Џанлука Ваки и Шерон Фонсека си поминаа лудо и незаборавно на фестивалот „Starlite“ во Марбеља. 56-годишниот Италијанец и неговата 28-годишна девојка се забавуваа на концертот на Ерос Рамацоти, кој се одржа во рамките на музичката манифестација. Парот сподели фотографии од оваа весела ноќ и раскажа интересна приказна. „Забавен факт: Пред околу 3 години ја добивме веста дека очекуваме ќерка. Истата таа ноќ отидовме да го гледаме нашиот добар ...

Јана Серафимова и Горан Петровски деновиве уживаат на рајска дестинација. Убавата македонска водителка сподели фотографии од одморот со својот сопруг, со кого стапи во брак пред една година. „Рај“ – напиша спортската новинарка во описот на приватниот мини албум на Instagram. Јана и Горан ја прославија првата годишнина од бракот на 19 јуни. View this post on Instagram A post shared by Goran Petrovski (@goran_petrovski) View this post on Instagram ...

Група пријатели на моќен начин го поддржаа нивниот пријател болен од рак. Добродушните момци еден по еден си ги избричија нивните глави во знак на солидарност, сакајќи да му покажат на нивниот близок другар дека не е сам во борбата со оваа опака болест. NO ONE FIGHTS ALONE: Group of friends shave their heads in solidarity with their buddy undergoing cancer treatments. Stay till the end! A beautiful & uplifting surprise. ...

Фахрие и Бурак Озчивит уживаат во летна авантура со синот Каран. Омилениот турски пар сподели фотографии од семејниот одмор. 37-годишната ѕвезда од „Кога лисјата паѓаат“ и нејзиниот 4-годишен син позираа на брод. 38-годишниот актер од „Карасевда“ пак објави фотографии на кои со Каран плива во базен. На фотографиите недостасува само второто синче на актерите, кое се роди во јануари оваа година. Фахрие и Бурак стапија во брак на 29 јуни 2017 ...

Љубовта на Ли Вилсон кон сопругата е преголема, вистинска и вечна. 70-годишниот фармер од Канзас засади 1,2 милиони сончогледи за да ја изненади саканата Рене за 50-годишнината од нивната свадба. Огромното поле од над 300.000 m2, Ли го посади со помош на нивниот син. „Па, ја славиме 50-годишнината од свадбата на 10 август и што може еден маж да ѝ купи на својата сопруга за 50-годишнината. Размислував многу за тоа, а таа отсекогаш сакаше ...

Веќе извесен период се зборува дека Хари Стајлс е во љубовна врска со Тејлор Расел, а најновите фотографии од нив само ги разгорија тие гласини. 29-годишниот пејач и 28-годишната актерка се смешкаа и разговараа на настанот за медиуми по нејзината нова театарска претстава „The Effect“. Изведувачот на „Late Night Talking“ ја запозна Тејлор и со својот добар пријател Џејмс Корден. Хари и Тејлор за првпат биле видени заедно во јуни оваа година. ...

Иако постои само две години, фестивалот на алтернативна фотографија „Зрно“, со својот сериозен пристап, голема посветеност и специфичното поле на работа-имено-благородните фотографски техники, до скоро-непознати кај нас и за оние кои се бават со фотографија, годинава, на второто издание направи сериозен исчекор во квантитетот и во квалитетот на содржините кои ги понуди на македонската публика и на меѓународна сцена. Активностите почнаа со две ...

Задоволни дечиња, неодоливи аплаузи, ентузијастички актери, простор за развивање на имагинацијата и талентите... Сето ова го одбележа 12-тото издание на Интернационалниот детски театарски фестивал „Битолино“ кое се одржа под мотото „Следи ја светлината“. Годинава публиката имаше можност да погледне 12 претстави со околу 100 учесници од 10 театри од 9 земји. Фестивалот започна со театарска работилница со наслов „Митови и легенди за Битола“ под ...

