кој се очекува да ја впише земјава во ...

Компаниите поддржани од фондови за ризичен капитал во Европа се на пат да ја имаат најлошата година за прибирање средства од 2015 година наваму, бидејќи инвеститорите избегнуваат да вложуваат пари во индустрија која се соочува со слаби приноси. Фондовите за ризичен капитал со седиште во Европа собрале 5,2 милијарди евра (6,1 милијарда долари) во првата половина на 2025 година, според добавувачот на податоци „Пичбук“ (PitchBook). Прочитај ...

Фјучерсите на американските акции достигнаа максимум во денешната сесија откако трговците го поздравија извештајот што покажува дека потрошувачките цени се ладат и ги мерea изгледите за корпоративните приходи и глобалната трговија. Фјучерс договорите поврзани со индексот S&P 500 пораснаа за 0,4 проценти до 8:46 часот наутро во Њујорк. Индексот Nasdaq 100 напредуваше за 0,6 проценти, додека индексот Cboe wfcVIX се движеше близу 16,6. ...

Базичната инфлација во САД во јуни повторно изненади надолу, покажувајќи помал раст од очекуваното петти месец по ред. Според податоците на Бирото за трудова статистика, индексот на потрошувачки цени (CPI) без храна и енергија порасна 0,2 отсто на месечно ниво, додека годишниот раст изнесува 2,9 отсто. Овој послаб инфлаторен притисок се должи пред сè на падот на цените на нови и користени автомобили, кои го амортизираа влијанието на ...

И покрај целата врева околу стабилните монети, тие се далеку од тоа да станат одржлива алатка за секојдневно плаќање, според главниот директор за производи на „Мастеркард“ (Mastercard Inc.), Јорн Ламберт. „Иако технологијата што ги напојува стабилните монети ветува многу - голема брзина, достапност 24/7, ниски трошоци, програмабилност, непроменливост - само овие атрибути не се доволни за да се претвори стабилната монета во алатка за ...

Додека цената на најстарата и најголемата криптовалута достигнува нови рекорди, некои очекуваат раст и кај помалите криптовалути. Цената на биткоин во последните денови неколку пати достигна рекордни вредности и во понеделникот се движеше околу 122.000 долари по биткоин. Биковскиот тренд го следеа, повеќе или помалку, и цените на помалите криптовалути, односно таканаречените алтернативни коини (алткоини). Биткоин останува во голема предност ...

Американските 30-годишни државни обврзници паднаа трет ден по ред, туркајќи ги приносите на највисоко ниво за повеќе од еден месец пред објавувањето на клучниот извештај за инфлацијата. Обврзниците паднаа низ кривата, при што приносите на 30-годишните обврзници се искачија за околу два базични поени повисоки на околу 4,97 отсто до доцна попладне во понеделникот во Њујорк. Движењата, делумно, ги следеа другите пазари, бидејќи инвеститорите ...

weather icon

Скопје

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
75%
1016
weather icon

Белград

7ᴼ / 4ᴼ
0.51
75%
1018
weather icon

Загреб

9ᴼ / 6ᴼ
1.54
72%
1019
weather icon

Софија

5ᴼ / 3ᴼ
1.03
58%
1017
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.72
95%
1017
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 2ᴼ
0.74
90%
1020
weather icon

Атина

10ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1010
weather icon

Тирана

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
87%
1014
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
4.12
47%
1014
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
73%
1015
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
2.24
58%
1018
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.63
83%
1011
Currency

61.6317

Currency

53.2406

Currency

71.214

Currency

37.2056

Currency

38.7434

Currency

67.4118

Currency

7.73126

Currency

0.64691

Currency

0.3352

Currency

0.5235

Currency

1.20128

Currency

0.56975

Сребро

2840.84

Алуминиум

3.18

Паладиум

45911.27

Платина

60154.05

Цинк

3.07

Рутениум

56199.51

Родиум

350443.14

Бакар

10.68

Калај

43.90

Злато

166450.52

Иридиум

258288.78

Кобалт

66.14