Почина Катина Иванова. Талентираната македонска актерка издиша за последен пат на 72-годишна возраст. Веста за смртта ја споделија од Македонскиот народен театар. Со огромно жалење ја споделуваме веста за заминувањето на големата Катина Иванова. Замина нашата колешка Катина Иванова, актерка која повеќе од четири децении беше дел од Македонскиот народен театар. Беше мајстор на сценска интерпретација, со истакнат сценски говор, и посебно ...

Сакате да го носите омилениот фустан без прерамки и во постудените летни денови? Во продолжение ви предлагаме стилски трик кој ќе ви покаже како да го направите тоа, а истовремено да ви биде ем топло, ем да изледате модерно и шик. Искомбинирајте го со едноставна бела или впечатлива кошула и не се плашете дека ќе погрешите. Бројни блогерки веќе го имаат пробано овој модерен изглед и добиле само комплименти. Инспирирајте се од следните модни ...

Во Србија се роди бебе тешко 6,42 килограми и долго 68 сантиметри. Мајката Сузана Кучина се породи изминатиов викенд со царски рез и на овој свет го донесе синчето Павле. Семејството воопшто не очекувало дека бебенцето ќе се роди толку големо. „По ултразвукот докторот рече дека има околу 4,2 кг“ – открила мајката. Ова е трето дете на Сузана, а прво од бракот со нејзиниот сегашен сопруг. Таа има 7-годишен син и 5-годишна ќерка од првиот брак. ...

Сиара е повторно во блажена состојба. Славната пејачка ја откри убавата вест со видео од својата силуета. Во него, музичката ѕвезда стои покрај базен и бавно танцувајќи се врати на левата страна и го покажува пораснатото стомче. „Кога ќе ме погледнеш така, правиме уште едно дете“ – се зборовите кои ги пее Сиара во песната поставена на видеото. View this post on Instagram A post shared by Ciara (@ciara) Ова е нејзино трето дете со сопругот Расел ...

Поголемиот син на Емина Јаховиќ порасна и наполни 15 години. Српската пејачка го одбележа овој ден, споделувајќи порака со посвета и фотографии од неговото детство. „Мојот прекрасен прв син Јаман, моето добро срце, моето храбро срце, мојата цел. Толку брзо стана маж, заштитник на нашето семејство, сила и мудрост. Среќен роденден Јаман 08.08.2008“ – напиша Емина во описот на фотографиите. Јаман е првото дете на Емина со поранешниот сопруг Мустафа ...

Рами Кади „нурна“ во времето на стариот Холивуд за да создаде колекција висока мода која зрачи со безвременска грациозност. Либанско-американскиот дизајнер нè враќа во класичната епоха, соединувајќи ги минатото и сегашноста низ креациите од колекцијата „Film Noir“. Неговите модни дела преплетуваат елеганција и софистицираност за да ги освојат припадничките на понежниот пол кои се стремат кон женствен изглед. „Капејќи се во безвременскиот шарм на ...

Жерар Пике и Клара Чиа Марти се редовно следени од шпанските папараци. Овојпат, тие беа уловени на улиците во Барселона, додека се упатуваа на ручек во ресторан. На фотографиите, 36-годишниот фудбалер и неговата 26-годишна девојка се држат за раце и уживаат во разговорите. Пике започна врска со Клара по разделбата со Шакира. Раскинувањето на познатиот спортист и славната Колумбијка беше проследено со огромен интерес од јавноста, бидејќи тој беше ...

Девојка дизајнираше и направи тетоважа во чест на татко ѝ, кој има Алцхајмерова болест. Откако ја дозна неговата дијагноза, Изабел Прент нацрта тетоважа за која се инспирирала од заедничките спомени. Тетоважата ја содржи неговата година на раѓање и има два брана, бидејќи тој ја научил да едри. Погледнете видео од моментот кога Изи ќе му ја покаже тетоважата на татко ѝ: @isabel.no.uh #endalz ♬ original sound - ISABEL View this post on Instagram A ...

Семејството Бекам го користи секое слободно време за да отпатува некаде. Овој пат, Викторија и Дејвид за своја дестинација за авантура ја избраа Мускока. Во Канада, 49-годишната дизајнерка и 48-годишниот поранешен спортист пристигнаа со двете деца Круз и Харпер. Тие скијаа на вода, се дружеа со пријателите и уживаа во убавата природа. И се разбира, не пропуштија да споделат фотографии од патувањето. View this post on Instagram A post shared by ...

Големо невреме зафати делови од Словенија, меѓу кои и градот Менгеш. Сите единици за спасување беа на терен за да им помагаат на оние лица кои беа во опасност. Пожарникари-доброволци спасија 22 деца заглавени во поплавената детска градинка „Гобич“, а драматичните фотографии од овој момент го обиколија регионот. На нив, добродушните мажи ги носат в раце децата завиткани во ќебиња. „Ги известуваме родителите дека успешно ги евакуиравме сите 22 ...

Синчето на Мартина Михајловска наполни една година. Македонската манекенка и нејзиниот сопруг Виктор Илоски направија голема роденденска прослава за малиот Матиас. Парот објави фотографии на Instagram на кои позира со славеникот Матиас и 4-годишната ќеркичка Алана. „Моето момче, мојот најголем благослов. Среќен роденден. Те сакам бесконечно Матиас“ – напиша Мартина, која кај нас е нарекувана и „македонската Ева Мендес“. View this post on ...

Гинекомастијата е често пореметување на ендокриниот систем, при кое се случува неканцерозно зголемување на градите кај лица од машки пол. Дојките и кај двата пола се подложни на хормонални влијанија. Секако овие влијанија се одразуваат во помала мера кај машката популација, така што и кај нив може да се појават истите болести како и кај женските гради, но многу поретко. Дојките кај мажите се рудиментен орган. Градени се од масно ткиво, мало ...

Мерјем Узерли ужива во убавините на Дубровник. 39-годишната турска актерка, која кај нас се прослави со улогата на Хурем Султан во „Величествениот“, го посети Јадранот по повод роденденот на бизнисменот Мехмет Корутук. Таа не пропушти да сподели со своите фанови фотографии и видеа од убавините на Хрватска. View this post on Instagram A post shared by meryemuzerlimeryem (@meryemuzerlimeryem) View this post on Instagram A post shared by Meryem ...

Јелена Розга синоќа ги разигра и распеа битолчани. 45-годишната пејачка одржа енергичен концерт на ракометното игралиште во Градот на конзулите. За овој настап, хрватската музичка ѕвезда избра едноставна модна комбинација со која стави акцент на долгите, тонирани нозе и изгледаше одлично. Нејзиниот стајлинг се состоеше од краток тексас шорц, црна маичка и елегантни сандали на високи потпетици. „Бижутерија“, „Ти си жеља мог живота“, „Гинем“ и „Ко ...

Бела Хадид долги години водеше исцрпувачка борба со Лајмска болест. 26-годишната девојка, која е една од најбараните манекенки во светот, сподели информации за нејзината здравствена состојба и откри дека конечно е здрава по 15-годишно невидливо страдање. Хадид објави и фотографии направени низ годините додека траело лекувањето. Малата верзија од мене која страдаше ќе се гордееше со пораснатата јас за тоа што не се откажав од себеси. Ѝ благодарам ...

Драган Стојиќевиќ е хирург од Србија кој предупредува за последиците од лупењето на кожата поради изгореници од сонце. Српскиот доктор укажува дека отстранувањето на едниот слој на кожата може да доведе до инфекција, лузни, хипо или хиперпигментација. Стојиќевиќ вели: „Оваа кожа се третира како секоја изгореница – со мелем кој служи за лечење на изгореници. Вишокот кожа, доколку започне да се одвојува може да се исече со стерилни ножици. ...

Група полицајци се собраа пред основно училиште за да го поздрават и испратат синот на нивен покоен колега на првиот училиштен ден. Таткото на малиот Рајли бил убиен на должност на 18 декември 2021 година. Па, кога Рајли требало да тргне на училиште, неговите колеги знаеја што треба да направат за да му покажат дека има голема поддршка. Тие застанаа во две редици пред училиштето во Луисвил, Кентаки, и го поздравија Рајли додека се упатуваше на ...

Традицијата на користење на растението Алое Вера за здравствени потреби е стара со векови. Уникатните здравствени придобивки на оваа билка биле препознаени и од страна на Маите, Старите Грци, Египјаните и други цивилизации кај кои користењето на листовите од билката било применувано во третмани за лекување и одржување на здравјето и убавината. Современата наука, медицината и козметологијата денес ги имаат потврдено неверојатните придобивки на ...

Никогаш не сте престари за да си ги реализирате соништата. Доказ за тоа е Марг Берг, која со стил го прослави 90-тиот роденден. Бестрашната бабичка си го исполни сонот да лета со падобран, скокајќи од авион заедно со инструктор. Возраста не ја спречи да ужива гледајќи го светот одгоре. „Беше прекрасно. Како да бев птица. Беше убаво да видам сè одгоре“ – рекла таа по слетувањето. Берг за медиумите објаснила од каде ја добила идејата за оваа ...

Елизабет Харли освојува со изгледот и на крајот од шестата деценија од животот. 58-годишната актерка со синот Демијан присуствуваше на настан на Мајорка посветен на германскиот бизнисмен Марсел Ремус. Елизабет изгледаше сензационално во црвена креација со висок шлиц и длабоко деколте. Нејзиниот син носеше син костум. Демијан е син на Елизабет од врската со бизнисменот Стив Бинг. Тој го одрече татковството тврдејќи дека имал кратка врска со ...

Криси Тиген и Џон Леџенд ги отворија вратите на нивниот прекрасен дом во Беверли Хилс. За „Architectural Digest“, 37-годишниот модел и 44-годишниот пејач ја покажаа куќата која ја претворија во магичен дом за нив и за нивните деца. „Секоја куќа којашто сме ја имале некогаш го рефлектира моментот во кој сме биле во нашите животи, како поглавје во книга“ – рече Криси за септемвриското издание на списанието. „Ова место нè привлече со светлината и ...

Габриел Хенрики поседува гласовни способности кои можат да го импресионираат секого. Талентираниот Бразилец се пријави на аудициите на „America’s Got Talent“ и одушеви со својот вокал, а особено ја освои Софија Вергара. Славната актерка не остана рамнодушна на настапот и го испрати 27-годишниот дечко директно во настапите во живо, притискајќи го златното копче. Слушнете ја неговата изведба на „Run to You“ од Витни Хјустон: Види повеќе » ...

weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
2.57
86%
1017
weather icon

Загреб

9ᴼ / 8ᴼ
1.03
78%
1018
weather icon

Софија

7ᴼ / 6ᴼ
2.57
73%
1016
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
1.0
89%
1017
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
88%
1018
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
5.14
83%
1011
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
72%
1012
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
82%
1013
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
88%
1016
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 7ᴼ
2.06
88%
1017
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
11.32
100%
1008
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
3.6
76%
1013
Currency

61.64

Currency

52.9118

Currency

70.5804

Currency

35.1533

Currency

38.273

Currency

65.8934

Currency

7.48586

Currency

0.68919

Currency

0.34063

Currency

0.5251

Currency

1.24455

Currency

0.58842

Паладиум

46361.38

Кобалт

58.42

Алуминиум

2.91

Рутениум

29192.88

Злато

134976.58

Калај

40.49

Цинк

3.22

Никел

473258.99

Иридиум

145787.60

Бакар

10.96

Сребро

1876.20

Платина

52864.82